ОТСЕКУВАЊЕ НА ЧЕСНАТА ГЛАВА НА ЧЕСНИОТ; СЛАВЕН ПРОРОК; ПРЕТЕЧА И КРСТИТЕЛ ЈОВАН
Ученичката на селукавиот ѓавол играше и, за награда, Претечо, ја прими Твојата глава. О гозбо со крв исполнета! Подобро ќе беше за тебе да не се колнеш, беззакони Ироде, внуче на лагата. Но, иако се заколна, не за добро се заколна. Подобро ќе беше за тебе да ја прекршиш клетвата и живот да заработиш, отколку да ја одржиш и главата Претечева да ја отсечеш. А ние, пак, Крстителот, како најголем роден од жена, достојно чествувајќи го, блажен го именуваме.