Нашиот личносен однос со Богочовекот Исус Христос е секогаш определен од односот спрема нашиот ближен, па кој било да е тој. Страдаме во овој свет бидејќи обземени од своето самољубие се повредуваме меѓусебно.
Се поклонувам, го славословам и величам Твоето слегување во адот, пленението на адот, разрушувањето на смртта и тридневното воскресение од гробот, и Те молам Тебе, мојот Господ: душата моја, плен на гревовите, плени ја со љубовта Твоја; умртвена-воскресни ја и избави ја од адот.
„Кога некој од браќата има негативни помисли, мораме внимателно, со љубов и смирение да се обидеме да го поправиме. Должни сме да го поправиме. Наместо да се обидат да ги исправат погрешните помисли, денес многу луѓе, вклучувајќи, за жал и некои од нашите духовни отци, се согласуваат со нив, па дури и ги уништуваат добрите помисли. Ќе ви посочам еден пример за да сфатите како постапуваат:
Денес, на 4 февруари, чествувајќи ја 149 годишнината од раѓањето на водачот и идеологот на македонската револуционерна борба Гоце Делчев, Архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан во сослужување на свештеници од Скопската епархија отслужи Панихида пред неговиот гроб во дворот на црквата Свето Вознесение – Св. Спас на Кале.
1. Љубовта е благо расположение на душата, во кое таа ништо од постоечкото не му го претпоставува на познанието на Бога. Но, оној кој е пристрасен кон нешто земно, не е возможно да се здобие со таква љубов.
2. Љубовта се раѓа од бестрастието, бестрастието од надежта во Бога, надежта од трпението и
Гноми постои и е поврзана со создадената ипостас, односно со човечката личност. Со овој термин се означува слободната падната волја на создадената ипостас – која, колебајќи се помеѓу доброто и злото, често се приклонува кон второто, го избира злото. Ипостаста, т.е. личноста на човекот, е таа што избира.
“Кој живее под закрилата на Севишниот, тој престојува во домот на небескиот Бог. И ќе Му рече на Господа: Ти си мој застапник, Ти си мое пребивалиште, Бог мој, и на тебе ќе се надевам!“
Овие псаломски зборови што се читаат на почетокот од Панихидата, силно ја изразуваат нашата надеж дека...
Понекогаш дејствувањето на молитвата ни се чини премногу споро, несразмерно со нашето кусотрајно постоење, и повикот јачи во градите: ’Побрзај!’ Се случува на нашиот повик да не ни возврати веднаш. Како плод на дрво, Бог нашата душа ја остава сонцето да ја пече, ледени и врели ветрови да ја бијат, да се мачи од жед и да трпи под порој на дождови.
Врската со Бога, она што ние го нарекуваме духовен живот, е толку едноставна и радосна, но ние ја правиме толку комплицирана и заморна, мачна и неспокојна, исполнета со вина, стравови, конфузија, негативност и роптање. И сето тоа затворено во еден израз: егоизам. Да, тоа е гордост и егоизам. Затоа што сакаме да контролираме сè, да одредиме се и да победиме во се. Бог во нашиот џеб а спасението во нашите придобивки.
Кога душата е во љубовта Божја, о, колку е тогаш сè добро, колку е сè мило и весело. Но, и при љубовта Божја постои тага. И колку е поголема љубовта, толку е поголема и тагата. Божјата Мајка никогаш не згреши ниту со една помисла, и никогаш не ја губеше благодатта. Но, и Таа многу тагуваше. А кога стоеше под Крстот, Нејзината тага беше безмерна како океан и маките на
На самиот крај на споредниот пат за Александрија имаше работилница. Стар чевлар со обичен изглед, едноставен и не многу зборлест, држеше во рацете чевел и внимателно го крпеше.
„Благослови“, му рече чевларот на скромниот монах.
„Бог да те благослови“, исто така едноставно одговори Антониј Велики.
На 30.01.2020 Вечерна богослужба на празникот св.Атанасиј во Лешочкиот манастир богослужеше надлежниот митрополит Тетовско-гостиварски г. Јосиф во сослужение на свештенството на Тетовско-гостиварската епархија. По вечерната богослужба беше осветен новиот конак на западниот дел од манастирот. Со пригодна беседа се обрати митрополитот г. Јосиф кој рече дека ова е голем и радосен настан за Лешочкиот манастир...
Друг распростанет став кај младите е дека од животот треба да се земе сé. Кога почнуваш да разговараш со нив и да ги испрашуваш што по нивно мислење е љубов, сфаќаш дека љубовта за нив подразбира честа промена на сексуалните партнери. Коклу само варијанти ќе се наслушаш. "Мене ми е потребно да го најдам својот човек" - говорат некои. Една моја студентка изјави дека ú
Треба да знаете дека како што бебето, кога ќе излезе од мајчината утроба, несвесно го чувствува овој воздух и во истиот миг почнува да да плаче, така и оној што се родил од горе и што од овој свет излегол како од мрачна утроба и влегол во умна и небесна Светлина, и на некој начин на кратко ѕирнал во неа, веднаш се исполнува со неискажлива радост и пролева сози без болка, се разбира сфаќајќи,
Сакај ги повеќе прекорот и навредите, отколку почитувањето и честа; сакај го повеќе уморот на телото и недостатокот на потребни работи отколку вишокот на излишните.
Кога си во црква не мисли на световните работи, ниту за тоа како ќе ги уредиш своите земни работи.
- Кај тебе главниот проблем е што имаш премногу мисли .Еве , ќе ти кажам еден пример како да не мислиш премногу : Кога ќе се сетиш на нешто што треба да го направиш наредниот ден , одговори и на помислата : "Таа работа не е за денес , ќе мислам за неа утре ". Исто така , кога треба да донесеш одлука за нешто , не размислувај како да го најдеш најдоброто решение и постојано да ја одложуваш конечната одлука.
Сѐ нешто чекаме да се случи, па да преземеме некакви конкретни чекори кон подобрување на нашиот духовен живот. На пример, подобри услови за молитва.
Или, чекаме работите во нашиот живот да станат поедноставни и полесни, па да преземеме нешто, во правец на негово подобрување.
Или, чекаме да ни помине мрзата, па да почнеме да работиме на нешто.
Нашето спасение може да се спореди со семето. Како што земјоделците најпрво ја обработуваат (украсуваат) земјата со плугот, па потоа сеат семе, така и ние би требало најпрво да се украсиме и подготвиме за примањето на небесното семе, односно зборовите на духовното учење. Ние не сме мртва и бесчуствителна земја што други ќе ја обработат и подготват да го прими семето, туку