Скопје, 20-ти март, лето Господо 2015- храм на св. Јован Крстител, н. Аеродром
Во четвртата недела од Великиот Пост, на 20.03.2015 г, во храмот на св. Јован крстител, во скопската населба Аеродром, протоереј Зоран Стаменковиќ во сослужение на протоереј Димчо Малинов, отслужи повечерие со акатист кон Пресвета Богородица.
„Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син. Таа претрпува болка, но не се помрачува, тагува, но не очајува.
Тоа е пример на неверојатна Мајка, која нема потреба од плач, крици, губење на свеста, од женска разнежнетост и утеха. Таа добро знае, дека Нејзиниот Син се распнува доброволно, исполнувајќи ја волјата на Небесниот Отец. Таа го преживува тоа мачно Таинство во молк. Не се подигнува против жестоките распнувачи, не бара справедливост, продолжува да ја носи надежта, надминувајќи се Себеси. Колку тоа не е слично со нашето нетрпение во маките, несреќите, лишувањата и гонењата. Слабата и скромната Богомајка станува голем симбол на хероизмот, недостижен за нашата малодушност и користољубивост“.
Монах Мојсеј Светогорец
ПреминПортал (К.Т.)
Друго:
Друго:
АКАТИСТ КОН ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА
„ Оваа свечена служба содржи 12 кондаци и 12 икоси. Кондакот е кратка песна која содржи пофалба за дневниот светител или ја кажува суштината на празникот. Икосот, пак е црковна песна со која се прославува некој светител или празничен настан, Во овој случај се прославува Мајката Божја, бидејќи овие пет акатисти се посветени токму на Неа.
Секој Кондак завршува со воспевот или пофалбата: Алилуја! кое во превод зпачи: ХВАЛЕТЕ ГО ГОСПОДА А секој Икос завршува со восклик или пофалба кон Пресвета Богородица со зборовите: Радуј се, Невесто неневесна!“