логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

SV.Sofija.Vera.Nadez.Ljubov.4

Кондак 1
Избрани слуги на Господ Седржителот, Вера,Надеж и Љубов и мудрата ви мајка Софија,пофални пеења умилно ви вознесуваме.Вие,бидејќи смелост пред Христа Бога имате,молете се за нас,да не избави од гревовите и страдањата,благосарствено да ви воскликнеме:
Радувајте се,Вера,Надеж и Љубов,заедно со Софија,вашата премудра мајка!
Икос 1
Ангелите на Небесата се радуваа,гледајќи го вашиот добродетелен живот,минуван во читање Божји Писанија,во труд,пост,молитва и милостина;вашата мајка непретано ве поучувала и сте јавиле образ на трите живи богословски добродетели,чии имиња ги носите.А ние,од таквата мудрост на вашата мајка и вшето совршено благоразумие восхитувајќи се,благовејно воскликнуваме:
Радувајте се,едномислени сестри и на трите добродетели истоимени!
Радувајте се,поучувањата на богомудрата ваша мајка до степен на совршенство сте ги довеле!
Радувајте се,како три рајски гранки,во зловерниот Рим стве израснале!
Радувај се,Софија,твоите ќерки со имиња на добродетели нарекувајќи ги,да ги исполнат си ги научила!
Радувај се,Вера,верата невидлива,видливо да ја видиме ни помагаш!
Радувај се,во нетление облечена!
Радувј се,Надеж,надеж во страдањата од лутите неволји и ко горната Десница показател!
Радувај се,на Царството Небесно наследничке!
Радувај се,Љубов,со љубов Божествена блаженството на бесмртниот живот ни го откриваш!
Радувај се,со благодатта на Духот Свети си осенета!
Радувај се,Софија,премудра,во премудрост своите ќерки си ги воспитала!
Радувај се,во добродетелите вера,надеж и љубов не утврдуваш!
Радувај се,Вера,Надеж и Љубов,заедно со Софија,вашата премудра мајка!
Кондак 2
Гледајќи ја мудроста на Софија,слугите дојдоа да ја повикаат заедно со ќерките кај царот Адријан и познавајќи ја причината за повиквањето свое,застана со чедата свои на молитва,просејќи помош од Бога:по молитвата си ги подадоа рацете како венец сплетени,одеа заедно пеејќи Му на Христа Бога:Алилуја!
Икос 2
Разум несомен сте имале,свети,кога во царската палата бевте воведени,пред царот Адријан се претставивте со светли лица,весели очи и храбро срце,а царот гледајќи ги вашите чесни,бестрашни лица и согледувајќи ја мудроста на Софија,го одложи на некое време судот свој и ве испрати кај некоја благородна жена.Кај неа престојувајќи три дена,вашата премудра мајка со боговдахновени зборови деноноќно ве поучувала.Почитувајќи ве,ви воскликнуваме:
Радувајте се,три непорочни агници Христови,бенец добродетелен добивте!
Радувајте се,три добродетелни сестри,тврда вера,несомнена надеж и нелицмерна љубов кон Господ Бог јавивте!
Радувајте се,не сте ја поштедиле убавината и младоста ваша заради Прекрасниот во доброто синот човечки!
Радувајте се Софија чедата твои возљубени на подвиг маченички за Христос си ги положила!
Радувај се,Вера со мачеништво за Христос верата твоја си ја исповедала!
Радувај се,сестите твои крепка вера издигнаа!
Радувај се,Надеж,тврда надеж во Христос си положила!
Радувај се,сестрите твои во нераслаблива надеж се укрепија!
Радувај се,Љубов,во маките за Христа љубовта твоја дејствителна ја покажа!
Радувај се,сестрите твои со огнена љубов биле оградени!
Радувај се,Софија,слатките чеда твои го зголемија презирот кон славата и богатството и целата сладост во гнилежниот свет!
Радувај се,добрите твои ќерки до крај да стојат во Господа и да умрат за Него усрдно си ги научила!
Радувајте се,Вера,Надеж и Љубов,заедно со Софија,вашата премудра мајка!
Кондак 3
Со сила Боженствена осенети беа маченичките,добродетелните имиња свои ги јавија на дело во подвиг маченички,воспевајќи Му на Бога:Алилуја!
Икос 3
Имајќи во себе светите маченички столб од вера,крилја на надеж и оган од љубов,во сладост слушајќи ги зборовите на мајка им,една со друга во долготрпение се утврдуваа и радосно одеа,сакајќи чесно мачеништво за Христа.На тоа поклонувајќи се,кон нашиот Бог за нив повикуваме да се вознесе почит:
Радувајте се,ни малку нерастажени заради лишувањето од времениот живот за живот вечен!
Радувајте се,заради честа Христова плотта на маки сте ја предале!
Радувајте се,три многувредни садови на верата,надежта,и љубовта кон Бога во дар се принесовте!
Радувај се,Софија,заради љубовта преголема кон твоите ќерки со цело срце си посакала Царството Божјо да го наследат!
Радувај се,Вера,душите наши во вера ги заблескуваш!
Радувај се,кон тивко пристаниште не вознесуваш!
Радувај се,Надеж,срцата наши со надежна сладост ги оживуваш!
Радувај се,од крајбрежјето на очајанието не извлекуваш!
Радувај се,Љубов,страдањата и несреќите наши во радост ги претвораш!
Радувај се,скаменетите срца наши во умиление ги предводиш!
Радувај се,Софија,во мудроста на благоста не населуваш!
Радувај се,помраченото око на душите наши го просветуваш!
Радувај се,Вера,Надеж и Љубов,заедно со Софија,вашата премудра мајка!
Кондак 4
Бура од јарост на мачителеви напади паднаа врз тебе,света Веро,но не те поколебаа:заради твојата непоколеблива вера се потчини,со крепост и нас верните не научи заедно со тебе на Бога да Му воспеваме:Алилуја!
Икос 4
Слушајќи ги мудрата мајка своите ќерки како пред царот бестрашно Христос го исповедаа,и глаголеа дека Него единствен Го сакаат и ќе страдаат и ќе ги претрпат сите горки маки заради слаткиот Исус Христос,радувајќи се и молејќи Го Бога да ги укрепи во претстоечките маки.Вознесувајќи пофалби,воспеваме:
Радувај се,Веро,немилосрдните измачувања заради слаткиот Исус слатко си ги примила!
Радувај се,како крин на чистота во жртва на Господа си се принела!
Радувај се,од раните твои наместо крв млеко потече!
Радувај се,на вжештено железо положена си била!
Радувај се,врзана со огнен вриеж,незапалена си останала!
Радувај се,страстите наши со небесно ладење ги стишуваш!
Радувај се,огнот мачителен во болестите наши го гаснеш!
Радувај се,со знак на вера насреде напастите не означуваш!
Радувај се,со чиста вера во одбрана од демоните не покриваш!
Радувај се,чесната твоја глава за Главата на Црква,Христос Бог,под меч радосно си ја преклонила!
Радувај се,со твоето крвопролевање,во чистота облечена си се јавила пред Бесмртниот Женик твој!
Радувај се,кон посакуваниот крај движејќи се саканиот Спасител Исус си го видела!
Радувајте се,Вера,Надеж и Љубов,заедно со Софија,вашата премудра Мајка!

Sv.SofijaVera.Nadezh.Ljubov6


Кондак 5
На Богоподателни ѕвезди сте се уподобиле,Вера,Надеж и Љубив со сето срце сте се прилепиле кон единствениот вечен живот и неискажана Убавина,кон Исус Христос,брзо одејќи,сте умреле за Него и сега насладувајќи се во Божественото видение Му воспевате:Алилуја!
Икос 5
Гледајќи ја добропобедните сестри светата Вера како радосно за Христа пострадува и самите посакаа душата своја за Него да ја положат:кога царот светата Надеж почна да ја испитува и согледувајќи ја едномислена во суштината со сестрите,на маки ја предаде.Ние,мудроста на светата Надеж со восклици ја почитуваме,воспеваме и прославуваме:
Радувај се,Надеж,во жестокото измачување пресветлата надеж во Господа не ја изгуби!
Радувај се,маките свои безропотно во молчание ги претрпе!
Радувај се,и нас крепко трпение ни подаваш!
Радувај се,заштитена во вжарената печка,незапалена останувајќи,пофалба на Бога си Му воздаде!
Радувај се,зашто и нас во страданијата на Божја пофалба не учиш!
Радувај се,од железни острила пострада!
Радувај се и нас,во големите неволји со зраци на надеж не засјајуваш!
Радувај се,зашто некои чудно благоухание од раните испушташ!
Радувај се,со непоколеблива надеж во Исус Христос неизмненливо си била заштитена!
Радувај се,со безнадежноста и безсилноста во нашите срца ја истребуваш!
Радувај се,посекувањето за Христа радосно си ги примила!
Радувај се,јасна денице,нас од земната печал угнетени,мир вечен ни разоткриваш!
Радувајте се,вера,Надеж и Љубов,заедно со Софија,вашата премудра мајка!
Кондак 6
На проповедниците и Богоносните апостоли подобни сте,Богомудри сестри:добродетелно проповедувајќи на сите верни вера,надеж и љубов во Господа,Владиката на се,Нему пеејќи Му:Алилуја!

sv.Sofija.Prichest3


Икос 6
Засвете како сонце,Љубов света,кон возљубениот Господ свој си покажала постоење на љубов за која е напишано:љубов силна како смрт,љубов која вода не ја гасне и реките не ја потопуваат.Сега ти се молиме,света Љубов,која со серафимски љубовен пламен кон Господа си горела,обови ги скаменетите и груби срца наши,внеси во нас,сиромашните во љубовта,свет на љубов,да Го возљубиме Господ и сите наши ближни,ти молитвеице наша која ја восфалуваме:
Радувај се,Љубов,зашто љубовта твоја кон Христос многуте прелести световни не ја изгаснаа!
Радувај се,ги одби сите ласкања и дарови на цареви и душата твоја за Господа ја положи!
Радувај се,зашто љубовта твоја реката на бедите и страданијата не ја потопија!
Радувај се,заради Господ Исус на тркало си била протегната,со железо биена,со сврдли прободена и во печка огнена фрлена
Радувај с,зашто во лутите маки твои со сила Божја си била укрепена
Радувај се,крвта твоја од љубов кон бесмртниот Женик твој Христос е пролеана и во ладните наши срца љубов побудува
Радувај се,јасни ни покажа за што заради љубов сите мачења слатко ги претрпе
Радувај се,јасно ни јави како од љубов Боженствена кон живот вечен се преминува
Радувај се,уверување дека љубовта е Божјо откровение за бесмртноста
Радувај се,зашто ни мачеништвото не беше возможно да ја раздели Љубов од љубовта Христова
Радувај се,маките како во апостолските прореченија,од љубовта Божја не те разлачија ни болките,ни раните,ни притесеснијата,ни гонењата,ни гладот,ни голотијата,ни бедата,ни мечот
Радувај се,заради љубовта кон Христа главата со меч ти беше отсечена
Радувајте се,Вера,Надеж и Љубов,заедно со Софија,вашата премудра мајка
Кондак 7
Сакајќи побргу од телата да се разделат и со Христа да бидат,светите деви тргнаа на посекување со меч,заедно една со друга и својата мајка Софија,поучувајќи на нас на бзаемна љубов,сите заедно да Му пееме на Бога:Алилуја!
Икос 7
Ново чудо покажа Господ,зашто помошта Своја им ја испрати на страдалните детски деви заради исповедувањето на името Негово:со вера,надеж и љубов укрепени и вознесени беа,доблесниот подвиг свој го завршија.Ние ве молиме вас во еедномислие и единодушие до крајот на животот да пребиваме,па и ние да учестуваме едномислено во собршениот добар дел,умилено величајќи ве:
Радувајте се,Вера,Надеж и Љубов по единствениот пат маченички до братите небесни сте стигнале
Радувајте се,со пресветлото својство на прељубезниот Женик ваш со радување во сте стигнале
Радувајте се,бидејќи Исус Христос ги просвети како ѕвезди на небесата,раните на телата ваши
Радувајте се Софија во доблесни маки чедата свои си ги гледала
Радувајте се,со небесна красота каква око не видела,ја украси Господ добрината ваша;со маки притеснета
Радувајте се,венци на награда сте примиле
Радувајте се,како три ѕвезди од Сонцето на правдата осветлени
Радувај се Софија,ќерките свои во храбро исповедање на името Христово со утешение си ги израснала
Радувајте се,маглата на нашите сомневања ја расејувате
Радувајте се,нас потиштените од душевни и телесни страдања не поткрепувате
Радувајте се,со красотата на љубовта нашите срца ги украсивте
Радувај се Софијаа,крепост и утеха на изнемоштените во бедите и опасностите
Радувајте се,Вера,Надеж и Љубов,заедно со Софија,вашата премудра мајка!
Кондак 8
Туѓо и непоимливо ни е нам немоќните,во светските сласти потонати,гледајќи го делото на светата Софија,кога своите возљубени чеда гледајќи ги во лути и горки маки и во смрт,ни малку не ожалостувајќи се,но радосно со целиот дух Му воспе на Бога:Алилуја!
Икос 8
Во се вишно мудра Софија,своите ќерки,слатки словесни и со мудрост овенчано на мачење ги подвизуваше.Над природата со солзи се поклони,од љубов кон Христос премина во радост,тежината срдечна и болката мајчинска за чедата ја победи во себе со Божјата љубов.Имајќи љубов голема со љубов ќерките свои ги предаде во желба за Царството Небесно.Заради чудната мудрост и големата љубов твоја кон ќерките,те славиме,повикувајќи:
Радувај се Софија,сушата твоја се возвесели за блажениот крај на твоите ќерки,светото име Господово со храброст исповедувајќи го:
Радувај се,со маченичко венчание чедата твои во чест и слава се јавија
Радувај се,со учество маченичко и пребивање со ќерките во небесната Слава на Христа Бога се удостоивте
Радувај се,чесните тела на твоите ќерки со радосни солзи ги погреба
Радувај се,три дни во гроб преседија и во сон смртен за Господа почиваа
Радувај се,мајко не со плот,туку со срцето за Христа пострада
Радувај се,трите добродетелни ќерки,како вера,надеж и љубов пред Бога ги јави и во дар на пресветата Троица ги принесе
Радувај се,заради чедородитето се спаси
Радувај се,прекрасна мајко на благ спомен достојна
Радувај се,твоите ќерки крвта своја за Христа ја пролија молејќи се
Радувај се,омудри не да пребиваме непрестано во добродетелите:вера,надеж и љубов
Радувај се,Животворната Троица за нас молејќи ја
Радувајте се,Вера,Надеж и Љубов,заедно со Софија,вашата премудра мајка!

