Скопје,18ти јули 2021 г.-храм на св.Јован Крстител, н. Капиштец
о.ЖаркоПејковски: БЕСЕДА( извадок)
„Нема сомнеж, драги браќа и сестри, Господ ја открива пред Евреите снлната вера на стотникот. Во неа има скромност и смирение, Тој - гордиот Римјанин кој зазема висока положба, познат е во градот и има потчинети војници и слуги, себе си се смета за недостоен да Го прими Спасителот под својот покрив. Но, и понатаму верува во Господовата семожност и како да Му вели на Христа: Како што јас управувам со војниците, така Ти управуваш со смртта во овој свет. Ако и кажеш на смртта дојди - таа доаѓа, и ако и кажеш оди и таа си оди. Ако му допуштиш на ѓаволот да ме искушува тој ќе дојде со сите свои сили, а ако му кажеш да си замине - тојзаминува. Јас знам, Ти си Бог, семоќен, па без да дојдеш кај мене во мојот дом, одовде можеш да го излекуваш мојот болен слуга. Само кажи збор и тој ќе оздрави. И најмалиот Твој збор е доволен, тој збор е посилен и помоќен од се. Навистина голема вера! Вера достојна за восхит! Вера која потекнува од скрушеното и смирено срце на овој незнабожец. Тоа и Самиот Господ Исус Христос го потврдил, велејќи им на присугните : Вистина ВИ велам: ни во Израилот не најдов толку Голема вера" (Матеј 8,10), сакајќи со тоа да им го посочи стотникот за поука на апостолите и на народот, за вистински пример на цврста вера. А нему му вели: "Оди си, и како што си поверувал, нека ти биде" (Матеј 8,13)! И слугата негов во истиот час оздраве. Совршено лекарство на најголемиот Лекар на светот - Спасителот наш Господ Иисус Христос, Кој лекува со збор и со допир, од непосредна близина и од далечина, барајќи од нас само да ја исповедаме верата во Него. Значи, лекот што треба да го имаме е нашата вера во Бога.
Нека таквата вера, љубов и смиреност кои се карактеристики на капернаумскиот стотник, бидат добродетели кои ќе ја оплеменат и нашата душа. Во нашите чувства и мисли сгкогаш да бидеме свесни дека нашага вера колку и да е голема е секогаш мала, па да повикуваме кон Бога: "Верувам Господи, помогни му на моето неверие". Па така украсени со духовни убавини и ние да се надеваме дека ќе ги слушнеме Христовите зборови: "Оди, и како што си поверувал нека ти биде", сега, секогаш и во вечни векови, амин.“