логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 

Драги браќа и сестри,

Целокупната евангелска историја е исполнета со разни чуда и дела на Божјата љубов кон нас – неговите чеда. Токму за тоа ни говори и  денешното евангелие од коеслушнавме за чудото, кое нашиот Спасител Господ Исус Христос го извршил со фатениот (парализираниот) во градот Капернаум. Преку тоа чудо светата Црква духовно нѐ поучува. Освен тоа што Христос Лекарот на нашите души и тела му пружил двојна милост на овој страдалник и тоа: дарот на простувањето на гревовите и дарот на телесното излекување, друго што е особено карактеристично за овој настан е братољубието и човекољубието, кое го покажале пријателите на болниот, кои го донеле пред Господ, и заради нивниот труд и неговата вера – најнапред Господ го разрешил од неговите гревови, а потоа го исцелил од болеста.

Фатениот всушност е образец на огревовениот човек. Во овој случај јасно се гледа дека неговата болест била предизвикана како последица на гревот, кој е главен причинител на сите зла, па и на самата смрт. Затоа Господ најпрво ја лекува болната душа на парализираниот, велејќи: Не плаши се чедо! Ти се простуваат гревовите твои! А потоа го лекува и неговото тело, велејќи му:Стани, земи ја постелата и оди си дома! Тоа, пак, нѐ поучува дека во моментите кога сме заробени од каква и било болест – најнапред е потребно смирено и длабоко да ги осознаеме нашите гревови, искрено да се покаеме за нив и со вера да измолиме прошка од Бога. Исто така треба да знаеме дека мошне важни и спасоносни се и молитвите на ближните и на светата Црква за болните и страдалниците, а и тоа ни го сведочи денешниот евангелски текст преку грижата и милосрдието на ближните кон фатениот. Значи верата и молитвата се исцелителниот лек, кој лекува од секаква болест.

Инспириран од денешниот евангелски текст од една страна и од современите случувања во светот од друга страна како ваш Владика имам должност и сум повикан да проговорам за современите општествени аномалии, за фундаменталните и егзистенцијалните проблеми што го мачат современиот човек, а особено за страдањетона младиот човек предизвикано од гревот, кој како што претходно кажав е причина за секоја болест и тоа најнапред духовна, а потоа и телесна. Младиот човек како никогаш до сега страда и талка по замките на овој свет, барајќи ги одговорите на суштествените прашања, како што богатото момче пред нешто помалку од два милениуми во Палестина привлечено од појавата на Христос, пришло и Го прашало: „Учителе добар, какво добро треба да направам за да имам живот вечен?“ (Матеј 19,16).

Прашањето за животот и смртта младите и денес секојдневно си го поставуваат себеси и на другите прашувајќи за смислата на сѐ околу себе. Нажалост, живеејќи во време на морална ерозија и пореметени вредности, кога злото и сѐ што е негативно ни се нуди како „вистински добар избор“ – младите луѓе се почесто се збунети и одговорот најчесто го бараат на погрешно место. Талкањето во псевдореалност (како наркоманија, алкохолизам и деликвенција), внатрешните или надворешните конфликти (конфликти со сопствената личност и со луѓето околу себе) или барањето себеси во разни анархо-движења се само некои од несвесните одговори на прашањето за животот и смртта.

Младиот човек сака да го живее животот без остаток, да живее сега и овде, да проба сѐ што ќе посака, да го избере она што ќе му се допадне во моментот. Младата душа изобилува со енергија. Од правецот во кој ќе ги насочи своите енергии, зависи по кој пат слободно ќе тргне. Можноста да се направи погрешен избор значи дека навистина сме слободни.На младиот човек му е најдрага слободата, но тој треба да ги осмислува границите на својата слобода, на својот избор, бидејќи свети апостол Павле вели: „Сѐ ми е позволено, но не ми е сѐ полезно; сѐ ми е позволено, но ништо не сакам да завладее над мене“ (1. Кор. 6,12). Слободата значи одговорност. Одговорната слобода поставува ограничувања на задоволувањето на желбите заради слободата на другиот. Вистинската христијанска слобода не се здобива со општествени бунтови, туку со стекнување на внатрешна слобода од гревот, кој има егзистенцијални последици.Гревот и злото се противприродна состојба на човекот, па кога тие владеат со нас, ние не успеваме да го достигнеме доброто и поредокот, кои се во склад со нашата човечка природа, па стапуваме во областа на бесмислената, состојба на непостоење. Поради тоа треба постојано да внимаваме што избираме и по што копнееме. Во овој современ свет, треба почесто сите ние да си го поставуваме евангелското прашање: „зашто каква полза е за човек да го придобие целиот свет, а на душата своја ѝ напакости? – Телесните страсти ја заробуваат, осквернуваат и ја оддалечуваат душата од Бога, а на крајот, нѐ одведуваат не само во болести, туку и во погибел.

За жал, младите денес најчесто имаат погрешни претстави за Црквата, често – под секуларното медиумско влијание – разбирајќи ја како некаква институција или, пак, само како дел од националното богатство и историја. Поради таа причина ние денес се соочуваме со масовната тенденција – младиот човек да бега од Црквата и сопствената вера да ја живее надвор од Црквата, барајќи некој „посебен“ Бог. Денес од таа причина е потребна катихизација на младите, пред сѐ преку образовниот систем во видот на училишната веронаука, но и многу пошироко од тоа зашто е потребно да го почувствуваат животот во литургиската заедницата на верниците собрани во името Христово. Со самото тоа ќе биде јасно дека христијанството не е празна филозофија или, пак, „едно од учењата“, туку токму ЖИВОТ, односно нов начин на живот во Воскреснатиот Господ.

За разлика од световните организации кои им помагаат на младите со организирање акции, Црквата ги повикува да го вкусат Животот. Додека целото општество се обидува младите да ги обликува однадвор – наметнувајќи им разни забрани – Црквата цело време треба да им укажува на преображението одвнатре. А кога еднаш самите ќе ја почувствуваат благодатта на Светиот Дух како струи во целото битие, нема да биде потребно да им кажеме ниту еден збор – освен да ги поддржиме во животот во Христос.

Ајде малку повеќе да се грижиме за нашите деца: за почеток барем да им пружиме шанса активно да учествуваат во Црквата, да бидат свесни дека се членови на Црквата. Да ги подготвуваме не само телесно, туку и духовно за средината во која ќе работат, за да изградат силна личност втемелена на вистина и љубов и да постигнат потполна зрелост и тоа преку разбирање, расудување и разговор. Послушајте го Христовиот повик:„Не пречете им на децата да доаѓаат при Мене, зошто на такви е царството Небесно“(Матеј 19,14) и „Гледајте да не презрете едно од овие мали“ (Матеј 18,10). Светиот Лука Кримски во своите слова нѐ опоменува: „Ќе одговарате пред Бога за своите деца“ и уште додава: „И вашите деца треба да бидат образовани, да станат учени, но не треба нивната обука и воспитување да се ограничуваат само на световната мудрост на овој свет. Исклучително е важно заедно со тоа да ја спознаат и највисоката правда и вистина, да го проучуваат Божјиот закон и Христовите заповеди“. Ова не наведува кон веронауката, која нажалост во нашата држава не се воведе целосно. Но исто така треба да се внимава, бидејќи самото религиозно образование е сосема безмислено и апсурдно без литургиски животи жив опит во аскетскиот живот на Црквата. Во таа смисла вистинската веронаука започнува и го образува својот цврст темел во личноста на човекот уште во кругот на смејството, се развива во храмот Божји на светите богослужби, првенствено на светата Литургија, а се доутврдува во образованието, во училиштето, универзитетот.

Мене лично ме радува фактот што извесен процент од младината, незадоволен од апсурдот што го нуди модерниот свет преку т.н. модерна револуција, барајќи излез од него, ги наоѓа патот и одговорот во вистинскиот револуционер – Христос Богочовекот, кој е смисла на нашиот живот. Тој е Вистина, Која нѐ ослободува и ни ја дарува онтолошката слобода наспроти здобиената слобода од политичката и социјално – економска стабилност, која во денешницата се претпочита, а која водејќи не кон минливиот и пропадливиот свет, се претвора во страст. Затоа, да внимаваме по што копнееме. Млад човеку не дозволувај да те повлечи културата на сомнежот. Да направиме добар избор. Да ја избереме Христовата љубовна револуција. Христовата револуција го прави човекот борец против гревот, манифестиран во светот преку страстите, злото и смртта. Христовата револуција ги надмина сите досегашни револуции, па токму затоа само во Христовата црква младите можат да ги најдат посакуваниот одговор и вистинската смисла на животот.

Да се поучиме и од денешниот евангелски пример, од пријателите на фатениот, од нивната љубов и од верата на фатениот и да се возљубиме едни со други, да си помагаме во сите искушенија и неволји, кои не пратат во овој свет, за да опстоиме како народ. Како што пријателите на фатениот се погрижиле својот болен и огревовен пријател да го доведат пред Христа – така и сите ние треба да најдиме начини и да ги доведеме постепено нашите ближни во храмот, пред Христос, нашиот Лекар и Спасител.

Со искрена надеж и со молитва кон  Бога дека во поскора иднина повеќе млади луѓе почесто ќе ги посетуваат светите храмови, враќајќи се и преобразувајќи се духовно во крилото на Црквата го завршувам ова слово, со повикот: Нека дојдат младите да ја љубат Црквата!

Mитрополит Тетовско – гостиварски г. Јосиф

 

Нека дојдат младите да ја љубат Црквата

 

Друго:



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3213
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7697
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

22/12/2024 - недела

Божикен пост (на риба)

Зачнувањето на Света Ана; Св. Ана, мајката на Пророкот Самуил; Преп. Стефан Новосјаен; Св. Софрониј, архиепископ Кипарски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Се зарадува душата твоја во Господа,а таа радост по твоите молитви Христос ја пренесе на верните свои,о Ано смирена слугинко...

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Исповедниче на вистината, сведоку на благодатта, проповедниче на слободата, Парамоне свети мачениче, трубо Божја за сведоштво,оправдание на твоите триста и седумдесет

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная