Тропар на светиот епископ Ниски, Григориј 10 јануари / 23 јануари 2025
Словото Божјо привлекувајќи те кон Себе,
со мудрост те обдари,
о свети епископе Григорие,
венец исповеднички доби,
кога црквата од ереси ја очисти,
Нашиот личносен однос со Богочовекот Исус Христос е секогаш определен од односот спрема нашиот ближен, па кој било да е тој. Страдаме во овој свет бидејќи обземени од своето самољубие се повредуваме меѓусебно.
Се поклонувам, го славословам и величам Твоето слегување во адот, пленението на адот, разрушувањето на смртта и тридневното воскресение од гробот, и Те молам Тебе, мојот Господ: душата моја, плен на гревовите, плени ја со љубовта Твоја; умртвена-воскресни ја и избави ја од адот.
Словото Божјо привлекувајќи те кон Себе,
со мудрост те обдари,
о свети епископе Григорие,
венец исповеднички доби,
кога црквата од ереси ја очисти,
Суeтата заради oблeката пoсeбнo зeма замав вo нашeвo врeмe. Кoј нeма сo штo другo да сe гoрдee, тoј сe гoрдee сo oблeката. А oнoј кoј би имал сo нeштo другo пoдрагoцeнo oд oблeклoтo да сe гoрдee, тoј нe сe гoрдee. Какo штo златoтo нe излeгува на пoвршината на зeмјата, така ни духoвнитe врeднoсти на eдeн чoвeк нe сe пoкажуваат oднадвoр.
Ако сакаш мирот Божји и Неговата благодат да почива на тебе, не противи му се на твојот духовен отец.
Тоа што тој прави ти не знаеш, ама тој добро знае за тебе. Духовниот отец како, твој водач, секогаш работите ги гледа сеопфатно, однапред и одозгора; а ти еднострано преку очите на твоите страсти. Додека ти не знаеш...
Нам ни е многу важно за правилно поимање појаснувањето на прашањето - во каква мера може свети Григориј Палама да биде разгледуван како традиционален црковен богослов, во кои теченија на аскетската и богословска мисла на Православната Црква тој припаѓа и што ново е внесено со него во ризницата на црковното богословење. За жал, во ова прашање полемичкиот или, напротив, апологетскиот пристап кон предметот силно
И сега велам дека за сѐ постои решение. Кое е тоа решение? Не знам кое е, кај секој е различно. Но, не е такво какво што си го претставуваш ти, туку како што Бог ти го испраќа. Кога ќе стигнеш до работ на бездната, или кога ќе го допреш дното, ќе дојде некакво решение во твојот живот. Невозможно е Бог да ме остави без помош, макар и во последниот миг. Кога преживуваме некаква трагедија, во мигот на болката го забораваме сето тоа
Светлината која се покажа на лицето твое
ја истера темнината на незнаењето,
о, Полиевкте блажен ученику на Љубовта Божја,
тебе кого Христос Го улови преку застапништвото на братот,
те молиме по твоите свети молитви
Во предговорот на книгата, викарниот Епископ г. Јаков Полјански на децата им порача: „Прочитајте ја книгата и одберете си омилен светител, кому секој ден ќе му се молите да биде ваш соборец и да ве крепи и заштитува. Сите овие светилници на светот се деца и пријатели Божји, и живеат во рајот и ги слушаат вашите молитви, и особено ги сакаат децата“.
„Неволјите и тешкотиите што апостол Павле ги поднесувал за проповедта ги сакал повеќе отколку што ние ги сакаме почестите; смртта ја сакал повеќе отколку што ние го сакаме животот, сиромаштијата повеќе отколку ние богатството; тагата повеќе отколку другите радоста, а молитвата за непријателот повеќе отколку другите молитвата против непријателот. Така, тој го преобраќал поредокот на нештата, или подобро кажано – ние сме го преобратиле,
Во претходните глави ние се обидовме да го изложиме учењето на свети Григориј Палама за Божеството во Неговата непостижна и недостапна надсуштина и откровението на светот преку Своите несоздадени енергии. Тие енергии се безбројни, во нив тварта реално се приопштува на Самото Божество и Бог присуствува во созданието. Едно од таквите откровенија на Божеството на светот, една од Неговите енергии е, според учењето на свети Григориј Палама,
– Затоа што немате ништо што ве сврзува. Интересите на едниот се сосема поинакви од оние на другиот – децата во денешно време го користат терминот „будалаштини“. За кратко време ќе почнеш да ѝ завидуваш и по малку ќе почнеш да се уморуваш. Не правете грешка! За среќа навреме разбраа. Зашто, најважно е да ја гледаш вистината. „Те сакам – ме сакаш“ лесно е да кажеш, но тешко е да се живее тоа. Ние учевме дека љубовта е воплотена.
Во околината на Антиохија имаше една огромна и страшна змија, која незнабожните Елини ја почитуваа како едно од своите погани Божества. И секоја година и пренесуваа по една жртва. Една чедна девојка, посебно чувана за таа пригода и ја давале на змијата да ја изеде, додека целиот народ го гледал тоа.
Во подножјето на Синајската гора, лежи една од најголемите христијански светости и најстариот манастир на светот што е населен во континуитет – манастирот Света Катарина. Овој манастир опстојува повеќе од 1500 години во срцето на Синај, благодарение на една древна и контроверзна спогодба.
Синајската гора претставува светост за сите три абрахамски вери – јудаизмот, христијанството и исламот. На оваа гора наводно Мојсеј ги добил божјите заповеди
Внатрешната чистота на душата на вистинскиот човек ја разубавува и телесната, и неговиот изглед е блажен од Божествената сладост на љубовта Божја. Покрај тоа што духовно разубавува, внатрешната убавина на душата и надворешно го осветува човекот, Божествената благодат го издава. Таа ги осветува и ги прави убави дури и парталавите алишта што ги носи облагодатениот човек Божји.
Голем молитвенику пред Господа, подвижнику во смиреномудрието,
учител на монасите во трпението, \
Георгие оче наш преподобен,
застапи се пред Бога за верните
Ете, гледаш ли дете мое, ако сум јас твој татко, мора да бидам постар од тебе. Нели е така ?
Така е драг тато. Ти си постар од мене како човек, но, како татко ти не си постар од мене, бидејќи во оној момент и час кога ти стана мој татко јас станав твој син. Затоа, тоа што е Небесниот Отец од пред вековите, и Синот мора да биде од пред вековите.
Пред Крштението, човекот е само создадена Божја творба, и како таква ја содржи само човечката природа, за него е затворена вратата на спасението. Едноставно, човечката природа сама по себе е немоќна да ја отвори таа врата. Затоа му е потребна повозвишената природа која доаѓа одозгора, и која самиот св. Јован Крстител ја најавил со зборовите: ‘Он ќе ве крсти со Дух Свети и со оган’ (Матеј, 3,11). И Претечата бил длабоко свесен за немоќта на човечката природа, велејќи:
Глас 2
Споменот на праведникот е со пофалби,
а тебе ти е доволно и сведоштвото на Господа,
Претечо, оти навистина се покажа
најпочитуван меѓу пророците,
„Нашиoт Гoспoд нeмал oбичај да збoрува прeувeличeнo. Ничии збoрoви вo свeтoт нe сe пooдмeрeни oд Нeгoвитe. Па кoга Oн вeли дeка бeз Нeгo нe мoжeмe да направимe ништo тoгаш тoа така трeба и буквалнo да гo разбeрeмe и да гo примимe. Тoј oвдe збoрува за дoбрoтo а нe за злoтo: никаквo дoбрo ниe нe мoжeмe да направимe бeз Христа, пoкрај Христа и наспрoти Христа.“
„Човечката природа Христова послужи како можност за откривање на Света Троица. Затоа, Богојавление, празникот на Христовото Крштение го славиме толку свечено: се празнува откривањето на Света Троица бидејќи се слушна гласот на Отецот, а беше присутен и Светиот Дух во вид на гулаб. “
Светлина од Светлина - Христос нашиот Бог денеска му се јавува на светот и ги осветува водите. Облекувајќи се во Јорданските води, Христос стана наше искачување кон Бога, просветлувајќи нè и изведувајќи нè од смртната сенка. Денеска, спомнувајќи си за овој голем настан на Крштението Христово, ние пак и одново учествуваме во него и Го прославуваме Бог Троица, Кој се јави и светот го просветли.