Ако си паметен за тебе нема неуспех. И да доживееш некаков неуспех, тоа ќе биде - „конструктивен неуспех", од кој учиш како да успееш.
Клучно за секој успех е да се издржи кризата што се сретнува на патот. Бидејќи се работи за сила во областа на душевно - духовното, неа секогаш ја имаме, проблемот се целта, мотивацијата и волјата.
Секоја криза се случува за духовно се издигнеш над работите, а не да пропаднеш.
Не секое дело го краси крајот.
Ако сакаш сонот да ти се оствари, поврзи го со реалноста.
Сонувај со умот во срцето, не со срцето во умот.
Има непремостлива разлика.
~ дедо Наум
Извор:
***
***
Константин Вучковски
17ти јануари 2020 лето Господово