Венко Андоновски - Злосторот образование
Ние, како држава, и како образовна политика, и како образовен систем (во кој спаѓам и јас како виновник), излажавме многумина дека знаат повеќе одошто знаат: им поделивме дипломи по линија на помал отпор, под најразлични изговори - па видете, децата плаќаат; па видете, платата ни зависи и од нивните партиципации, па - да не ни ги земат студентиве приватните универзитети, па да не избегаат во странство... спуштете го критериумот, да не ги загубиме