Старец Емилијан Симонопетритски
Не постои човек, кој не може да стане светител, доволно е да биде малку јунак, да има природност, малку човечко во себе, мир, прифаќање, значи да го прифаќа сето она што го снаоѓа во животот, да не паѓа во агонија поради што било. Ниту за себе, ниту за Црквата, ниту за општеството, ниту за времињата.
Ние христијаните имаме разни помисли, и чувствуваме дека се губиме, дека сме во опасност.