Скопје, 20-ти март 2015 год.- храм на св. Јован Крстител, н. Аеродром, на празникот на свети Седум Херсонски свештеномаченици:
Василиј, Ефрем, Евгениј, Елпидиј, Агатодор, Етериј и Капитон
На 20.03.2015 година, во четвртата недела на Великиот Пост кога Македонската православна црква- Охридска архиепископија го прославува споменот наСветите Седум Херсонски свештеномаченици: Василиј, Ефрем, Евгениј, Елпидиј, Агатодор, Етериј и Капитон во храмот посветен на св. Јован Крстител, во скопската населба Аеродром, протоереј Зоран Стаменковиќ отслужи Литургија на претходноосветени дарови По Литургијата отецот произнесе празнична беседа засекогаш актуелното покајанието како темел на нашето спасение.
Старец Ефрем Филотејски
Ревносната молитва е непосредна духовна должност за зачувување на круната на добродетелите - љубовта. Подвизувајте се во молитвата доколку сакате во вас да престојува Христос и Тој, како најопитен војсководец, ќе се бори заедно со вас. Ќе се бори со вас и ќе ви ја подари победата.
Преминпортал (к.т.)