логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

Oтците подвижници инсистираат да ставиме една полезна бариера на јазикот. Авва Амон вели дека горењето на срцето, духовната топлина се гаси поради завлекувањето со суетни зборови. Човек не може да има умилителна и чиста молитва навечер, ако цел ден го озборува целиот град. Суетното зборување го нарушува вниманието, ја намалува енергијата, го задржува духовното возвишување, го попречува мирот. Поучи ги другите со својот живот, велеше еден старец, а не со своите зборови. Свети Ефрем Сирин честопати повторува дека оној што сака многу да зборува, отвора фронтови и ќе води војна со омразата; оној што ги мери своите зборови наскоро ќе биде засакан. Свети Нил Подвижник многу добро знае што зборува кога вели: „Бескрајното многусловие ќе те натажи и ќе ги раздразни демоните. Јазикот уништил многу суетни“.

    Подвижниците не ја затворале вратата од својата ќелија, туку својата уста. Митарот во параболата бил оправдан за својата тивка молитва, како и крвоточивата жена. Зборувај малку и разбирај многу, повторно вели Свети Нил Подвижник. Со една чаша вода, со две лепти, со едно „Господи помилуј“ – човек може да се спаси. Не е потребно постојано да зборуваш многу работи. Просветленото молчание на монасите може да го поучи многу разговорливиот свет. Светот не го разбира монаштвото. Смета дека тоа со ништо не придонесува. Не пречи. Монасите само да се молат. Тоа е доволно. Светот ќе се спаси само по големата Божја милост.

Свети Јован Лествичник, авторот на познатата Лествица, мудро зборува за многусловието: „мора да ја видиме причината од која влегува и излегува гревот на празнословието. Многусловието е сцена каде суетата сака да се појавува и свечено да се прикажува. Многусловието е признак на неразумност, врата на клеветата, водач кон потсмевот, слуга на лагата, уништување на срдечното умиление, повикување на унинието, претходник на сонот, расејување на вниманието“.

Спротивно на тоа, големиот преподобен отец го восхфалува молчанието, велејќи: „молчанието, кое се изведува со свест и разум, е мајка на молитвата“.


Молчанието, вели преподобниот, е другар на безмолвието. Тоа се развива и процветува во безмолвие. Во 21 век – век на постојан шум, многубројни грижи, проблеми и опасности – против безмолвието се води систематска војна. Таканаречените средства за информации повеќе вознемируваат отколку што се пријатни за современиот човек. Постои духовна конфузија, постојано расејување на умот, така што силите на душата се парализираат. Христос, вечниот Првообраз на сите нас, честопати се повлекувал во безмолвие во пустината, покажувајќи го патот на аскезата, кон созерцание, кон собирање на мислите, на молчанието, на осаменост, а не кон изолација. Овој пат особено го засакале подвижниците, бивајќи безгрижни, нерасеани, молчаливи, со ненаситен копнеж за средба со Бога.

Со право ќе имате недоумица и ќе ми речете: „Но, отец, сето ова е многу добро, но дали е можно некогаш на овој свет да се препуштиш на безмолвие и да замолчиме?“ Одговорот е потврден. Да, можете, ако сакате, ако длабоко во себе го посакувате тоа. Човек може да ги ограничи социјалните контакти, активноста, известувањето, информациите, грижите, деталите. Да се ​​зголеми читањето, молитвата, одењето во храмот, собирањето на мислата и самоиспитувањето. Животот на монасите не е вонземски живот, и исихастичкиот дух на нашата Православна Црква воопшто не е за презирање. Во нашето долговековно предание Православието и исихазмот се идентификуваат. Ако Православието не го искористи своето богато исихастичко предание, усвојуваќајќи нови начини на живот под изговор на современите потреби, тоа е еднакво на негирање на неговиот идентитет. Жалосно е да се слушне дека дури и луѓето во Црквата денес велат дека исихазмот бил за минатото, а не за сега.

Црквата заслужува и мора подобро да го искористи своето богослужбено богатство. Пред сè, Светата Литургија е неисцрпен извор на сила, мир, благодат и живот. Во лоното на Црквата постои вистинското безмолвие, тишина и мир. Како што е добро кажано, „кога ќе помине денот, а ѕвоната на парохиската црква не ги повикале верниците на литургиски собир, тоа значи дека Црквата на тој ден не го исполнила своето назначување, кое не е ништо друго освен да ги утешува изморените и измачени од грев нејзини деца“ (Презвитер Спиридон Ставрис).

    Во храмот, верникот се зајакнува духовно, понекогаш без да го разбере тоа, и се храни со Светиот Дух, зајакнувајќи се во неговата секојдневна тешка борба на улица, на работа и дома. Христијанинот исто така мора да создаде ќелија во својот дом за да се одмори, да здивне, да се препушти на безмолвие, да се моли. Многу е важно да осознае дека секој ден треба да наоѓа – макар и малку – време за безмолвие. Кој и да е тој час, молејќи се, тој се облагородува, закрепнува, се разубавува, срцето му се стоплува за Бога и ближниот. Не се обеспокојува, не сака да се лути, да прави врева, да влегува во конфликт, да учествува во неволји со горчливи зборови. „Застанете и познајте дека Јас Сум Бог“, вели Светото Писмо. Врската со Христос поминува низ знаењето за „замрзнување“ и „неактивност“, но исто така, и земање на личниот крст со трпение и издржливост.

Молчанието е форма на аскеза, како и постот и воздржанието. Тропарите за време на Великиот пост често зборуваат за воздржание на јазикот и особено за вниманието кон зборовите што излегуваат од устата, кое сугерира внатрешна концентрација и воздржаност. Молчанието бара борба за да се постигне, но и задолжително Божјата благодат за да се одржи. Молчанието има потреба од соодветно место (топос), но најмногу од соодветен начин (тропос). Совршеното молчание не е само да се стремиш да не зборуваш многу, туку и смирено да не сакаш да кажеш ништо, да не претендираш, да не си вообразуваш, да не бидеш љубопитен, да не сакаш суетни нешта. Ова молчание има врска со бестрастието. Извира од богатството на мирот на срцето. Подвижникот останува тивок и ненаметлив, тој целосно Му се доверува на Бога, а неговото неотуѓиво богатство е неговата голема љубов кон Бога. Молчанието само по себе не значи ништо. Тоа има врска, поврзаност и единство со другите добродетели.

Света Гора зборува преку своето молчание, тоа е нејзиното прекрасно таинствено учење. Таа зборува преку смиреноста и кроткоста на монасите, преку умиротворението на природата, преку благодатта на богослужението. Таинствените гласови на молитвата стигнуваат како звучни пораки на усрдното барање на Божјата милост до престолот на Сецарот. Постојаната молитва ја отсликува вечната пофалба на светите ангели. Бденијата на Света Гора се одвиваат во тишината на ноќта, сред безмолвието на полноќ. Еден старец напишал: „Без совршено молчание човек не може да се искачи на ‘врвот на љубомудрието’ и да Му угоди на Бога. Зашто безмолвието ја раѓа аскезата и последователно плачот, стравот Божји, смирението, проѕорливоста, љубовта; а љубовта ја прави душата здрава и добра“ (монах Теоклит Дионисиски).

