Божествена Литургија во храмот на св.пророк Илија, Скопје( 06.12.2019)
Така, можно е да се вкуси благодатта Божја, зашто е кажано: „Вкусете и ќе видите колку е благ Господ“ (Псал. 33, 8). Ова вкусување е динамичната сила на Духот која што се манифестира во целосна полнота во срцето. И затоа оние што се синови на Светлината, служители на Новиот Завет во Светиот Дух, немаат што да научат од луѓето. Тие самите се поучувани од Бог.