Божествена Литургија во храмот Рождество на Пресвета Богородица, Скопје (15.05.2021)
Нашиот личносен однос со Богочовекот Исус Христос е секогаш определен од односот спрема нашиот ближен, па кој било да е тој. Страдаме во овој свет бидејќи обземени од своето самољубие се повредуваме меѓусебно.
Се поклонувам, го славословам и величам Твоето слегување во адот, пленението на адот, разрушувањето на смртта и тридневното воскресение од гробот, и Те молам Тебе, мојот Господ: душата моја, плен на гревовите, плени ја со љубовта Твоја; умртвена-воскресни ја и избави ја од адот.
Духовниот отец се труди да им го доближи словото Божјо на оние што доаѓаат кај него. Ова слово е семе на вечниот живот. Ако биде прифатено, како што веќе рековме, тоа го расекува срцето како меч и не дава почивка; сепак, тоа го обновува целиот човек и го подготвува за царството небесно. Ова расцепување и напрегање, кои ги создава словото Божјо, никако не смеат да бидат смирени или потиснати од духовниот отец.
Денес луѓето се оптеретени со мислата како да создадат коректни и успешни односи меѓу себе. Но, тајната се крие во молитвениот подвиг на Јаков, кој го испроси Божјиот благослов. И тогаш неговиот брат Исав, кој тргна со војска за да го погуби, се покаја и го прегрна. Прво, треба да Го убедиме Бог дека сме Негови, а потоа треба да ги убедиме и срцата на луѓето околу нас.
Предметот Етика во религиите, токму поради неговиот двоен етичко-информативен карактер, од една страна има можност да даде решение за потребите на младиот човек во развој, да го поттикне на внатрешната преобразба во духот на љубовта и разбирањето, а од друга да му понуди основно знаење за културата и традицијата на другиот, со што ќе добие добра насока во неговиот живот за
Вистинските христијани на сите времиња, највнимателно се чувале од отровот на смртоносната ерес и другите лажни учења. Тие неотстапно го почитувале догматското и моралното предание на Црквата. Не само што православно верувале во Светата Троица, туку и својот живот, своите подвизи и своето однесување го насочувале кон преданието на Црквата. Карактеристична црта
Ноќ повторно наидува
во утро рано на мои очи,
ученик наместо да се надѕидува
дозволил нешто да го кочи.
Прослава чесна Небесна,
за учител се одвива
ликува Небеса, торжествува,
Црквата воскликнува.
Мрзливиoт чoвeк, всушнoст, нe e врабoтeн: тoј e врeдeн рабoтник на ѓавoлoт. Мрзливoтo тeлo и мрзливата душа сe најпoдeсна нива за ѓавoлскo oрањe и сeeњe. Антoниј Вeлики вeли: “Тeлoтo трeба да сe скрoтува и да сe врабoтува сo друг труд”.
А Eфрeм Сирин пoучува: “ Учи сe да рабoтиш за да нe сe учиш да прoсиш”.
Словото на пастирското расудување и човекољубие дозволува, па дури и наложува практикување на подвигот, под услов подвигот да не се сведи на еден вид седатив, туку да го задржи карактерот на лишување, на борба, откажување од својата волја, и жртва. И уште, Црквата на чедата свои, по економија им го дава најмалкуто од подвигот, а кога околностите и духовната зрелост на чедата ќе дозволат, ги подигнува границите на подвигот.
Да ја утврдиме во нашите срца оваа чудесна и страшна за светот, но радосна за верните, вистина: дека во целиот свет нема ништо покрепко од Крстот и побезбедно од Распнатиот. Ужасите од Голготата затоа и се расеани по целиот свет, за ние, не воочувајќи никаде безбедност, да бегаме право на Голгота, и да се фрлиме пред нозете, да се сокриеме во раните и
Христoвата љубoв штo гo надминува сeкoe знаeњe! Нe oд Бoжјиoт разум, туку oд чoвeчкиoт разум, пoмрачeн и oзлoбeн oд грeвoт. Бидeјќи Бoжјиoт разму e рамeн на Бoжјата љубoв и ниeднo нe e пoгoлeмo oд другoтo. Нo чoвeчкиoт разум, oддалeчeн oд Бoга, нe ја
разбира никакo Бoжјата љубoв прoјавeна прeку Гoспoда Исуса Христа. Бoг ги разбира луѓeтo, нo луѓeтo нe Гo разбираат Бoга.
Пасхалната благодат умножена со таинственото присуство на Победоносецот Георгиј, денес се претвори во вистинско торжество во спомен на овој славен маченик заради верата во Христа Воскреснатиот и чедо на Неговата неовоземна љубов. Свечената архиерејска Литургија ги погали
Желбата на Апостолот Тома да ги допре раните на воскреснатиот Богочовек Исус Христос не е неверие, туку природен и спасоносен копнеж на секој човек да Го познае Бог од опит, а не само од просто верување и читање книги. Затоа што, посебно, самото интелектуално знаење за Бог не ни носи сигурно спасение, а најчесто ни носи гордост,
Во Светото Писмо и во животот на Црквата и во целата содржина на верата, има многу работи кои што не можат да се сфатат со резонирање. Едноставно не можат да бидат согледани на таков начин. Тоа е исто како да се обидуваш да влезеш во некој простор преку бетонски ѕид. Ако се втурнеме во ѕидот, ќе си ја разбиеме главата. Што ни е потребно?