Во МАНУ промовирани четири капитални дела за македонскиот јазик
Станува збор за дела кои на иницијатива на Македонската академија на науките и уметностите и со целосна поддршка и вклученст на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“, Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ и Советот за македонски јазик, изелгоа деновиве од печат: „Македонскиот јазик - континуитет во простор и време“, колективна монографија во која што е даден синтетски преглед на историскиот развој на македонскиот јазик од IX век па се до неговата кодификација;