На 22-ти март 2015 година, во Неделата на свети Јован Лествичник и во спомен на 40-те Севастиски маченици, Архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан во сослужение на свештеници од Скопската епархија во храмот Св. Архангел Михаил, во скопската населба Автокоманда, отслужи Божествена Литургија на св. Василиј Велики.