ЖИТИЕ НА ПРЕПОДОБНАТА (МАЈКА) МАРИЈА ЕГИПЕТСКА (3)
Кога го прочита овој напис, старецот најпрво се запраша, кој го напишал ова. Зашто таа, како што самата му имаше кажано, не знаеше да пишува. Но, многу се зарадува што го дозна името на преподобната. А, дозна и тоа дека таа минатата година, во истата ноќ кога се причести, стигнала до потокот, до кој, тој самиот мораше да патува дваесет дена, и веднаш си заминала кај Бога.