Арх. Андреј (Конанос) - Пред да станеш светител...
Кажи му едно топло „добро утро" на соседот.
Научи да пиеш кафе со твојот човек.
Смеј се со соседот.
Погледни ја новата топка на твоето дете.
Кажи му едно топло „добро утро" на соседот.
Научи да пиеш кафе со твојот човек.
Смеј се со соседот.
Погледни ја новата топка на твоето дете.
Сите ние, треба длабоко во себе да ја осознаеме нашата огревовеност и духовно несовршенство, па со срце скрушено и со мисла покајничка да посакаме да Го видиме Господа. Да ги отвориме нашите духовни очи, за да ја видиме Божјата семилостивост и љубов кон сите нас. Да Го побараме Бога во нашите души, како што Он не бара нас, кога сме загубени во гревот и злото.
Преблажени отче Гавриле, достојно си ја примил честа рамноангелна и, стоејќи пред Бога со бесплотните (сили), не заборавај нѐ и нас, кои твојот чесен спомен го славиме, туку погледни од небесата и пушти ни ја твојата светлина, та радосно да ги прославиме твоите чудеса.
Отче Гавриле чудотворче, гледајќи ги Бог твоите бројни подвизи и напори...
Самиот старец Пајсиј беше голем аскет. Си мислев, дека човек не може да живее така, како што живееше тој. Кон себе, тој, немаше никаква милост, никакво снисходење. Практично не спиеше секоја ноќ. Самиот си наложил такво послушание – од залезот до изгревот (на сонцето) се молеше сам во својата ќелија. Одмараше само по час или два по изгревањето (на сонцето).
Ние да се грижиме само за својата душа. Што се однесува до другите, да се молиме Бог да ги просвети, оти не е наше да ги разобличуваме согрешенијата на другите. Судењето Му припаѓа на Бога. Ние, црви бивајќи, како можеме да го разобличуваме другиот, кога тој е образ Божји? Господ вели ‘не ја гледаш гредата во своето, но ја забележуваш трошката во окото на својот брат?’.
Божјите очи и „погледот“ постојано се свртени кон човекот, затоа што Неговата намера е да го бара дури и најмалото позитивно расположение во Неговото создание, и Тој влегува во срцето на човекот во истиот момент од неговиот живот, кога тој ќе се сврти кон Својот Создател со малку разбирање и смирение.
Преподобен отче Гавриле, твојот живот во овој свет се покажа како натприроден, зашто живеејќи на земјата, си останал бестрасен и си го возљубил мирот и тихувањето; следејќи го Христовиот тесен и мачен пат, си се искачил кон небесните обители, каде што се молиш за наше спасение.
Преблажени отче Гавриле, достојно си ја примил честа рамноангелна и, стоејќи пред Бога со бесплотните (сили), не заборавај нѐ и нас, кои твојот...
Најголем горделивец не е оној што гордо се фали, туку, оној што се фали дека е многу смирен. Кој се оправдува самиот себеси кога ќе згреши го претвора своето срце во демонско прибежиште, а ќе продолжи да греши и понатаму и ќе биде сршен бескорисно од своето себељубие, ако не успее да го скрши своето “јас”.
Родителите тоа го прават на разни начини. Понекогаш претерано штитејќи ги и чувајќи ги од и незгодите во животот. Понекогаш претерано ги казнуваат и гушат, што кај децата создава равнодушност, и повреденост во однос на возрасните и нивниот возрасен свет. Но најчесто тоа го прават живеејќи, во присуство на децата, обичен одраснат неодговорен живот.
Ние, како држава, и како образовна политика, и како образовен систем (во кој спаѓам и јас како виновник), излажавме многумина дека знаат повеќе одошто знаат: им поделивме дипломи по линија на помал отпор, под најразлични изговори - па видете, децата плаќаат; па видете, платата ни зависи и од нивните партиципации, па - да не ни ги земат студентиве приватните универзитети, па да не избегаат во странство... спуштете го критериумот, да не ги загубиме
Католикос Патријархот на цела Грузија ги крштева третите и секое следно дете во семејствата на родители кои се венчале во Црква. Цел на оваа иницијатива е подобрување на демографската состојба на земјата. Првата масовна крштевка на младенци во Грузија се случи на 19 јануари 2008 година, исто така во соборниот храм посветен на Света Троица. До ден денес Илија II е кум на повеќе од 30 илјади деца.
Петербуршкиот, пак, Митрополит Варсануфиј објави дека во неговата епархија се подготвува моштохранителница во која ќе бидат собрани сочуваните мошти на сите досега канонизирани новомаченици од времето на комунизмот, коишто ќе ги обиколат сите епархии на Руската Православна Црква. Досега РПЦ канонизирала повеќе од илјада души, пострадани маченички за својата христијанска вера, во годините после Октомврискиот преврат.
“Исправи се себеси, и ќе станеш животен пример. Многу повеќе се говори со животот отколку со зборовите, кога ќе видиме животен пример, душа која е мирна, тивка, кротка, смирена, можеш и да ја испоудриш, а таа те жали што така се нервираш. Малубројни се на земјината топка смирените и кротките, поради смирените и кротките Бог нам ни дава благослов.“
Критиката не треба да се претвори во генерален став, или однесувањето на поединци не би требало да го определи нашиот однос кон сите други, кон организацијата, институцијата и сл. Познато е дека соблазната и разочарувањето придонесуваат за тешки последици, особено кај духовно неопитните, но нашата вера не смее да се сведе на осудување и да престане поради другиот. Наш идеал е Христос, а по патот кон изградувањето по мерата на Христос, одат и свештениците. Тој пат не е лесен ...
Многупати сите забележуваме дека многумина го почнуваат духовниот живот со ентузијазам среќавајќи некој духовен човек, свештеник или монах, и им остава впечаток првиот, вториот, третиот пат. Се обидуваат да му пристапат што повеќе, да примат совети и да ги применат во својот духовен живот. Меѓутоа, во еден стадиум на тоа движење забележуваме дека тие луѓе некаде наоѓаат тешкотија, товар.
Духовникот е тој кој е жива Божја икона, кај кого ќе одиме за да му ја кажеме нашата помисла, нашиот проблем и од него ќе ја примиме информацијата на Божјата волја. Тоа да нѐ интересира и да не бараме ништо друго, затоа што не е можно да ни се даде. Може, се разбира, на почетокот, колку што има време еден духовник, да направи една посета, да поседи еден час повеќе и сл.
Не знам која е целта на било кој друг, но христијаните треба да си знаат дека нивната цел е Христос, а тоа подразбира прво Крст, па Воскресение. И што е најважно, зборовите на Спасителот, во светот ќе имате маки, но, знајте Јас го победив светот. И сега може ли да не интересира нешто друго освен Победникот.
Молитвата не се состои единствено од стоење и поклонување на нашето тело, или пак читање на молитви... можно е да се молиме на секое место и секое време, со умот и духот. Можеме да го вознесеме нашиот ум и срце при Бога додека одиме, седиме, работиме, во метеж и во самотија. Неговата врата е постојано отворена,
Оној кој во себе Го има Христа, тој доживува работи што не можат да се искажат: свети и свештени. Живее во радост. Ова е вистина, го имаат доживеано и живеено луѓе, подвижници на Света Гора. Постојано со копнеж ја шепотат молитвата „Господи Исусе Христе"…
За Богојавлрение-Водици европскиот епископ на МПЦ-ОА, отец Пимен напиша пригодна порака, како одговор на однесувањето на врениците на одбележувањето на празникот кој има одредени норми на однесување, а не викотници, шеги, турканици...