Sv.SofijaVera.Nadezh.Ljubov7


Кондак 9
Сите Ангели се восхитија на вашите страдања,свети маченички,и победата ваша над ѓаволот торжествува;душите ваши кон Небесата приведувајќи ги,Му воспеваа на Христа Бога:Aлилуја!
Икос 9
Но многуглаголивите говорници,страданијата ваши за Христа не можат да ги искажат,весхитувајќи се на подвигот,во млади години примен,занемуваат.Ние за чесниот крај ваш Бога прославувајќи Го,ве величаме:
Радувајте се,Вера,Надеж и Љубов,пеејќи пофалба кон Бога,на небото во небесното сте вознесени
Радувајте се,штитови на верата,оклопи на надежта и светилници на љубовта
Радувајте се,гледајќи Го пресветлото лице Божјо се насладувате
Радувај се,Софија,багочестива мајко во мудро воспитание своите чеда си ги поучувала
Радувајте се,не поучувате нас да воскликнуваме кон Господа и живи да бидат душите наши
Радувај се,со вера,надеж и љубов прибегнуваме кон вас,топли молитвеници
Радувајте се,не вразумувате зашто сладоста и прелеста светска како чад исчезнува,како прав во ветар ја растурате и не обраќате
Радувај се Софија,со цело срце Господ Бог си Го возљубила
Радувајте се,како три Светли клучеви кон ениниот Источник на животот притекнувате
Радувајте се,како три благоцветни цветови на единствеа благоплодна гранка процветани
Радувајте се,како три огледала,бесконечната Божја убавина во себе сте ја одразиле
Радувај се Софија,како маслинки три гранки одгледани,изобилни плодови од дарови Божји израснаа
Радувајте се,Вера,Надеж и Љубов,заедно со Софија,вашата премудра мајка!
Кондак 10
Сакајќи да ги спасат душите свои,светите маченички,аради љубовта Христова ласкањата светски,се плотско презреа и радосно крајот маченички заради Христа го примија,пеејќи Му Нему:Алилуја!
Икос 10
Столбови на верата,надежта и љубовта јавија светите маченички во се,прибегнуваме кон нив со топла и усрдна молитва,во сите неволји и напасти,повикувајќи:
Радувајте се,на јазот гревовен добри исцелителки
Радувајте се во темнината на маката наша со света надеж не осветлувате
Радувајте се,среде напастите и маките прекрасен покој нам ни испраќате
Радувај се,Софија,нас во злострадалност поврзаните,мудро старателство ни јавуваш
Радувај се,Вера,крст на спасение пред нас подигаш
Радувај се,слабостите наши по молитвите кон тебе се исцелуваат
Радувај се,Надеж,котва за избавување ни подаваш
Радувај се,унинието на срцата наши благо го оттргнуваш
Радувај се,Љубов со твоето претставување пред Господа,од злите напасти и ненадејна смрт не оградуваш
Радувај се,изнемоштените наши сили со бодрост ги подигаш
Радувај се,Софија,голема молитвенице за нас пред Бога
Радувај се,во добрите дела наши мудра наставничке
Радувајте се,Вера,Надеж и Љубов,заедно со Софија,вашата премудра мајка!

SV.Sofija.Vera.Nadez.Ljubov.3
Кондак 11
Пеењето пофално кое ви го принесуваме вам,свети маченички,ако биде и многубројно,нема да биде доволно да ја прославиме добродетелта и подбигот ваш,затоа пофалба на Бога Му вознесуваме за се,бидејќи во светиите свои ве јавува,а ние пееме:Алилуја!
Икос 11
Во небесниот свет пред Господа горат како свеќи,подобните Вера,Надеж и Љубов,заедно со мајка им Софија;кон нив припаѓаме,молејќи се да не просветат нас помрачените од маки,и од длабочината на срцето повикуваме:
Радувајте се,ризите ваши со крвта од Агнецот на земјата ги обеливте
Радувајте се,живот вечен ни покажавте
Радувајте се,на душите кои бараат покој во милосрдието Божјо,утврдување и хранење
Радувај се,Софија,од суетите светски наше оградување
Радувај се,Вера,вредна кадилнице,како темјан пофалба на Бога Му вознесуваш
Радувај се,нас грешнните со вера не просветлуваш
Радувај се,Надеж,во неволјите наши утешение и прибежиште
Радувај се,во нашите жалости ако светлозарна весница не избавуваш
Радувај се,Љубов,незлобие и ротост во срцата наши вливаш
Радувај се ,таинствена ѕвездо,од маките земни горе не вознесуваш
Радувај се,Софија,мудра и пречесна детоводителке
Радувај се,молитва ти упатуваме,на богомудар живот устроителнице
Радувајте се,Вера,Надеж и Љубов,заедно со Софија,вашата премудра мајка
Кондак 12
Сте примиле Божја благодат,удостоени,молете Го за нас,свети маченички,Пречистиот Владика Христос,да биде милостив кон нас грешните:со вера,надеж и љубов Нему Единствениот Господ и Спасител наш,смирено Му пееме:Aлилуја!
Икос 12
Го воспеваме вашиот силен подвиг,проникнати во верата,надежта и љубовта,го почитуваме страдањето ваше примерно,го восфалуваме прекрасното ваше трпение,го ублажуваме крајот заради Христа кој радосно сте го поднеле,ја величаме несоборливата храброст ваша,свети маченички,Вера,Надеж и Љубов и мудрата ви мајка Софија и прославувајќи ве повикуваме:
Радувајте се,како три струи молскавични од исток до запад со добродетелите свои засветливте
Радувајте се,садови на вера,надеж и љубов,со животворно питие душите наши ги напојувате
Радувајте се,три светлозарни патеки,кон Престолот на Славата не воведувате
Радувај се,Софиа,заради своите чеда од ликовите на Светиите пофалена
Радувај се ,Вера,цвету на верата,од снег побела
Радувај се,насладување на жедните за сладост
Радувај се,Надеж,на угнетените срца вознесување
Радувај се,како поток целосен зажарените души од болки ги гаснеш
Радувај се,Љубов,венец од мир,со радост и благост исплетен
Радувај се,духовноблескава на вечноста
Радувај се,Софија,со жезло на сила,кротост и мудрост чедата си ги поучувала
Радувај се,Богонадежна со преветол зрак душите наши ги засветлуваш
Радувајте се,Вера,Надеж и Љубов,заедно со Софија,вашата премудра мајка


Кондак 13
О,свети и достојнопофални маченички,Вера,Надеж и Љубов,и мудрата ви мајка Софија,сега примете го нашето молење и од сите беди,болести,и несреќи по молитвите ваши избавете не,да се уподобиме во Црството Небесно на погледот кон Бесмртниот Господ Исус,заедно со вас,воспевајќи Му Нему:Алилуја!
(Овој кондак се чита три пати,а потоа се чита Икос 1 и Кондак 1).

 

 sv.Sofija.Prichest1

 

 

 fbВеронаука во архиепископскиот соборен храм „Свети Климент Охридски“

sv.Sofija.Prichest4

Foto PP

30 септември 2023 лето Господово

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3213
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7697
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

22/12/2024 - недела

Божикен пост (на риба)

Зачнувањето на Света Ана; Св. Ана, мајката на Пророкот Самуил; Преп. Стефан Новосјаен; Св. Софрониј, архиепископ Кипарски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Се зарадува душата твоја во Господа,а таа радост по твоите молитви Христос ја пренесе на верните свои,о Ано смирена слугинко...

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Исповедниче на вистината, сведоку на благодатта, проповедниче на слободата, Парамоне свети мачениче, трубо Божја за сведоштво,оправдание на твоите триста и седумдесет

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная