Божикни честитки до посетителите на ПреминПортал
Христос се раѓа, славете! Христос од небото пречекајте Го! Христос на земјата воспејте Го! Пеј Му на Господ цела земјо во радост!Пејте Му, народи, зашто се прослави!
Симптоматичен елемент е и самиот празничен поздрав. Според новиот тренд на сите либерални, т.е. лаицизирани општества, поздравот Merry Christmass, кој рака на срце и самиот е ни-вода-ни-киселина, во превод: Радосен Божиќ, Пријатен Божиќ..., веќе не е во употреба. За да не се навредат оние што не го празнуваат раѓањето Христово.
По милоста Божја, денес многумина (макар што нивниот број во последно време се проретчил) се обраќаат кон Христос, а покајанието и исправањето на животот станува насушна потреба на луѓето. Но, во денешно време на човек кој одлучил да живее нов христијански живот му е тешко, мошне тешко.
Одеднаш, на патот, го сретнале првото митарство, кое се нарекува митарство на празнословие и пцовки. Мачителите барале да се даде одговор за се што преподобна Теодора некогаш лошо зборувала, ја обвинувале за непристојно смеење, потсмев, грди песни. Сето тоа светата го заборавила зашто поминале многу години откако почнала да живее богоугоден живот. Но, ангелите ја заштитиле.
Не денес. Уште има време. Но време има толку малку! Уште малку - и стрелката ќе дојде до судбинската цртка. Зошто да одложуваме?
Бидејќи ете тука, близу, стои Некој: “Стојам пред вратата и чукам”. И ако не се плашиме да погледнеме во Него, ние би виделе таква светлина, таква ...
Секое време е погодно да се постави темел на спасителниот начин на живот. Укажувајќи на тоа, великиот Павле рече: “...дошол веќе часот, тоа да се разбудиме од сонот, оти спасението е сега поблиску до нас, отколку кога поверувавме.... да ги отфрлиме пак сите дела на мракот и да се облечеме во оружјето на светлината.
Дојди, Светлост Вистинска!
Дојди, Животе Вечен!Дојди, Таинство Скриено!
Дојди, ризнице Неименувана!
Дојди, Стварност Неизразена!
Дојди ,личност Недопирлива!
Дојди, Веселбо Вечна!
„Да се облечеш во името Христово а да не одиш по патот Хирстов – нели е тоа предавство на името Христово? (Св. Кипријан Картагенски).
Внатрешната темнина е болест на Црквата. „Црквата е тело Христово. Тоа тело е изложено на пострашни болести и зарази одошто нашето тело, брзо се повредува и бавно заздравува –
Одговара: протојереј Томе Велјанов
Што е крстот? Навидум премногу философско прашање. Прашање кое е далечно на суровото секојдневие и борбата за опстанок на секој план. Ќе повторам: навидум. Причината за тоа не лежи само во фактот дека текствов не е инспириран од некојси јубилеј од градењето или осветувањето на крстот на Водно или на некој од стотиците негови репликанти ширум нашата мила и многустрадална татковина.
"... Денес Христос во Јордан ја потопува човечката нечистотија и го измива од нас прадедовскиот грев; денес се осветува природата на водата со крштението на Господа; денес Светиот Дух слезе од небесата во вид на гулаб, и на Јован Претеча му покажа да Го познае Создателот на секоја твар и Господ; денес Бог Отец невидливо говори: 'Овој е Мојот возљубен Син, Него послушајте Го'.
Немаме бургерски бек-граунд како британците, а се обидуваме да бидеме поцинични од нив. Далеку помалку сме работливи од јапонците, но во сарказмот ги шишнавме уште за време турско. Како културен ентитет сме метузалеми, а сî уште славиме Нова година пред Божиќ.
Кога го прашале еден монах иконописец, како настанува една икона, тој одговорил:„Со помош на благодатта Божја и раката на грешникот.“
Родум од Халкидон. Татко ѝ беше сенаторот Филофрон, а мајка Теодорисија, обајцата благочестиви христијани. Ефимија беше прекрасна девица и по тело и по душа. Кога антипатот Приск устрои празник за жртвопринесување на Ареј во Халкидон, тогаш четириесет и деветмина христијани се засолнија од тоа скверно жртвопринесување и се сокрија. Но ги пронајдоа и ги изведоа пред Приск. Меѓу нив беше и Света Ефимија.
Кога надмениот Приск ги запраша зошто не ѝ се покоруваат на царската заповед, тие одговорија: „И на царската и на твојата заповед треба да ѝ се покориме, ако не Му се противи на небесниот Бог; ако пак се противи на небесниот Бог, не само што не треба да ѝ се покоруваме туку треба и да ѝ се противиме.“ Тогаш Приск ги удираше на разни маки, и тоа деветнаесет дена наред, секојдневно. Дваесеттиот ден ја одвои од останатите Ефимија и почна да ѝ ласка за нејзината убавина за да ја придобие за идолопоклонството.
Но бидејќи сите лаксања пропаднаа залудно, заповеда да ја мачат девицата. Ја мачеа прво на тркало, но ангел Божји ѝ се јави и го искрши тркалото. Потоа ја фрлија во огнена печка, но со Божја сила беше сочувана. Кога го видоа тоа, двајцата војници Виктор и Состен поверуваа во Христа, заради што беа фрлени пред ѕверовите и така славно го завршија својот живот. Потоа Ефимија беше фрлена во ров исполнет со вода и со секаква отровна нечистотија, но таа ја прекрсти водата кога влезе во ровот и остана неповредена. Најпосле ја изведоа пред дивите ѕверови, таа со благодарност Му се помоли на Бога и го предаде својот дух. Нејзините родители чесно го погребаа телото. Пострада во 304 година и се пресели во вечната радост. Се споменува и на 11 јули.