На ден 22 март 2015 г кога светата Православна Црква го празнува празникот на Светите четириесет маченици во Севастија; светите славни Четириесет битолски преподобномаченици Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Европски г.Пимен отслужи света Василиева Литургија во храмот св.Кирил и Методиј во Дортмунд.
Македонскиот верен народ се пове'е и повеќе се сплотува и обединува на овие простори во иметo на нашиот Спасител Господ Исус Христос.Денес преполн беше храмот со верници кои поминуваа и по стотици километри само за да бидат околу својот отец и да добијат благослов од Неговото Високопреосвештенство о.Пимен.Повеќе верници и дечиња се причестија со светите Христови тајни.И овај пат како и секогаш не изостанаа посните специјалитети од рацете на вредните домаќинки.
Известува презвитера Анита Пецова