логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 

Што означува разводот? Наша неспособност да љубиме. Во основа, тоа е. Едно погрешно сфаќање за бракот. Бракот не е живот послан со цвеќиња.

Внимателно прочитај ја службата на венчавањето, таму се сите елементи и сите претпоставки, кои, ако ги живееш, ќе ја достигнеш полнотата на твојата врска. Црквата уште на почетокот ни го покажува патот: „Благословено е Царството на Отецот…“ И во тој миг свештеникот го изобразува знакот на крстот со Евангелието. Што значи тоа? Во основа, три нешта.

Знаете ли, деца мои, на каде одите? Не сте тргнале во непознат правец со чамецот на надежта. Сте тргнале кон Царството Божјо. Ова е патот на бракот.

Кој е вашиот раководител на овој пат? Светото Евангелие.

Каков е вашиот пат? Крстоносен (распнувачки)!

Им велам на паровите кои ги венчавам: „Деца мои, знајте го тоа, дека денес треба да умрете, треба да умре вашиот егоизам. Секој од вас тргнал од својот дом и сте дошле овде, и сега заминувате оттука во еден нов дом. Многу убаво. Што значи сето тоа? Секој треба да го напушти своето јас. Она што бил досега. И овде благодатта Божја ве соедини“.

Гледате, во еден момент ги соединуваме рацете и им велам: „Сте виделе ли два клуча, соединети во една алка? Каде и да се, секогаш ќе бидат заедно. Во џебот ли се наоѓаат, или паднале на патот, или сме ги фрлиле во морето, секогаш ќе бидат заедно. Бидејќи ги соединува една алка. Но ако излезат од алката, тогаш прашање на среќа е дали ќе останат и двајцата заедно. Која е алката? Благодатта Божја. Ставете ги вашите раце, ставете ги вашите срца во рацете Божји. Бог не нѐ зема насила, ја пружа Неговата рака и ако вие со своја волја ги ставите вашите раце, Бог ќе ве соедини во една заедница, совршена и света и така ќе чекорите напред“.

Кога се воведе граѓанскиот брак, јас прославував. Си реков, „конечно, ќе го избегнам измачувањето да венчавам луѓе кои не знаат што прават“. Оди си во Општината или било каде. Но не овде! Зашто ова место (храмот) е за оние кои знаат што сакаат и веруваат во она што го прават. Еден развод може да има многу поводи, но малку причини.

Како се подготвуваат двајца млади за да се земат? Оттаму ќе сфатиш каков ќе биде нивниот тек. Колку добро се познаваат? Или колку длабоко не се знаат? Многу пати сум ја чул забелешката: „Не беше така на почетокот“. Така било, чедо мое, само ти не си го/ја видел/а добро. Веридбата не е еден глупав период, во кој ќе гледаме да си поминеме добро. Тоа е токму еден период кога луѓето зборуваат сериозно за нивната иднина, гледаат дали се согласуваат, дали си одговараат, дали имаат иста насока во животот, понекогаш дури и во оние работи, кои изгледаат поплитки, полесни. Еднаш им велев на еден пар, кои беа во врска:

– Деца, разделете се сега, зашто утре ќе се разведете.

– Ама зошто?

– Затоа што немате ништо што ве сврзува. Интересите на едниот се сосема поинакви од оние на другиот – децата во денешно време го користат терминот „будалаштини“. За кратко време ќе почнеш да ѝ завидуваш и по малку ќе почнеш да се уморуваш. Не правете грешка! За среќа навреме разбраа. Зашто, најважно е да ја гледаш вистината. „Те сакам – ме сакаш“ лесно е да кажеш, но тешко е да се живее тоа. Ние учевме дека љубовта е воплотена. А ако не се воплотува, не се распнува, тогаш не напредува. Разводот е еден неуспех. Но, прашањето е следново: Како да се соочиме со еден развод? Да се научиме од нашите грешки? Разбравме ли зошто сме стасале дотаму? Пред сѐ, имаме ли свест дека сме претрпеле неуспех? И неслучајно не сме успеале, не сме успеале од конкретни причини, јасни и видливи, или веруваме дека виновен е само другиот?

На паровите кои се венчаваат им пожелувам: „Деца мои, ви посакувам да научите во вашиот живот секогаш и двајцата да сте виновни. Зашто, ако верувате дека е виновен само другиот, нешто не е во ред меѓу вас. Се женам – означува, го примам другиот каков што е, затоа што го сакам. Се женам – значи дека се борам, правам сѐ за да го израдувам оној кого го љубам. Меѓутоа, постои еден заеднички пат на двајцата, т.е. тоа што едниот ме прифаќа, не создава прибежиште за мојот егоизам, штом ме прифаќа онаков каков што сум. Те прифаќа затоа што те љуби, а ти љубиш ли? Тогаш, поправи се. Тогаш, штом гледаш дека нешто му пречи на другиот, поправи го тоа. Кога слушам како велат: „Јас сум таков/таква, и не се менувам“, им велам: „Погрешно сте се ожениле, зашто кога некој љуби, се менува: „Не се менувам – значи, не љубам“. Сѐ друго е вишок.

Митрополит Павле Сисаниски (+2019)

Превод од грчки јазик: Свештеник Јани Мулев

Извор:    https://crkvaveles.wordpress.com/2019/01/17/zoshto-razvodi/?fbclid=IwAR3IalSmc7xl-8Wbg01ahlwE-psx3pzgFcbfFl4Lg-KExncb_IGjI6e2YlY

 

 

 

 



Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Беседи

Митрополит Струмички Наум: ...Меѓу нашиот расеан ум и нашето затворено срце

Митрополит Струмички Наум: ...Меѓу нашиот расеан ум и нашето затворено срце

           Деца, од моментот кога имаме иста, православна, вера и исто, вистинско, Апостолско Преемство, расколот е на друго место – не е помеѓу Помесните православни цркви. Расколот е само внатре...

Митрополит Струмички Наум: БОГОЈАВЛЕНИЕ - ОТКЛУЧУВАЊЕ НА КАПАЦИТЕТОТ НА ЛИЧНОСТА

Митрополит Струмички Наум: БОГОЈАВЛЕНИЕ - ОТКЛУЧУВАЊЕ НА КАПАЦИТЕТОТ НА ЛИЧНОСТА

 Бог го создаде човекот според Својот образ и подобие, т.е. како личност. Што точно, колку што може да сфатиме, значи тоа? Прво, образот Божји значи - совршена слобода, а подобието...

Митрополит Струмички г. Наум: КАКВО Е ЗНАЧЕЊЕТО НА МОЈОТ ЗБОР?

Митрополит Струмички г. Наум: КАКВО Е ЗНАЧЕЊЕТО НА МОЈОТ ЗБОР?

Зборот на еден Епископ на Црквата Божја, на оној, не што Го заменува Христос, туку кој е икона Христова – на место и во обличје Христово; оти Богочовекот Исус Христос...

Извлекување од длабочината на тагата

Извлекување од длабочината на тагата

 Паѓањето во преголема тага и очајание, не е љубов кон оној ближен што сме го изгубиле, туку своевидно изневерување – од перспектива на Царството Небесно. Начинот на нашиот живот –...

 Митрополит Струмички г. Наум: Пречки или предности при молитвата

Митрополит Струмички г. Наум: Пречки или предности при молитвата

Тоа се, на пример, топлината на срцето, восогласеноста на дишењето со изговарањето на зборовите на молитвата и затвореноста или отвореноста на срцето за молитвата. Со овие три појави, вообичаено, се...

Рождество Христово

Рождество Христово

Сите ние – христијаните, знаеме дека светата Литургија е сржта на нашето постоење во овој свет и век. Целиот наш живот е, или треба да е, една света Литургија. Богочовекот...

Божикно послание (06.01.2026)

Живееме во свет во којшто има неправди и беззаконие, каде што не само што не се почитуваат Христовите заповеди, туку и владеат норми најдиректно спротивни на нив. Но да не...

о.Жарко Ѓорѓиевски: Пред Рождество Христово (Мт. Зач. 1)

о.Жарко Ѓорѓиевски: Пред Рождество Христово (Мт. Зач. 1)

Во овие светли денови на соборно прославување на Христовото раѓање, непрестајно да Му благодариме на Бога Отецот, Кој покажа бескрајна љубов кон нас, па и ние да направиме јасли во...

« »

Православен календар

 

31/01/2026 - сабота

+Свети Атанасиј Велики, архиепископ Алесандриски; +Свети Кирил Александриски; Свети Максим, архиепископ Влахозадпланински;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот исповедник Марко Ефески  1 февруари/ 19 јануари  2026

Тропар на светиот исповедник Марко Ефески 1 февруари/ 19 јануари 2026

Храброста твоја Марко свети исповедниче,смелост пред Бога измоли,да посведочиш дека единствена вистина, е самата Вистина подарена, на твојата душа Богољубива.Силен факел...

Тропар на светите архиепископи Атанасиј и Кирил Александриски 31 јануари/18 јануари   2026

Тропар на светите архиепископи Атанасиј и Кирил Александриски 31 јануари/18 јануари 2026

Делата засветлија во Православиетосо нив го замолкнавте злословието,победоносци станавте,ги обогативте сите со благочестие,и Црквата ја украсивте,

Тропар на светиот цар Теодосиј Велики 30 јануари/17 јануари  2026

Тропар на светиот цар Теодосиј Велики 30 јануари/17 јануари 2026

Порфирата царска ја прифати како предвесник на вистинскиот сјај,на ангелските одори во небесното царство,о Теодосие смирен слуго Божји,Духот разум ти...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная