Старец Софрониј од Есекс канонизиран за светител (27.10.2019 )
Овде лежи тајната на божествениот начин на живот, кој е самиот живот на Христос – смирението, што сесрдно го подражаваше и Старец Софрониј во текот на целиот свој живот. „Смирението на аскетско ниво – објаснува Старец Софрониј – се пројавува кога човек се смета за најлош од сите грешници, додека пак, на ниво на обожение, смирението се открива како љубов, која се дава слободно и целосно“.