Подвижнички поуки од свети Исак Сирски (20.07.2017)
Во секоја разумна природа има безброј промени и во секој човек секој час стануваат изменувања. Разумниот може да стане мудар, ако ги разбира сите овие промени и ако се самоиспитува; ако биде трезвен и ако се надгледува со својот ум, лесно може да дознае кога која промена ја прима неговата мисла и како одеднаш од мирна состојба преминува во вознемиреност и поради какви причини.