логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

Во 700 цркви и манастири ќе се спроведе мониторинг на православното културно наследство

Археолошкото наоѓалиште св.40 Севастиски Маченици, манастирите во Вељуса и во Водоча, како и црковните храмови Свети Кирил и Методиј и св.15 Тивериополски свештеномаченици кои се прогласени објекти за културно наследство на Македонија, заедно со уште вкупно 700 цркви и манастири ќе бидат дел од мониторингот за православно културно наследство.

Точен увид во состојбата на зачуваноста на православните добра и потребата од заштитни интервенции на црквите и манастирите во државава е целта на мониторингот кој ќе го спроведува Националниот комитет на Меѓународниот совет за споменици и локалитети ИКОМОС Македонија, во соработка со Македонската Православна Црква – Охридска Архепископија. На настанот присуствуваше поглаварот на Македонската православна црква – Охридска Архиепископија, архиепискотот Охридски и Македонски г.г. Стефан, заедно со викарните епископи г.Климент Хераклејски и г. Јаков Стобиски.

Мониторингот ќе го спроведуваат специјалисти од областа на културното наследство, организирани во пет теренски тимови, а во увидот и проценката се опфатени 700 цркви и манастири во сите осум епархии на Македонската Православна Црква – Охридска Архепископија.
Претседателот на националниот комитет на Меѓународниот совет за споменици и локалитети – ИКОНОМОС, Кристина Бицева, на денешната презентација на проектот што се одржа во манастирот „Св. Пантелејмон“ во Нерези, истакна дека државава е исклучително богата со културно наследство, но како што рече, најпрепознатливо, највредно и најбројно е токму православното културно наследство.

– Во поновото историско милје во 18 и 19 век православните цркви и манастири продолжија да се градат во таканаречената преродбенска доба на македонската православната уметност предводена од истакнати неимари, зоографи, копаничари и иконописци кои ни оставија толку високи уметнички вредости. Токму затоа, свесни и совесни за огромното значење на ова богатство, наша задача е да го негуваме ова наследство и да ги зачуваме за идните генерации, изјави Бицева.

Поглаварот на МПЦ г.г. Стефан, вели дека тимовите ќе треба да направат попис на православното наследство, но и да ја потврдат или да предложат измена во категоризацијата на веќе попишаните предмети и објекти, како и да ја афирмираат вредноста.

. Ова создавање не само што е производ и потреба на генерациите кои творат туку станало и наследство на генерациите што следат и со тоа станало силен гарант за постоењето на еден народ или поединец за дострелите што се постигнувани, за квалитетот и важноста на постигнатото, како такво наследството не останува во тесната рамка на конкретната припадност, туку станува цивилизациска придобивка, рече архиепиоскопот г.г Стефан.

Овој проект, потенцираше, ќе претставува промотор на православната култура во државава.

-Овој проект не само што ќе придонесе за евидентирање на нашето правоиславно наследство, создавајќи база на освежени податоци, туку ќе биде и добар промотор. Ваквите крупни и сериозни потфати имаат за тенденција да ги обновуваат старото и новото давајќи перспектива и на едното и на другото, рече поглаварот на МПЦ-ОА.

Осврнувајќи се на моменталната грижа за наследството, оцени дека не е на потребното ниво.

-Неразбирливи се неангажираноста и неажурноста на надлежните институции од културата за враќањето на предметите од страна на соседните држави како на пример Албанија украдени икони и предмети од Македонија, подвлече архепиоскопот.

Мониторингот ќе го спроведуваат специјалисти од областа на културното наследство, организирани во пет теренски тимови, а во увидот и проценката се опфатени 700 цркви и манастири во сите осум епархии на Македонската Православна Црква – Охридска Архепископија.

Претседателот на националниот комитет на Меѓународниот совет за споменици и локалитети – ИКОНОМОС, Кристина Бицева, на денешната презентација на проектот што се одржа во манастирот „Св. Пантелејмон“ во Нерези, истакна дека државава е исклучително богата со културно наследство, но како што рече, најпрепознатливо, највредно и најбројно е токму православното културно наследство.

На презентацијата присуствуваше и амбасадорката на САД во Северна Македонија, Кејт Мари Брнз, која ја потенцираше поддршката за заштита на културното наследство во државава.

-Културното наследство е прашање на идентитет на тие на кои припаѓа, тимот кој работи на проектот прави огромна служба на црквата и на светот, бидејќи нивната работа ќе помогне да се поведе грижа дека секој може да научи и подобро да ги разбере овие бесценети остатоци од културното наследство пнавистина претставуваат, САД досега имаат дадено повеќе од еден и пол милион долари во изминативе 20 години за да заштитиме повеќе од 15 локации на културно наследство во Северна Македонија, рече амбасадорката Брнз.

Проектот е во целост поддржан од Центарот за културно наследство на Стејт департментот на наследството на заедниците.

 

Извор:

https://www.tiveriopol.mk/vo-700-crkvi-i-manastiri-ke-se-sprovede-monitoring-na-pravoslavnoto-kulturno-nasledstvo/?fbclid=IwAR3Eu8NGQlrFNlJ6Md16pbJ5o9xWTO53eMqj0p0ATmI2cJmj4FrL59szIfE

 

 

 

 

 

 

 

 

https://www.tiveriopol.mk/vo-700-crkvi-i-manastiri-ke-se-sprovede-monitoring-na-pravoslavnoto-kulturno-nasledstvo/?fbclid=IwAR3Eu8NGQlrFNlJ6Md16pbJ5o9xWTO53eMqj0p0ATmI2cJmj4FrL59szIfE

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Беседи

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Поради тоа, браќа, бидејќи нè очекува бесконечна мака, да се потрудиме преку подвиг да ја избегнеме, со милостина да го пречекаме бедниот и да го угостиме, примајќи го туѓинецот, гладниот...

 Митрополит Струмички Наум: Недела на слепородениот

Митрополит Струмички Наум: Недела на слепородениот

Се случија две средби помеѓу слепородениот и Христос: првата додека уште беше слеп; и втората, откако прогледа и откако Го оправда Христос пред фарисеите. И фарисеите двапати се сретнаа со...

Митрополит Струмички Наум: „Литургијата и на почетокот била Тајна Вечера, а не јавен доручек.“

Митрополит Струмички Наум: „Литургијата и на почетокот била Тајна Вечера, а не јавен доручек.“

       Така, како што веќе напишав: ниту почетокот, ниту крајот на начинот на служењето на Светата Литургија се и ќе бидат исти со денешниот – ниту некој Собор ја прогласил за...

Отец Гаврил-Беседа за Св.Методиј и Св.Кирил

Отец Гаврил-Беседа за Св.Методиј и Св.Кирил

Тогаш сфатил дека не треба да се врзува за ништо световно, и дека треба да живее единствено за Царството Небесно, односно за Бога. И навистина се оддал на богоугоден живот,...

Жарко Ѓорѓиевски: Свети апостоли Јасон и Сосинатар (Недела на раслабениот)

Жарко Ѓорѓиевски: Свети апостоли Јасон и Сосинатар (Недела на раслабениот)

Eвангелската приказна за исцелувањето на болниот човек кој поголемиот дел од својот живот беспомошно лежел покрај бањата која ја опишал светиот апостол и евангелист Јован е пример на чисто милосрдие...

Митрополит Струмички Наум: Христијанин без срце кое гори во молитва...

Митрополит Струмички Наум: Христијанин без срце кое гори во молитва...

Ако Божјите информации што доаѓаат од словото на духовниот отец, од Светото Писмо, од делата на Светите отци ги прифаќаме само на ниво на разум, без да ги прифатиме во...

Митрополит Струмички Наум: Сѐ е информација, на почетокот од сè е информацијата – Ипостасното Слово Божјо

Митрополит Струмички Наум: Сѐ е информација, на почетокот од сè е информацијата – Ипостасното Слово Божјо

Ние самите себе се осудуваме, ако со своите дела отпаднеме од Оној преку кого сме создадени и Кој е смисла на нашето постоење, од Богочовекот Христос. Сѐ е информација, нашиот...

Божествена Литургија со монашење во манастирот „Пресвета Богородица Елеуса“ во Велјуса.

Божествена Литургија со монашење во манастирот „Пресвета Богородица Елеуса“ во Велјуса.

Во деновиве во кои, согласно светите Канони, се причестуваме секој ден, сакам да ве потсетам на една димензија од оваа Света Тајна која како да е малку подзаборавена. Сите знаеме...

« »

Најнови вести

Православен календар

 

30/05/2025 - петок

Св. апостол Андроник; Светиот маченик Солохон; Св. Стефан, патријарх Цариградски;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на ВОЗНЕСЕНИЕ ХРИСТОВО – СПАСОВДЕН

Тропар на ВОЗНЕСЕНИЕ ХРИСТОВО – СПАСОВДЕН

Си се вознел во слава, Христе Боже наш, и си ги зарадувал учениците со ветувањето на Светиот Дух, а со...

Тропар на светиот слуга Христов Епифаниј Кипарски  25 мај/ 12 мај 2025

Тропар на светиот слуга Христов Епифаниј Кипарски 25 мај/ 12 мај 2025

Ливан ја залеа со мириси, патеката на твојот живот,о голем столбу на православието, ревноста по Христа ја привлече благодатта,и со...

Тропар на светите рамноапостолни Методиј и Кирил словенски  учители 24/11 мај 2025

Тропар на светите рамноапостолни Методиј и Кирил словенски учители 24/11 мај 2025

Рамноапостолни  учители на словенските земји,богомудри Кириле и Методие,Владиката на сите молете Го,да ги утврди сите словенски народи

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная