Кога ќе се најдеш во некоја темна соба, не ја удираш темнината за да ја избркаш. Не исчезнува така. Отвори го прозорецот и пушти ја светлината внатре; со други зборови, потчини ѝ се љубовта Христова, и тогаш темнината ќе исчезне без да се трудиш.
Кога ќе ти наиде лоша или мрачна мисла, или ти се заканува страв или искушение, не бори се со неа за да ја изгониш. Отвори си ги рацете за Христовата љубов и тој ќе те прегрне, а тогаш сѐ друго ќе исчезне само по себе.
Кога твојата душевна градина е полна со трње (т.е. страсти), не труди се да ги искорнеш, зашто сѐ додека го правиш тоа, ќе се повредуваш и ќе се инфицираш од бактерии. Сета твоја сила насочи ја кон цвеќињата во твојата душа, нив полевај ги, и тогаш трќето само ќе исчезне. А најдобро меѓу цвеќињата е твојата љубов кон Христа. Ако ова цвеќе го полеваш и тоа порасне, сето трње ќе изумре.
Извор: http://pravoslavie.mk.
3-ти јули 2017 лето Господово