Молчанието на монасите ја означува носталгијата на нивните души кон нивната небесна татковина. Молчанието на Света Гора има врска со нејзиното живо исихастичко предание, со автентичниот аскетски пат, со необичниот начин на живот, кој е просветлен и осветлен од тајната на идниот век. Разбирате многу добро колку ме осудуваат овие зборови. Еден монах да им зборува на луѓето за молчанието, а да не стои молчалив во својата ќелија и да ги оплакува своите гревови…

Секуларизацијата и конфузијата на нашето поколение се влошува со разговорливоста. Зборот ги одделува луѓето. Мора да признаеме дека молчанието е тешко да се постигне. Што треба да правиме? Да продолжиме да го правиме она што го правиме и „што и да се случи“? Се разбира дека не. Го испробавме патот на обвиненијата, споровите, одмаздите, студенилото и дојдовме до ќорсокаци и разочарувања. Што треба да правиме? Да се довериме на Божјата благодат и сила. Да ја признаеме искрено нашата немоќ, поразот од многубројните и веројатно убави зборови. Знаете, Божјата благодат е повеќе прашање на автентичен смирен дух, отколку сурова долгогодишна борба, истражување и разговори.

Дезориентацијата во наше време создава услови за вознемиреност. Луѓето го сметаат негодувањето за природно, кавгата за генијална, поразот на другиот за право, развратот и невнимателното зборување за слобода. Сметаат дека со нивните зборови ќе повлијаат, убедат, ќе ги преобратат другите. И покрај тоа што гледајќи ги постојаните неуспеси на нивните зборови, тие продолжуваат да инсистираат на нив. Бидејќи не можеме ништо да сториме затоа што толку многу инсистираме. Нека советите, опомените, поучувањата се претворат во смирено моление, во исповед за нашата неспособност пред Семоќниот Бог. Тој да интервенира подобро од нас во тешкотиите на децата, во несогласувањата на сопружниците, во погрешните меѓучовечки односи на пријателите, во зависта меѓу работните луѓе и колегите.

Молитвата изгледа како збор, формулација на желби и лексичка форма. Но, всушност таа претставува таинствено искуство, неописливо чувство и неискажана воздишка на срцето. Се вели дека најдобри молитви се молчаливите. На крајот, верникот не прашува, не зборува, туку само слуша. Бог не бива откриен, туку Се открива. Тогаш молчи секоја човечка плот. Тој ја доживува Божјата љубов и постојано извикува со врвните и неискажани воздишки на чистото и пламнато од љубов срце.

Зборувајќи за молчанието, кажав многу работи. Простете ми! Зборував од љубов. Подобро е да почнеме поопширен разговор со Бога. Тогаш никогаш нема да доживееме осаменост. Во молитвата, ќе се просветлиме за потребните зборови што треба да ги изговориме, а ќе се отсечат излишните и непотребните. Ќе се инспирираме само за вистинските работи. Додека не стигнеме до светото и блажено молчание, до радосното и смирено затворање на јазикот и неговото ослободување единствено за пофалба на Бога и зајакнување, утеха и средба со саканите браќа, Божји чеда, повторно да молчиме скромно, тивко, благонадежно. Ви благодарам срдечно за благородното молчание и подготвеното слушање.

Тивката Молитвеница, Пресвета Богородица, нека се моли секогаш за сите нас!

✣✤✣

Избор и превод на текст: Наташа Наумоска

 

 https://bigorski.org.mk/slova/pouchni/molchanieto-koe-zboruva-tret-del/

 

 

 

 

 

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3212
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7697
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

21/12/2024 - сабота

Божикен пост (на риба)

Преп. Патапиј; Св. апостоли Состен, Аполос, Тихик, Епафродит, Онисифор, Кифа и Кесар; Св. маченици во Африка;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Исповедниче на вистината, сведоку на благодатта, проповедниче на слободата, Парамоне свети мачениче, трубо Божја за сведоштво,оправдание на твоите триста и седумдесет

Тропар на светите петнаесет Тивериополски свештеномаченици 28 ноември / 11 декември 2024

Тропар на светите петнаесет Тивериополски свештеномаченици 28 ноември / 11 декември 2024

Голема пофалба и крепост има градот Тивериски,ерарсите, свештениците и левитите: зашто откако идолската прелест ја разобличија, победници над нечестивите се...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная