логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

(Обновено)

38.machenici1
Цветници (24.04.2021 16:01)

Конечно дојде времето да се исполнат Христовите зборови за Неговото страдање и Тој доаѓа во Ерусалим. И, конечно сфаќаме дека Неговото Царство не е од овој свет: „Моето царство не е од овој свет; ако беше царството Мое од овој свет, тогаш Моите слуги би Ме бранеле...“ (Јован 18, 36). Занемува човековиот разум пред овие зборови, а срцето солзи. Кои се тие слуги?

Можноста за постоењето на првосоздадениот свет пропаѓа со Распнувањето на Христос. Овој свет Го отфрли Богочовекот и самиот себе се осуди на пропаст. Неговата историја само монотоно се повторува: од едни Христос е повторно и повторно предаван, од други е повторно и повторно распнуван, а во верните е повторно и повторно предаван и распнуван. Така ќе биде сѐ до дефинитивниот крај на овој свет и воспоставувањето на Царството Небесно наместо него.  

Предавници се секогаш славољубивото свештенство и квази верниците; распнувачи и убијци се вообичаено некои кои имаат световна сила; а Богочовекот Христос се Неговите верни (Црквата), кои правилно растат по степените на духовниот развој. Нема ништо ново под сонцето.е

38.machenici1Зошто е сето ова вака? И зошто, на пример, истите луѓе што Богочовекот Христос Го прославуваат при влезот во Ерусалим, по кратко, бараат од Пилат да Го распне наместо разбојникот Варава? Затоа што луѓето, од самољубие, сакаат да учествуваат во Неговата слава – посебно кога мислат дека таа слава е од овој свет, но не сакаат да учествуваат и во Неговото страдање. А без Крст, пак, нема ни Воскресение.

Ова однесување се должи на заробеноста на срцето од страстите, на поистоветувањето со овосветските облици на човечко здружување (држава, нација) – наместо пастирскиот пристап кон истите, па сѐ до насладата со, како и зависноста од овој свет и неговите минливи убавини.

Причината е, најјасно кажано, нашата желба за „царство овоземно“ наместо Царство Небесно. Нели го забележуваме внатре во нас тоа суптилно тежнеење, почнувајќи од себе и од нашето најтесно семејство, па сѐ до најшироката заедница, да создадеме некакво „земно царство“ за задоволување на нашите страсти – и тоа по наша мерка.

Следствено, причина е и што нашата безбедност, односно задоволувањето на животните потреби го темелиме на нешто што е надвор од Бог, а не на Него. На пример, кога нашата сигурност првенствено и суштински ја темелиме на државата, нацијата, партијата, на семејството или на некои други видови самочовечко, овосветско – најчесто политичко-бизнис групирање.

Нели забележуваме дека колку повеќе се трудиме, толку повеќе тоа „земно царство“ е сѐ подалеку и подалеку од нас? И нели забележуваме дека ќе треба веќе еднаш да одлучиме на кое царство ќе бидеме слуги – на земното или на Царството Небесно и неговата реалност? Оти на двајца господари не можеме да им служиме – не можеме да Му служиме и на Бог и на ѓаволот.

Црквата Христова и нејзините верни служители не проповедаат и не нѐ подготвуваат за „царство земно“, туку за Царство Небесно – за Царството на благодатта на Светиот Дух.

38.machenici1

Во тоа Царство Небесно, кое е, пред сѐ, внатре во нас, се влегува на два начина: или преку волев подвиг на очистување на срцето од страстите – кога Божјата благодат на Крштението ни го покажува местото на срцето каде што нашиот ум треба аскетски, а потоа и благодатно да се соедини со својата суштина и преку неа со Бог; или преку трпение – со благодарност за неволните страдања што Божјата промисла ги допушта во нашиот живот заради наше спасение.

Оние што преку доброволни подвизи или мачеништво ќе влезат преку своето очистено срце во Царството Небесно – внатре во себе, преминуваат од смрт во живот – уште сега, и на Суд нема да излезат. Тие се и слугите коишто ќе Го одбранат Христос, сведочејќи Го во сила.



Пресвета Богородице, спаси нѐ!



Митрополит Струмички Наум

Извор: МПЦ-ОА





dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3212
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7697
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

21/12/2024 - сабота

Божикен пост (на риба)

Преп. Патапиј; Св. апостоли Состен, Аполос, Тихик, Епафродит, Онисифор, Кифа и Кесар; Св. маченици во Африка;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Исповедниче на вистината, сведоку на благодатта, проповедниче на слободата, Парамоне свети мачениче, трубо Божја за сведоштво,оправдание на твоите триста и седумдесет

Тропар на светите петнаесет Тивериополски свештеномаченици 28 ноември / 11 декември 2024

Тропар на светите петнаесет Тивериополски свештеномаченици 28 ноември / 11 декември 2024

Голема пофалба и крепост има градот Тивериски,ерарсите, свештениците и левитите: зашто откако идолската прелест ја разобличија, победници над нечестивите се...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная