логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

Naum.na.Lit47

       Во деновиве во кои, согласно светите Канони, се причестуваме секој ден, сакам да ве потсетам на една димензија од оваа Света Тајна која како да е малку подзаборавена. Сите знаеме дека се причестуваме со Христос; притоа, нашата намера треба да биде – да Му се дадеме Нему, а не да бараме и очекуваме нешто од Него; ќе видите понатаму зошто е важен овој став.
         Она што многумина, со начинот на живот, го подзабораваат е дека во Христос сите ние – христијаните, се причестуваме и меѓу себе; така, секој еден од нас живее преку сите и сите живеат преку секого; и животот на сите станува содржина на животот на нашето срце. Но, иако меѓусебното причестување ни Го овозможува Христос, во Него, начинот на кој тоа причестување е уредено е по обратен редослед – ние прво треба да се причестиме меѓу себе, со начинот на нашиот живот, за да можеме да се причестиме и со Христос.
         Причестувањето меѓу себе значи дека кон нашите ближни треба да негуваме љубовен однос, а тоа е услов - да се причестиме и со Христос. Од каде произлегува овој заклучок? Од целото Свето Предание – усно и запишано. Доволно е да се потсетиме само на фактот дека прво треба да се собереме како Црква – љубејќи се еден со друг и едномислено исповедајќи Го Бог, за да може Христос, преку нас, да принесува и да Се принесува, т.е. да Ги свештенодејствува Своите Тело и Крв, а камоли и на реченото на други места од Неговото учење каде што, на пример, вели: „доколку сте го направиле тоа на еден од овие Мои најмали браќа, Мене сте Ми го направиле“ (Матеј 25, 40), или „па отиди и најнапред помири се со брата си, а потоа дојди и принеси го дарот, [т.е. себеси] пред жртвеникот“ (Матеј 5, 24), или „ако некој рече: ’Го сакам Бог‘, а го мрази својот брат, лажец е: оти, кој не го сака својот брат, кого го видел, како може да Го сака Бог, Кого не Го видел?“ (1 Јов. 4, 20) и слично.
         Наједноставно е да го запаметиме вака: прво се причестуваме со нашиот ближен – а пред сé, со својот Епископ, па потоа со Христос, и ако не се причестиме со својот ближен, ниту со Христос ќе се причестиме. Затоа е важно да го љубиме својот ближен и да му се даваме, не очекувајќи или барајќи нешто за возврат од него; и да си ја сочуваме својата љубов и слобода кон сите. Значи, под итно да ја отфрлиме од себе големата демонска прелест – „јас да си се причестам со Христос, а за другите не ми е грижа“; и со мисла, и со чувство, и со збор, и на дело, ако сакаме вистински да се причестиме со Христос и благодатта на Неговата Смрт и Воскресение да продејствуваат од нашето срце.
       Си мислам сега, ќе ги освести ли напишаново луѓево или уште ќе си мислат дека ќе можат да се причестуваат со Христос, истовремено – ненавидувајќи ги своите ближни? Христос Воскресе!


Митрополит Струмички г. Наум


++++++++++++++++++
Божествена Литургија со монашење во манастирот „Пресвета Богородица Елеуса“ во Велјуса.

 

 

 



Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Ноември 30, 2025
Patot.na.podviznikot53

ПРАВОСЛАВНА АСКЕТИКА ЗА МИРЈАНИ - ГЛАВА II

Самата збор „исповед“ значи дека христијанин дошол да ја раскаже, да исповеда и самиот да ги каже своите гревови. Свештеникот пред исповедта чита молитва: „Ти, како Благ и незлопамтив Господ, благоволи да ги разрешиш овие слуги Твои со Твојата реч“.

ПАТОТ НА ПОДВИЖНИКОТ ГЛАВА ОСУМНАЕСЕТА

Ное 28, 2025 Духовен Азбучник 2147
Patot.na.podviznikot45
Молитвата не завршува со утринското правило. Таа треба да трае во текот на целиот ден,…

ПАТОТ НА ПОДВИЖНИКОТ ГЛАВА СЕДУМНАЕСЕТТА

Ное 25, 2025 Духовен Азбучник 2164
Patot.na.podviznikot44
Не плаши се од сувоста во молитвата. Животворниот дожд слегува од Небето, а не од…

МИСИОНЕРСКИ ПИСМА: Владика Николај Велимировиќ 1. Писмо

Patot.na.podviznikot40
Како да Му возвратиме на Бога со љубов за љубовта, и како да се покажеме достојни на тој…

Гладни во изобилието

Ное 22, 2025 Ставови 612
Gladni.vo.izobilie
Не му е својствено да избира до избезумување меѓу стотици бесмислени варијанти на една…

Најново од духовност

Православен календар

 

25/05/2026 -понеделник

Свети Епифаниј, епископ Кипарски; Свети Герман, патријарх Цариградски; Светиот маченик Панкратиј;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите рамноапостолни Методиј и Кирил словенски  учители 24/11 мај 2026

Тропар на светите рамноапостолни Методиј и Кирил словенски учители 24/11 мај 2026

Рамноапостолни  учители на словенските земји, богомудри Кириле и Методие,Владиката на сите молете Го,

Тропар на ВОЗНЕСЕНИЕ ХРИСТОВО – СПАСОВДЕН

Тропар на ВОЗНЕСЕНИЕ ХРИСТОВО – СПАСОВДЕН

  Се врати при Својот Отец за да Го испрати при учениците Духот на Вистината. Оттогаш Христос седи од десната...

Тропар на споменот на Христовиот возљубен Апостол Јован  21 мај / 8 мај 2026

Тропар на споменот на Христовиот возљубен Апостол Јован 21 мај / 8 мај 2026

Благочестива усто на откровението, на дар сѐ доби, дарум Христос преку тебе сѐ ни предаде,да знаеме и да веруваме, да...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная