логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 apostol.Timotej.jpg

ПОДОЗРИВИ ЛИЧНОСТИ


Сега ќе преминеме на личности со подозрива или параноидна акцентуација. Голем број автори во своите класификации ја издвојуваат оваа акцентуациа (или психопатија). Ја среќаваме кај К. Леонард, Д. Шапиро, кај православниот психотерапевт С. А. Белорусов , а исто така и во познатата класификација на П. Б. Ганушкин. А. Е. Личко, опишувајќи ги типовите на конституционалните психопатии и акцентуации на карактерот кај младите генерации, не го издвојува овој тип, од причина што тој се открива по триесетите години, во периодот на целосна социјална зрелост.247

Цртите на човек со подозрива акцентуација се патолошки во многу поголема мера, отколку кај кој-било друг тип. Таквите луѓе речиси во сите свои дејствувања и мисли носат печат на длабока душевна дисхармонија. Издвоени се голем број пројавувања на параноидниот стил. Тоа се семожни безвредни воодушевувања, доминантни и безвредни идеи, патолошки стравови, кверулијанство , подозривост, растројства проследени со бунило (ревност, величие), па сè до халуцинации (почесто кај параноидната форма на шизофренијата).

Природно, постојат луѓе кај кои отклонувањата не се толку видливи. Кај нив личносните аномалии може да се пројават како: крутост – недоверба – догматичност. И најчесто, говорејќи за недоверливи личности, помислуваме на нивната подозривост, зашто таа црта понекогаш го определува сиот нивен внатрешен карактер. Во основата на подозривоста лежи некаков страв: измама, сопружничко неверство, понижување, болест, губиток, дисморфофобија .

Подозривото мислење секогаш е круто, нееластично. Ако подозрив началник си „уврти“ во главата дека соработниците го мамат, тој во секоја ситуација ќе гледа обид за заговор. Ако човек има некаков физички недостаток, кај него може да се развие мошне сериозна болна состојба – дисморфофобија. „Сите наоколу ми се смеат заради мојот долг нос. Кога одам на пазар да купам нешто, сите гледаат во мене, се смеат и си дошепнуваат.“ Подозрив човек „гледа на светот со цврсто предубедување, постојано се занимава со барања со кои би ги потврдил своите подозренија“.248 Никој не негира дека на пазарот луѓето си дошепнуваат и понекогаш се смеат. Но, подозривоста и напрегнатото очекување на исмејување води кон неправилна интерпретација на реалните факти.
„Релативно бавното темпо на психолошката активност ги зближува педантните (упорните) личности со подозривите. Но, кај последните бавноста се однесува главно на забавување на емоционалните доживувања од егоистички карактер, кога се засегнати личните интереси и самољубието на дадениот објект.“

Луѓе од ваков тип се доволно карактеристични не само за световниот, туку и за црковниот живот. Но, ако се погледне подлабоко и ако се издвои главното, односно она што го определува нивниот душевен карактер, ќе може да се забележат црти каква што е долгото опстојување на сите доживувања (афекти), особено гревовни (според видот на подозривоста).

Кај секој човек може да се пројави гнев, но афектот спласнува и гневот исчезнува. Стравот стивнува, и напливот на самољубие може да биде заменет со покајание. Кај подозривите личности навредата може да живее во душата бескрајно долго. Човекот си спомнува за околностите коишто довеле до навредата, за сите детали, толкувајќи ги во своја полза. Чувството на навреденост и стремежот за одмазда не секогаш излегуваат на површина и не секогаш се манифестираат преку збор или дело. Тоа зависи од развојот на човекот, од неговото културно и духовно ниво. Но, можат да минат години без да почне да слабее чувството на навреденост, а тоа веќе се нарекува злопаметење. Понекогаш таквите луѓе изгледаат будалести кога почнуваат да копаат по минатото, да бараат одговор кога веќе никој не се сеќава за околностите во кои се одвивал настанот.
При такво злопаметење, нивната приемчивост и навредливост се, исто така, силно изразени. Често самите тие се жалат дека без основа се навредени. А оние кај кои сфаќањата за духовниот живот воопшто не се развиени, понекогаш со гордост изјавуваат: „Да, таков сум, лесно се навредувам“.

Од својствата на личноста, кај нив е подобро развиен принципот на енергичност (да напоменеме дека, на пр., кај шизоидите е хипертрофирана умствената сфера, а кај хистероидите – сетилната). Дури и средно интелигентни подозриви личности се во состојба да напредуваат во службата, доколку не бидат избркани од работа поради чести конфликти и расправии. „Типичен шеф“ – велат обично за таков човек: ситничав, своеглав, одлучен, со мноштво идеи, недоверлив, човек кој сè забележува.

Егоистичките склоности и афектите на подозривите личности имаат особена сила.250 Кога се засегнати нивните интереси, тие можат долго време да ја паметат навредата. Најчесто многу сакаат да бидат почитувани, а од сите што ги опкружуваат бараат исполнување на „долгот“. Во парохискиот живот таквите луѓе се издвојуваат со наметливост спрема сите и спрема сè, со желба да ги променат и да ги исправат, за да се покажат справедливи. Тие сакаат  не познавајќи ги лицата и околностите  да се борат за „правда“, да го заштитат оној којшто, според нив, неоправдано е навреден.

Во Црквата, на подозривите им припаѓа решавачка улога во борбата со семожни периферни појави од внатрепарохискиот живот. Тие се во состојба да ја отстранат својата жртва од заедницата. Или, пак, отпочнувајќи некаква работа, на пр., организирање на православна библиотека, лесно може да го претворат започнатото дело во трагедија, откако ќе се скараат со сите.

Доколку немаат доволен интелектуален капацитет, можат да станат „енергичен центар“ на некоја секта, управувана од шизоидна личност, или „десна рака“ на некој младостарец. Имено, на параноичните личности најчесто им паѓаат на ум безвредни идеи, какви што се борбата со сè посилните јудео-масони во Русија или, поскромно, војната со стариците коишто на клирисот не пеат „според канонот“.
Како што гледаме, тоа се типично енергични екстраверти – нивната непресушна енергија е насочена кон надвор. Нивниот главен недостаток претставува неумеењето да погледнат во своето срце, несакањето во сите тешки и конфликтни ситуации, во кои се нашле, да преземат врз себе макар и дел од вината. Тие се цврсто убедени дека другите не покажуваат љубов, почит и внимание спрема нив, дека ги потценуваат. И сето она што тие го немаат, посакуваат да го земат од надвор, со сила, наместо во своето срце да ја воспитуваат навиката да го прифаќаат светот што ги опкружува. Тие со сета душа го прифаќаат тврдењето дека „Царството Небесно насила се зема“ (Матеј 11:12), но самите тие погрешно го применуваат. 

Сета нивна бурна активност, нормално, не предизвикува растревоженост кај присутните, нив сурово ги „смируваат“ или тактички ги запираат. Впрочем, според нивниот степен на чувствителност на навреди, тоа практично е едно и исто.
Во врска со тоа, тие се убедени дека спрема нив се однесуваат лошо, и тоа поради нивното правдољубие.
– Јас сè кажувам во лице, а не со лукавство, како некои – со жар ни докажуваат активистите на „борбата со сенката“.
– А што е тоа сè? Која е неговата вредност? – прецизираме ние.
– Станува збор за нашето спасение! – следува одговорот.
Да, тоа е таков адут на кој нема одговор, и ние замолкнуваме. Поради тоа што им е тешко да комуницираат со луѓето, а исто така и поради честите исмејувања на сметка на нивната нееластичност, кај нив брзо се раѓа подозривост. Таа е заснована токму на општиот недостиг на доверба спрема луѓето.252
Во сите извори во кои се опишуваат подозриви личности, се споменува типичниот образ на ревнив маж. Но, во практиката на парохискиот живот, ревнивоста може да се манифестира спрема старецот, спрема духовниот отец, а во смисла дека тој „го изневерил“ нашиот ревнивец, обрнувајќи им поголемо внимание на другите парохијани. „Зошто толку долго ја исповеда? А со овој – колку внимателно беседи! А мене денес не ме ни погледна!“ Поради склоност спрема афекти, нивното расположение варира меѓу напрегнато разочарување и надеж.
Таквиот човек може да го отруе животот на целата парохија, доведувајќи го свештеникот речиси до инфаркт.
Во врска со ова, се споменува една активна парохијанка, којашто со сите можни средства се борела да застане на прво место до духовникот. При ревнувањето емоциите особено се усвитуваат, при што се развиваат истовремено двата пола: љубовта и омразата.253 За таа цел, нашата јунакиња му здодевала на пастирот со скришни дојавувања, со интриги и клевети, ставајќи го во тешка ситуација доколку не и посвети макар и најмало внимание.
Ревнувањето не е единствената безвредна творба карактеристична за параноидниот тип.
Лично имавме можност да контактираме со неколку подозриви личности, меѓу кои и со една – според нејзина лична проценка – „длабоко праведна“ личност. Нејзиното параноично расположение се преточило во жестока борба за „правда“ со администрацијата на фирмата во која работела. Таа покренала безброј жалби, оформувајќи ги во писмена форма, и ги праќала до највисоки „компетентни“ институции. За докажување на вината на оние коишто ги обвинувала, во овие обемни опуси, таа поместила голем број цитати од Библијата, макар што самите жалби биле упатени до крајно световни институции.

Во секојдневниот живот често се среќаваме со неодговорни, тврдоглави луѓе. Фаќајќи се за безначајни работи, тие по ниедна цена не сакаат да направат некаква отстапка, да ги доближат гледиштата, па макар и сите факти да се против нив. Нивниот последен аргумен е: „Јас така сакам – и така ќе биде!“ или „Тоа е мое право!“ Во православно семејство, маж со такви црти на карактерот никогаш нема да отстапи во некој спор, цитирајќи ги зборовите: „Жената да се бои од мажот свој!“ (Ефесјаните 5:33).

