логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 rsz_nebidnina

Отец Стефан Санџакоски: Враќање од нашата небиднина
8 февруари 2015 | Аскетика, Библистика, Современи автори | Нема коментари

rsz_nebidnina

Светото евангелие, како вечен и непресушен логос Христов, нè соочува со една евангелска парабола чија содржина, верувам, има егзистенцијално значење за секој човек. Содржината на параболата, помалку или повеќе, е содржина на сечиј човечки живот. Судбината на главниот лик во параболата е архетипска. Како во огледало се огледува и се препознава животната судба на секој од нас посебно. Од прочитаното евангелие чувме дека станува збор за параболата за блудниот син. Бессомнежно, тоа е едно од најмоќните и најблиски до срцето на човекот, но и едно од најсаканите параболични кажувања Христови, упатени до светите ученици и преку нив до сите нас. Не познавам човек што, откако ја чул пораката на денешното евангелие, останал рамнодушен. Доколку се случи рамнодушност, тоа ќе значи дека ни отрпнале благословените сетила за познавање на вистината. Тогаш го губиме христијанскиот идентитет и пливаме во водите на паганските философски светогледи на стоиците и хиндуистите. Нивната апатија и нирвана им ја одземаат функцијата на гносеолошките инструменти на човечкото битие и личност.

Во параболата за блудниот син станува збор за еден човек што имал два сина. Помладиот од нив го побарал делот од имотот што му припаѓал. Таткото им го разделил имотот. Потем, помладиот син отпатувал во туѓа земја и таму, живеејќи блудно, сиот имот го потрошил. Во земјата настапил голем глад. Момчето се спогодило со еден човек да му го чува крдото свињи. Бил страден да го наполни стомакот со корењата што ги извлекувале свињите од земјата. Но и нив никој не му ги давал. Во него се родило копнежно сеќавање на лебот што живот дава. Во ситуација на целосна паднатост и во состојба на тотална оттуѓеност од Бога, од ближните свои и од самиот себе, се родил копнеж по Бога. Престанал да биде туѓинец на самиот себе. Обновената анамнеза го соочила со фактот дека е син на татко, богат домаќин. Во татковиот дом работеле бројни наемници и имале леб во изобилие. А тој умирал од глад. Милоста и добрината на татко му ги отвориле вратите на надежта. Татковата несебична и неусловена љубов спрема секој човек била мелем ставен врз раните на душата и телото негово: Ќе станам и ќе отидам при татко си и ќе му речам: татко, згрешив против небото и пред тебе, и не сум веќе достоен да се наречам твој син; но прими ме како еден од твоите наемници. И навистина, возљубени мои, секогаш кога се наоѓаме во безизлезна ситуација, надвор од секоја логика на умот, срцето ни кажува да се нурнеме во неговите длабочини што немаат дно. Правејќи салто мортале со умот во срцето, скокаме во бескрајните простори на срцето, каде што ќе бидеме пречекани во прегратките Божји. Всушност, Неговите прегратки беа симболизирани од прегратките на таткото во параболата. Во нив блудниот син веќе се најде штом се сети на татко си, добар, полн со љубов, богат во секој поглед, богат со добрина, богат со убавина, сиот во сета слобода своја и сиот во сета љубов своја.

И така би, драги мои. Блудниот син ја остави својата јабана, ја остави својата небиднина и му пристапи на својот татко. Стана и отиде при татко си. И кога беше уште далеку, го виде таткото и се сожали над него, па потрча, го прегрна и го целива. И синот му рече: „татко, згрешив против небото и пред тебе, и не сум веќе достоен да се наречам твој син“. Таткото, пак, штом го здогледа, постапи како што срцето му кажа. Им заповеда на слугите свои: Изнесете најубава облека, и облечете го, и дајте му прстен на раката негова и обувки на нозете; па дотерајте и заколете угоено теле за да јадеме и да се веселиме. Ги рашири прегратките свои и го прими својот син со зборовите: Оти овој мој син мртов беше и оживе, изгубен беше и се најде.  И почнаа да се веселат. Навистина ви велам дека сите ние, некој помалку, некој повеќе, се наоѓаме во ситуацијата на помладиот син на личносен план, на семеен план или на општествен план. Сите сме биле и сè уште сме блудни синови, или исчадија на блудни односи. Но, надежта на великиот наш Спасител, Богочовекот Христос е среде нас, во срцата наши, и секогаш со подадена рака, нè крепи и нè дарува со живот. Животот нè дарува со смисла што нè приведува кон целта на нашето историско постоење. Секое страдање се осмислува. Знаеме зошто се страда. Не се страда секогаш поради себеси и поради гревот свој, туку и за спасение на светов во кој опстојуваме. Не само што го прими, не само што го прегрна, не само што однапред сè му прости на синот што го искоцка имотот, во наследство од таткото свој добиен, туку заповеда да го облечат во најсвечено руво, и да му стават венчален прстен на раката, и да заколат угоено теле за да се направи радосна гозба. Ви симпосионот на радоста со песни се славело спасението на изгубениот и духовно мртов син. Но, кажувањето на Христа овде не завршува, иако овој момент го сметаме за зенит на параболата.

Се појавил вториот син на господарот. Откако разбрал дека татко му го примил блудниот брат, се налутил и не сакал да влезе во радоста на татко си. Татко му излегол и го молел да влезе. Постариот син горчливо забележал: Татко, ти служам толку години и никогаш не прекршив твоја заповед, а мене не си ми дал ни едно јаре за да се провеселам со моите пријатели. А за овој твој син, кој го упропасти твојот имот со блудници, го закла угоеното теле. Аргументите на постариот син, гледани со ум човечки, се моќни. Има ли логика расипник да биде примен со радост?! Меѓутоа, таткото го молел постариот свој син, смирено, кротко, со љубов и како помал од него, да влезе во радоста поради враќањето на изгубениот и умрен, но покајан син и брат. Таткото рекол: Синко, ти си секогаш со мене и сè мое е твое, но требаше да се зарадуваме и развеселиме, оти овој твој брат беше мртов и оживе, изгубен беше и се најде.

И навистина, возљубени мои, ако сакаме да бидеме христијани, во устата наша не ќе се роди гнев, бунт, револт спрема нашите паднати браќа. Со својот ум во срцето никогаш да не посакаме: да ги нема, да настрадаат, да бидат праведно казнети, вечни заложници на гревот свој, Бог да ги казне, небаре во името на некаква правда, макар и божествена, во нашиот ум смислена, во лабораторијата на нашиот ум искована. Ќе бидеме христијани само тогаш кога за спасението на најпаднатите наши браќа молитвено ќе завикаме пред Господа и со болка ќе соучествуваме во нивните страданија. Господи, спаси ги, што ќе ми е рајот, што ќе ми е заедницата со Тебе, без нив. Те молам, Господи, умудри ги и спаси ги моите безумни браќа и сестри. Така молете се, браќа мои христијани! Во текот на постите велигденски молете Го живиот наш Бог, но не само за себеси. Оној што се моли само за себе, според црковните канони, со право се одлачува од лоното на Црквата Божја. Најпрво ќе се молиме за сите паднати, за браќата за кои сметате дека им е најтешко. За нив пред сè да се молиме. Потем ќе си спомнеме и за себе, бидејќи не ќе најдеме дека сме подобри од најпаднатите меѓу браќата наши. Амин.

отец Стефан Санџакоски

http://mistagogia.mk/otec-stefan-sandjakoski-vrakjanje-od-nashata-nebidnina/?fbclid=IwAR2hGepyKAsqYBK_N-QNi1XR668aHJv7EimN9JN2XagPHyNX2RTzuFCnaMw

 

 

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3213
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7698
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

22/12/2024 - недела

Божикен пост (на риба)

Зачнувањето на Света Ана; Св. Ана, мајката на Пророкот Самуил; Преп. Стефан Новосјаен; Св. Софрониј, архиепископ Кипарски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Велики сте вие Мино и Ермогене,кои лично Христово присуство вовашите страдања измоливте.Благодатта преку вас не само Евграфа туку и целото...

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Се зарадува душата твоја во Господа,а таа радост по твоите молитви Христос ја пренесе на верните свои,о Ано смирена слугинко...

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная