Поука на денот: Старец Софрониј Сахаров
Сe зависи од нашиот однос со Бога. Ако имаме доверба во Неговата Промисла, ќе најдеме сила да го следиме словото на нашиот духовен Отец. Логиката што му е својствена на секојдневниот живот и на нашите размислувања, не се доволни. Бог го напушта оној што има преголема доверба во својот разум!
Нема големо значение, ако некое слово на духовниот Отец е против нас или ако, некој совет ни се чини неразумен за општата логика.
Ако сме подготвени да го следиме словото, советите, ако имаме доверба во Него, тогаш Бог ќе ги нареди работите, така што кончанието да биде позитивно. Тајната на послушанието е една од посериозните стварности на патот кон спасението!