Таквите луѓе често се преокупирани со стравови. Стравот, воопшто, претставува доминантно чувство во сознанието на нашите современици.
Православниот човек во себе негува отворен поглед на сè што се случува. Ние не сме способни објективно да ги отсликаме појавите и настаните што нè опкружуваат, бидејќи на нив гледаме низ призмата на своето „јас“.
Подозривите личности меѓу себе и светот ја ставаат призмата на своите стравови, и низ неа подозриво и ситничаво го набљудуваат светот. Православниот човек мора да го восприема светот преку молитва (покајничка, благодарствена, просбена, славословна). „Животот и молитвата се – едно“ – констатира митрополитот Антониј (Блум).254 Во реалноста, подозривата личност не ја потресува толку самиот факт, на пример, на потсмев (како при синдромот на дисморфофобија), колку несигурноста којашто раѓа напрегнато исчекување: „Ако две старици во автобус навистина се потсмеваат на мојот нос со брадавица, јас сум подготвен да се справам со тоа. Ќе ги поразам со презир, ќе измислам таква одмазда (макар и таа да се реализира само во мојата глава), што тие засекогаш ќе престанат да ме исмејуваат! Но мене ме гризе неизвесноста: за што ли шепотат во овој миг? Тоа најмногу ме загрижува.“

Во книгата на преп. Јован Касијан „За гордоста“, насликан е портрет на човек во кој надвладеала посочената страст, и како резултат на тоа, судејќи според описот, тој западнал во параноидна состојба. Кога на таквиот човек му се кажува нешто за духовниот живот, тој „зафатен со свои подозревања, не го прима, не го прифаќа она што би требало да го прими во своја полза, туку со загрижен и вознемирен ум ги бара причините зошто е кажано едното или другото, или, со скриена збунетост во срцето, размислува што би можел да изнесе како приговор.“ Згора на тоа, таквиот слушател „подозрева дека сè што е кажано  е кажано против него“.256 Поради тоа, тој се лути, се гневи, бара одмазда. Имено, нескротливата гордост ги турка параноидните личности на предниот дел од бината на животот, а тоа значи и на парохискиот. И, повторно, гордоста ги запира да водат долготрајна војна со „непожелните“, затскривајќи се зад превезот на правдата, или, пак, станувајќи учители на многумина (споредете 1 Тимотеј 1:7; Јаков 3:1).

Запаѓајќи во тешки ситуации, секој од нас може да почувствува страв, неувереност, збунетост. Молитвата го хармонизира нашиот однос со светот, воспоставувајќи спокојство во душата; без неа е невозможен духовен раст. Кај подозриви личности постои особен однос спрема молитвата. Хистероидот (суета!) повеќе го интересира прашањето: а како јас изгледам на молитва, гледан од страна? Подозривиот тип ги смета многубројните (ритуалните) повторувања на молитвата како заштитен механизам од своите стравови. „Еве, ќе ја прочитам 12 пати „Оче наш“, и ќе појдам на испит.“ Вниманието е фокусирано на тоа која молитвата и колку пати да се прочита, а не на искреноста и на длабочината на воздишката којашто од срцето ја упатуваме кон Бога. Ритуалот помага да се успокоиме, да почувствуваме дека сме на цврста почва, тој игра улога на појас за спасување, зашто крутата психа на параноидната личност во сите услови необични за неа, потонува како камен во вода. Таквиот студент ќе се доведе во состојба на конфузија ако не успее да ги промрмори молитвите коишто си ги пропишал, зашто се бои не толку од самиот испит, колку од неочекуваните ситуации во текот на испитот.

Таквиот човек темелно се подготвува за секое добронамерно дело, осмислувајќи ги деталите, и задолжително ќе го спроведе доколку сè се одвива според панот. Но ако неочекувано се изменат околностите, нему, едноставно, можеби нема да му успее да се престрои. Во идеален случај, човекот треба да ги извршува добрите дела речиси автоматски, доволно е да забележи дека на некого му е потребна помош. Нашите постојани колебања и измачувачката борба („да постапам така или да не постапам“) не се ништо друго туку показател на последиците на првородниот грев и лесната наклонетост кон гревот. 
Од друга страна, верникот постојано е свесен за Божјата Промисла којашто го води кон спасение и затоа се стреми да ги усогласи своите постапки со волјата Господова. Подозривата личност, пак, на која во извршувањето на некое добро дело ì попречиле непредвидени околности, сета надеж ја полага во своите сопствени сили, а не во Бога и во исполнувањето на Неговата волја.
Помеѓу умот на таквиот човек и секој настан, секое нешто, се издига дебел ѕид на неговата нееластична волја. Таа може да биде насочена на страната на доброто, како што му изгледа на самиот човек, но е премногу праволиниска. И, секако, тука нема дури ни навестување да се слушне „здивот од тих ветар“ (3 Царства 19:12), кој ја навестува Божјата волја. Како резултат на тоа, човекот постапува според својата волја, причинувајќи им болка на оние што се околу него.
Св. Теофан Затворник, повикувајќи се на учењето на атонскиот старец Никодим, вели: “Кога ќе ни се укаже прилика да извршиме духовни дела, кај нас во истиот миг се раѓа силна желба навистина да ги извршиме тие дела, и се насочуваме кон нив; но, нашата активност не е движена од Божјата волја, или не е со единствена цел да Му угодиме на Бога, туку заради утеха и радост коишто се јавуваат во нас кога го посакуваме и го бараме она што Бог го сака од нас. Таква прелест е во онаа мера поскриена, во која е повисоко и подуховно тоа што го посакуваме.“

Сите ние сме склони да не правиме разлика меѓу своите постапки и Божјата волја. Но, подозривите личности се многу понастојчиви во реализацијата на поставените цели и мошне тешко скршнуваат од определениот – понекогаш и погрешен – пат. Тие не разбираат „дека не треба да сме задоволни со самото тоа што го сакаме она што Бог го сака, туку треба тоа да го сакаме онака како што го сака, кога го сака и поради што го сака Бог“.258 Понекогаш им е тешко да се прилагодат на околностите. Затоа често доживуваат разочарување и страв (феномен на фрустрација) поради тоа што светот не е таков каков што тие си го претставуваат. Да претпоставиме дека нашиот јунак, подготвен да влезе во голема арена и силно да викне, неочекувано се најде во мала соба. Него го обзема паника и тој не успева да се престрои, па почнува силно да вика, како што претходно самиот се програмирал.
Сите нешта што се во човекот, сите негови душевни квалитети, треба да бидат преобразени, потчинувајќи ги на единственото што е потребно (Лука 10:42) – достигнување на спасението. Ако во душата постои страв, тоа треба да е страв да не го натажиме Бога. Гневот треба да е праведен и, пред сè, насочен кон самиот себе, поради нарушувањето на заповедите.
Личност од параноиден тип во сите ситуации бара потврда на своите чудни сомнежи. Притоа ги игнорира очигледните факти, но ги пронаоѓа небитните детали, „важни за случајот“.
Според зборовите на еден свештеник, искажани на проповед, таквите луѓе „откриваат некаква алузија на нивна сметка, но за разлика од обичните луѓе, алузијата не ја сметаат како повик за коригирање, туку како желба на духовникот да предизвика кај нив болка, навреда, рана. Довербата спрема пастирот кај нив е постојано под знак прашање.“259

„Во оваа категорија може да се поместат повозрасните црковни луѓе, коишто претерано чувствително реагираат на фактот дека нивното место во храмот е зафатено, на нељубезноста (често привидна) на настојникот или на старешината, во што гледаат обид да бидат „истиснати“; туѓа ташна, оставена на нивното место е алузија на тоа дека тие „веќе одамна требало да си заминат оттука“. Тие премногу чувствително забележуваат дека не се оценети според нивните доблести, дека нивните добри намери не се поддржани, дека не се сослушани, дека не се разбрани... Но, карактеристична одлика на оваа категорија паства, во споредба со други коишто пројавуваат слична реакција на навредливост, е што привидната повреда на нивното достоинство кај нив не предизвикува растројство, малодушност, жалост, туку попрво гнев, злоба, желба за одмазда. Како практичен совет, упатен како до пастирот, така и до обичниот човек, за општење со луѓе со таков карактер е настојчивата препорака да не проникнуваме длабоко во зборовите и во расудувањата на таквите болни при општењето со нив. Да се слуша внимателно параноидното бладање не само што е бесмислено, туку е и опасно.“ Интересно е дека, и покрај сето кажано, параноидните личности не фантазираат и не измислуваат ситуации, туку само погрешно ги толкуваат реалните факти и детали. Патем кажано, таквите личности се недостижни кога е во прашање барањето детали. Хистероидот може да инсценира неволја и да ги натера сите околу него да ја преживуваат заедно со него. Шизоидот, од друга страна, живее во својот измислен свет, но другите може да не насетат ништо за таа terra incognita.
Подозривиот тип, пак, не покажува склоност спрема измислици и фантазии. Тој само од општиот мозаик на светот извлекува одделни фрагменти.
Познато е дека во античко време постоеле автори коишто составувале цели дела користејќи стихови од поемите на Хомер, произволно земајќи ги и преместувајќи ги. Во суштина, тоа е психологија на секташтвото: од Светото Писмо или од црковното учење да се извлече каков било фрагмент и истиот да се акцентира.
Да наведеме пример од реалниот живот.

Повозрасна жена, којашто седум години ревносно посетувала предавања во Духовното училиште , продолжила да слуша лекции за историјата на Руската Православна Црква кај нов предавач. Веднаш можело да се забележи дека таа слуша мошне внимателно, дека запишува буквално сè што е изговорено, фаќајќи се за ситници и барајќи во сè некаква ерес. Еднаш, откако слушнала нешто што за неа било неприфатливо, таа не издржала и влегла во конфликт со „противникот“, сметајќи се себеси за борец за чистотата на Православието. По тој повод, таа напишала извештај до инспекторот на училиштето и го опоменала самиот „виновник“, дури и во писмена форма (склоност кон кверулијанство!). Тужителката не можела да наведе никакви факти со кои би ја потврдила неправославноста на предавачот. Дури ни раководството, за разлика од нашата тужителка, од одредени причини не сметало дека постоењето на ереси и на секти во Русија петставува клевета спрема Црквата.


Откако инспекторот, по разјаснувањето на ситуацијата, го посоветувал предавачот да не обрнува внимание на жената, таа напишала нова жалба, но овојпат до архиерејот (подозривост). Треба да напоменеме дека таа „студентка“ и ден денес стражари над чистотата на Православието во Духовното училиште, конфронтирајќи се со повеќето предавачи, дури и со оние со свештенички чин.

Во овој случај се работи за типична карактерна црта на сомничаво мислење – селективност, насочено внимание проследено со значителен самоволен импулс. Навистина, светлината на проекторот секогаш со себе носи големо количество насочена енергија. Но, да се добие објективна информација во непроѕирната темнина само со помош на тој зрак, е мошне сложено. Многу нешта зависат од тоа на што во дадениот миг е насочен зракот. Затоа параноидните личности фактички се неспособни да го класифицираат и да го воопштат материјалот, за што, пак, е способен опсесивно-компулсивниот тип.
Еден студент во истото Духовно училиште влегол во просторијата на предавачите и на полиците, меѓу стотиците најразлични книги, веднаш „забележал“ едно, според него, „еретичко“ издание.
Без сомнение, мошне необична внимателност!
Наоѓајќи се во опасна ситуација, хармоничната личност лесно го префрла вниманието од општата слика врз ситни детали. Податоците добиени со внимателно проучување слободно ги вклучува во општиот контекст, формирајќи целосна слика на појавата со сите нејзини особености. По излегувањето од тешката ситуација, вниманието го префрла на други предмети. Хистероидот, пак, во слични ситуации го „дефокусира вниманието“.261 Тој се труди да се расее, да се „слее“, да се раствори во сè и сешто, за удирот на судбината да не биде премногу жесток. Сликата на светот се пројавува разлеана, без јасни детали (слично на акварел). За параноиден тип карактеристична е зголемена активност, прекумерно фокусирање на вниманието на избрани фрагменти. Нивниот модел на познавањето на светот може да се нарече ригидно-фрагментарен. Тој понекогаш се споредува со сознанието на преморен војник на стража. Поради долготрајна напрегнатост на волјата и замор на очите, тој е во состојба да „отвори оган и на сенка“. И ако, влегувајќи во Православието, таквиот човек не тргне по патот на длабока лична промена, на смирение и на покајание, тогаш волјата, поддржувана од страстите, неминовно ќе го насочи на борба со признаци (што веќе наликува на графика).
Простота и јасното изразување се несомнени квалитети на духовно зрел човек. „Таму каде што е просто, таму се стотина ангели, а таму каде што е мудро – нема ниту еден“ – говорел преп. Амвросиј Оптински. Губејќи ја простотата, подозривите личности ги изобличуваат пропорциите на светот и притоа ги губат бојата и аромата карактеристични за тој свет. 

Секоја гревовна страст е во состојба да се развива не само преку засилување, туку и преку диференцијација. Страста не постои во душата сама по себе, страстите секогаш ги има многу, но доминира една или две, определувајќи го внатрешниот свет на човекот и неговото однесување. Диференцијацијата е појава на нови, дотогаш нетипични патолошко-страсни реакции на внатрешни и на надворешни ситуации. Така, лекомислен и весел човек, кој кон сите нешта се однесува со омаловажување, иронизирајќи ги дури и сериозните проблеми, лесно може да падне во малодушност и депресија пред некој тежок духовен избор.
Ова се пројавува мошне силно при последователното одвивање на стадиумите на алкохолизмот. Преминот од првиот во вториот стадиум се карактеризира со промена на сликата на пијанството. Ако порано, по „земањето на дозата“, човекот почнувал да се шегува, да се ослободува, да раскажува множество анегдоти и притоа самиот заразно да се смее, сега кај него почнуваат да доминираат тревожно-дисфорични состојби, да се пројавува гневливост, грубост спрема домашните животни па дури и спрема членови на семејството. Така се исполнува предупредувањето на Спасителот за „седумте полоши демони“ (Матеј 12:43-45; Лука 11:24-26).
Параноидниот човек е помалку подложен на таквата диференцијација од другите луѓе, од причини коишто веќе ги посочивме: силен принцип на волјата, крајна ригидност на егоистичните афекти и мошне голема изразеност на патолошките црти на личноста.

И. Шмукер во книгата „Религијата и психичкото здравје“ забележува дека „верата, којашто му дава смисла на постоењето, ја намалува егзистенцијалната тревога“, а фундаментализмот, догматизмот и авторитарноста можат да претставуваат закана за осмислување на апсолутните вредности“.
Умеењето сопствената ревност за добри дела да се споредува со конкретната ситуација, оптинските старци го сметале за голема вештина. Според нив, „искуството е половина светост“. Согледувајќи нечии грешки предизвикани од прекумерна грижа, преп. Макариј Оптински велел: „Свет, но неискусен“, „зашто неискуството, при непропорционална ревност, често може да доведе до исто бесмислено пореметување како и самиот грев“.

(Продолжува)


ОГЛЕДИ ОД СОВРЕМЕНА  ЦРКОВНА ПСИХОЛОГИЈА

А. С, Бочаров, А. В. Чернишев

 Издава : ПРЕМИН ДОО

(Превел од руски: д-р Михајловиќ С. Драган; м-р Златко Дивјаковски: Снежана Корнет)

 

ПРЕДГОВОР

Да се каже дека живееме во сложено време значи  ништо да не се каже. Според зборовите на блажениот Августин, ние сме времиња. Имено, од нас зависи какво ќе биде нашето време. Но, сепак, не можеме а да не забележиме дека односот на Црквата спрема современиот свет е мошне сложен. Макар што е модерно во информативните медиуми грубо да се напаѓа Православието, гледиштата на нашите сонародници, макар што самите тие не се секогаш свесни за тоа, сепак се свртени кон Православната Црква. И макар што христијаните не се секогаш издигнати на доволно високо ниво, „Исус Христос е ист вчера, и денес и во веки“ (Евреите 13:8), а Црквата била и ќе биде Столб и Тврдина на Вистината (1 Тимотеј 3:15).

Повод за пишување на оваа книга е пријателството со еден виден човек кој во почетокот на својот црковен живот ја поминал „школата“ на служење како „младостарец“. Тој се заинтересирал за анализата на односот на луѓето, коишто пристапуваат кон Црквата, спрема многубројните феномени со коишто се среќаваат на тој пат. Резултатот на извршената анализа е мало психолошко истражување коешто ги одразува „сломовите на душата“ на современите православни верници. Ние се обидовме да ја истакнеме мислата дека Црквата е чиста и непорочна, и дека не треба да се поистоветуваат гревовите и проблемите на нејзините членови со некакво „разградување“ на Црквата. Затоа не треба да нè чуди што во гледиштата изнесени во оваа книга има толку многу описи на негативните карактеристики на луѓето коишто пристапуваат кон Црквата. Тоа воопшто не е проблем на самото Православие. Црквата е мајка, лекар, духовна тврдина кон која прибегнуваат оние што имаат потреба од исцелување. За луѓе со суштински проблеми и со аномалии во душевната сфера, само Православната Црква може да им даде сè што е неопходно за духот, без оглед на многубројните слабости на нејзините членови.

Гледано од страна, луѓе со различни отклонувања многу почесто се среќаваат во православната средина отколку во другите христијански конфесии. Таквото тврдење е само делумно точно. Зашто, каде на друго место ќе сретнеш толку многу духовно здрави луѓе? Каде на друго место сме виделе да се пројавува дејствувањето на вистинските благодатни дарови? Истовремено, се чувствува потреба да се постави прашањето: а каде на друго место треба да појде болниот, ако не во болница? „Денес во светот има мошне многу душевно болни луѓе. И особено многу ги има во Црквата“  смета протојерејот Владимир Воробјов.

Но, на оваа појава може да се гледа и од друг аспект. Се работи за тоа дека семожните патопсихолошки феномени се во разногласие со духот на Православието и јасно се видливи на неговиот фон. Навистина, карактеристично за Православната Црква е што таа јасно ги расветлува недостатоците и дисхармоничните црти на личноста. Како здрава средина, Православието не може да поддржува и да одгледува во себе каква и да е патологија.
За нас е очигледно дека Православието во целост го запазило вистинското Христово учење и дека претставува најздраво општество. Затоа, имено, во него  и никаде на друго место  јасно се забележуваат сите човечки слабости, меѓу кои и душевните, од кои произлегуваат пороците и телесните страдања (психосоматика).

И уште една теориска премиса од која тргнавме. Разгледувајќи ги акцентуациите и, воопшто, аномалиите на личностите, можеме да истакнеме два важни момента.
Како прво, сите тие се развиваат врз основа на одредени гревовни страсти, растат според мерата на нивното продлабочување и се намалуваат според мерата на борбата со нив.
Како второ, сите аномални црти имаат механизми на заштита од нападите на совеста и на чувството за покајание. А таа заштита не може лесно да се совлада. Тука спаѓаат сублимацијата, истиснувањето, проекцијата  нешта коишто не ги разбираме во смисла на фројдовската психоанализа, туку како психопатолошки механизми коишто овозможуваат да ја избегнеме духовната работа.

И така, Православната Црква ја има полнотата на благодатта којашто го храни човековиот дух. Меѓутоа, работите се посложени кога е во прашање организацијата на душевниот живот, зашто таа сфера директно зависи од оние луѓе коишто ја сочинуваат заедницата, парохијата, од личноста на духовникот.

Во процесот на пишувањето, оваа книга стана поопширна одошто планиравме. Во неа ги додадовме поглавјата за алкохолизмот и за психологијата на болеста. За жал, денес кај нас има многу малку целосни, завршени трудови од областа на православната психологија. Затоа и нашиот труд, кој ни најмалку не претендира на сеопфатност и на непогрешност, ги повикува читателите на размислување, па дури и на полемика.
Кратките поглавја „Ако заминуваш  заминувај“, „Пијанството и алкохолизмот“, „Гласот на песимистот“, „Психологија и психопатологија на духовното раководство“ и „Некои аномалии на личноста од гледна точка на православната психологија“, коишто влегоа во оваа книга, се посветени на анализата на дисхармоничните црти на личноста, со цел да се помогне во понатамошниот избор на правилен пат и на правилни средства за исправање на состојбите.

Описите на растројствата на личноста ги наведуваме како според одделните симптоми, така и според крупните синдроми, користејќи ги термините „хистероиден“, „параноиден“ или „депресивен“ тип на карактерот. Но, во практиката ретко се среќаваат апсолутно чисти типови. Најчесто во секој од нас, во чудни комбинации, се помешани аномалните и вредните својства, така што можеме да воскликнеме заедно со св. Теофан Затворник: „Еве ред во гревовната сфера! Секој грешник е целиот во неа, но главно се фаќа за еден грев!“Не треба да се заборави и на заострените црти на карактерот кои се резултат на одредени ситуации. Така, научник што работи на нова статија може со месеци да остане заглавен во својата тема, претставувајќи на тој начин упорна личност. Човек што претрпел тежок губиток може долго време да пројавува црти на депресивна личност, и сл.
Прашањето за тоа што се смета за норма, а што за патологија, секогаш било мошне сложено. Методолошкиот арсенал на православниот психолог е збогатен со такви јасни аскетски поими како што се грев, страст, гревовни навики и сл. Тоа знаење го става во поповолна положба во споредба со световните научници, коишто не ги разграничиле нормата и патологијата. Да се потсетиме дека во современото општество постои тенденција психичкото растројство да се смета како некаква варијанта на нормата, со тоа што таа не е применлива на доминантен општествен стереотип. 

Уште една премиса од којашто тргнавме. Еден од важните поими во Православието е преобразбата  не претворањето, туку одухотворувањето, возвишувањето, облагородувањето на сè што е природно, на сите нешта што се во човекот, меѓу другото и на неговите душевни сили. Ова пресудно влијаело врз утврдувањето на насловот на книгата.

Како автори, не направивме ниту најмал обид да ги класифицираме аномалиите користејќи се со веќе познати термини и поими. Не си го поставивме како цел ниту описот на сите можни патокарактеролошки феномени. Темите на нашите поглавја се ограничени на проблемите на патопсихологијата во контекстот на православниот поглед на душевниот живот на човекот. Тоа се нафрлени анализи на портрети на аномалните, невротичните, акцентуираните „стилови“  на егзистирање во ентериерот на црковниот начин на живеење, напишани со перото на православен психолог.

Меѓу задачите на оваа книга е и утврдувањето како се формираат одредени акцентуирани карактери, како личностите со таков карактер дејствуваат во условите што владеат во црковната заедница, со какви тешкотии се среќаваат, кои се патиштата на хармонизацијата на личноста и на преобразувањето на душата.

Во сферата на нашето интересирање најчесто влегуваа акцентуирани личности . Ние се обидувавме да ја разгледаме врската на акцентуацијата со гревовните навики, не заборавајќи дека и „здравиот“ човек може да биде голем грешник, без притоа да покажува знаци на растревоженост или грижа на совеста. Од друга страна, човек со сериозно нарушено психичко здравје може да биде значително почист и подлабок од т.н. просечен, „нормален“ човек.

Авторите воопшто не претендираат на оригиналност и на систематичност на излагањето. Оваа книга попрво претставува збирка огледи, обединети во една општа идеја. Освен тоа, ние намерно не го упростувавме материјалот, зашто за длабоките појави најдобро може да се зборува на јазикот на професионалниот психолог. Се смета дека е полезно секој човек, којшто се интересира за православната психологија, да влезе во светот на најдобрите достигнувања на психолошката наука. Од друга страна, сите психолошки феномени се разгледуваат во книгава од гледна точка на православната антропологија, затоа во текстот има толку многу повикувања на богословски текстови. Соодветно, оваа книга е наменета за луѓе коишто размислуваат и творат.

 +++

 а. Антипсихијатриска струја во 60-70-тите години во Западна Европа и во САД, а во почетокот на 90-тите години и во Русија.
 б. Поимот „стил на личноста“ е авторски термин на современиот психотерапевт Д. Шапиро.
ц.Термин предложен од страна на германскиот психијатар Karin Leonhard.


 

Друго:

apostol.Timotej.jpg

А. С. Бочаров, А. В. Чернишев: АКО ЗАМИНУВАШ - ЗАМИНУВАЈ

apostol.Timotej.jpg

http://preminportal.com.mk/content/view/5879/54/

apostol.Timotej.jpg

А. С. Бочаров, А. В. Чернишев: Психологија и психопатологија духовното раководство

А. С. Бочаров, А. В. Чернишев: МОТИВОТ НА ДЕПРЕСИЈА

 Stefan.zaBozik1.jpg

А. С. Бочаров, А. В. Чернишев: ВЕЧНИОТ МОТИВ ИЛИ НАМЕТЛИВИ ЛИЧНОСТИ 

http://preminportal.com.mk/content/view/9000/1/

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Наука и Култура

Септември 25, 2024
Zivko.Grozdanoski3

Интервју со Живко Грозданоски: ДПМ може да дејствува гласно, сложно и независно

Ми се чини дека надворешните предизвици, како на пример отсуството на соработка со некои членови (на Управниот одбор) на ДПМ, некои обиди за саботажа итн. (сè се тоа нешта што веројатно секогаш ќе ги има); па сега слабиот рејтинг на ДПМ меѓу членството и во…
Август 29, 2024
TviTER231

„РАДОСТА НЕ ДОАЃА САМА, ТАА МОЖЕ ДА ЈА ЗАСЕНИ ТАГАТА“ Академик Ќулавкова добитничка на наградата „Браќа Миладиновци“ на СВП

Пред 35 години, август 1989-та, ми беше доделена првата награда за најдобра поетска книга на годината, напишана на македонски јазик, ‘Браќа Миладиновци’. Тоа беше мојата книга ‘Жедби’, со поднаслов ‘Престапни песни’. Во неа, во шест циклуси, опеав неколку…

По премиерата на новиот филм „The Walk“ во Њујорк на двојната кандидатка за Оскар - Тамара Котевска

Ное 14, 2023 Филм, Театар 2020
Tamara.Kotevska
Работејќи од нејзините разговори со Асил и другите деца бегалци, режисерката направи…

„ПОЕЗИЈА ОД МАКЕДОНИЈА“ и „Версвил“

Авг 19, 2023 Литература 2537
TVIT762
Реномираното меѓународно списание за поезија „Версвил“, својот најнов број во целост го…

Беседи

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Како што постојат места на земјата на кои успева само еден вид растение и нема такви други места на кои истото растение би растело, така и во Црквата Христова постои...

 Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Незамисливо е да се биде христијанин без подвиг и крст. Оној што води лесен живот не може да се нарече христијанин. Некои луѓе отсекогаш верувале дека христијанин е оној кој...

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Тоа бил празникот на христијанското царство, кое се родило под закрилата на Крстот, во денот кога царот Константин го видел Крстот над кој пишувало:: „Со ова ќе победиш…” Тоа е...

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Во Ветената земја - Палестина, дадена на израилскиот народ од Бога, во планините на Галилеја се наоѓа градот Назарет. Во тоа време тој бил толку непознат и малку важен, што...

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Самиот тој, со својот начин на живот, е олицетворение на покајанието. И нормално, не би ни можел да биде повикан од Бог да проповеда покајание ако целата негова сила не...

БОГОРОДИЦА

БОГОРОДИЦА

„Испитувајќи што му е најпотребно на молитвеникот за да беседи со Бог, по кој пат доаѓа молитвата, Богородица го пронаоѓа свештеното тихување..., оддалеченост од светот, заборав на сè земно и...

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

И колку славно било Нејзиното успение! Со каква светлина сјаело Нејзиното пречисто лице. Колку прекрасно, неописливо, неспоресливо благоухание извирало од нејзиното пречисто, приснодевствено тело, како што пишува св. Дионисиј Ареопагит,...

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Многу е важно правилно да разбереме и да ги запомниме зборовите на тропарот на великиот празник на Успението на Пресвета Богородица: „... По Успението не си го оставила светот, Богородице...’’.Нејзината...

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

А и зошто Господ, пред почетокот на Преображението ги избира најглавните од апостолскиот лик и ги возведува со Себе на гората? Секако, за да им покаже нешто големо и таинствено....

« »

Најново од култура

Православен календар (2)

 

22/12/2024 - недела

Божикен пост (на риба)

Зачнувањето на Света Ана; Св. Ана, мајката на Пророкот Самуил; Преп. Стефан Новосјаен; Св. Софрониј, архиепископ Кипарски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Велики сте вие Мино и Ермогене,кои лично Христово присуство вовашите страдања измоливте.Благодатта преку вас не само Евграфа туку и целото...

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Се зарадува душата твоја во Господа,а таа радост по твоите молитви Христос ја пренесе на верните свои,о Ано смирена слугинко...

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная