логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 

Возљубени духовни чеда,

Денес Светата Православната Црква го празнува најскапоцениот Дар кој човекот го прими од својот Создател – телесното раѓање на нашиот Господ и Спасител Исус Христос. Кога се исполни времето, старозаветното пророштвото искажано преку устата на пророкот Исаија се оствари токму во малото местенце Витлеем, “… ете, Девица ќе зачне и ќе роди Син, и ќе му го дадат името Емануел” (Исаија 7:14). Синот Божји, Вечното Слово Божјо, се воплоти преку Светиот Дух и Дева Марија и стана еден од нас. Бог стана човек, за човекот да го обожи и да го направи сличен на Себе. Оние кои ја имаа привилегијата да бидат физички сведоци на овој монументален настан кој доведе до радикални промени во текот на историјата на човештвото, беа првите кои ги слушнаа блажените ангелски зборови, “Не плашете се: Еве ви навестувам голема радост која ќе биде за сите луѓе, зашто денес ви се роди во градот Давидов, Спасител, Кој е Господ” (Лука 2:10-11). Како тие тогаш, така и ние денес, од година во година не престануваме да се воодушевуваме од важноста на овој универзален космички настан. Но, за правилно да биде сфатена големината на Христовото рождество, пред сè, потребно е правилно да разбереме што е тоа од кое Христос нас нè спасува.

Мили мои во Христа Спасителот,

Уште од Адам и Ева, кои на некој начин поставија лош пример за сите поколенија и со тоа ја отворија вратата на гревот, во секој од нас провејува истата непослушност и бунтовност кон божјите возвишени стандарди. Како и прародителите, така и ние денес, секојдневно се соочуваме со истото основно искушение а тоа е, со своите вредности да ги замениме божјите, та во свое време и на свој начин самите да се прогласиме за “богови” (Битие 3:1-7). Иако сите сме виновни за истиот грев, како индивидуално така и колективно како човештво, ваквата состојба светоотечкото предание всушност ја дефинира како болест од која самите не можеме да се излечиме. За гревот, како духовна болест која го зафатила целото човештво и нè заробила уште од почетоците на човековото постоење, нема друг универзално ефективен лек освен оној Божјиот, преку отелотворувањето на Синот Божји. Ако гревот на толку суштински начин се помешал со нашата личност и на некој начин станал наша “втора природа,” тогаш преку отелотворувањето, Христос на суштински начин врз себе ја превзеде човечката природа, и откако ја исцели и обожи, ни ја понуди слободата на обожувањето како “втора природа” наспроти ропството на гревот. Нам ни беше потребен Некој Кој е способен онтолошки да ја измени човечката природа, така што со присуството на Неговата благодат ќе го истисне ропството на гревот. Па така, секој од нас повторно може да биде прогласен за “обожен,” но овој пат на оној вистинскиот, од Бога предвиден и благословен начин. Ова, се разбира, можеше единствено Христос да го постигне токму затоа што припаѓа и на двата светови: Небесниот од каде и потекнува, и земскиот кој своеволно го превзеде. Како што нè поучува Светиот Јован Златоуст, Отелотворувањето Христово е чудесен настан зашто “го поништува ропството, ја крши силата на смртта, ги отклучува рајските порти, ја одзема клетвата, го оттргнува гревот од човекот, ја отклонува грешката, ја враќа вистината, ги сузбива демонските сили, а ангелите бестрашно со нас комуницираат и конечно, небесното владение и живот го претстави на земјата.”

Драги браќа и сестри,

Чинот на отелотворување на Синот Божји е исто така и поучителен настан, а за нас полезно е овој Божиќ да се огледаме на Христовата Скромност која се очитуваше преку понизноста и послушноста. Иако Творец на универзумот, Христос не одбра да се роди во Ерусалим или Рим, туку во малото местенце Витлеем. Тој не одбра да дојде во познато или општествено влијателно семејство, туку во семејството на дрводелецот Јосиф и девојката Марија. Богомладенецот не одбра рождество во удобна палата опкружен со лекари и медицински помагала, туку во скромна и неудобна штала. Како што се роди, Тој така и живееше. Не носеше скапи облеки ниту јадеше скапа храна. Сè што имаше му беше дадено а и Самиот истото го раздаваше на луѓето во потреба. Живееше во скромност и понизност а сепак го спаси човештвото, или подобро е да се каже, токму затоа го спаси човештвото. Она што во што не успеаја прародителите заради неконтролираните желби, непослушноста и горделивоста, Христос го постигна токму преку скромноста, послушноста и понизноста. За разлика од Адам и Ева, Христос не се исплаши дека ќе му биде одземена славата доколку своеволно и себично не се држи до она што му припаѓа. Напротив, Тој доброволно и во старт се откажа од Своето. Христос, “иако беше во обличје Божјо, сепак не држеше многу до тоа што е еднаков со Бога, но Сам Себе се понизи откако зеде обличје на слуга и се изедначи со луѓето и по вид се покажа како човек.” (Филипјаните 2:6-7). Адам, грчевито се држеше и се грабаше за ветувањето, а изгуби сè. Христос пак, иако доброволно се откажа од сè што имаше, од Своето ништо не изгуби. Ова е вистинска мудрост преку која Тој го ослободи човештвото. Скромноста со понизноста и послушноста како свои придружнички, според Христовиот пример, се доблести кои секојдневно треба да ги следиме и подражаваме, без страв дека некој може да ни го одземе она што во мудроста Божја е одредено нам да ни припадне.

Возљубени во Христа Богочовекот,

Ова е период во кој темата за Божиќ секоја година станува повторно актуелна. За жал, наместо за суштината на рождеството, луѓето скоро исклучиво се интересираат за техничките нешта околу празнувањето како датумите, точните зборови кои ги употребуваме при честитањето, храната која треба да ја припремиме за прославата и ним сличните. Она што вистински треба да не загрижува драги мои, е целосното десакрализирање на рождеството и неговото целосно сведување на световен празник. За “светот,” Божиќ е само убав универзален празник на западната култура, оптоварен со комерција, консумеризам, разни дедомразовци, светилки, украси и убаво спакувани дарови, без трага и спомен за Христовите придобивки за кои веќе говоревме. Тоа е само уште еден празник чија главна цел е убав провод и ден повеќе одмор од работата. Вистинското празнување на Божиќ е бесмислено доколку во нас не оживеала суштинската промена заради која Божиќ и се случи. Ако од празнувањето ја истиснеме метафизичката реалност дека рождеството стана единствено заради исцеление на нашата гревовна природа и ако таквото разбирање не води кон суштински промени во нашата личност, самата прослава станува излишна и потполно бесмислена.

Мили мои во Христа,

Раѓањето на Синот Божји донесе исцеление за целиот човечки род. Преку отелотворувањето Христос ги постави темелите за новата реалност на Божјото присуство помеѓу луѓето – Светата Православна Црква како заедница на Христијани, а самото воплотувањето, стана извор на силата на таа Заедница, Црквата. Секој кој верува дека Синот Божји се јави во тело, и кој се крстил во Неговото име, станува дел од ова ново Христово семејство. “Вие сте тело Христово, а поодеделно сте Негови членови,” нè поучува св. Апостол Павле (1 Коринтјаните 12:27). Празнувањето на Божиќ е празнување на таинственото Тело Христово, зашто преку отелотворувањето верниците стануваат заедница на членови во Христа. Преку воплотувањето на еден таинствен начин човештвото се обединува во Христа. Токму затоа од огромна важност е да се биде дел од тоа семејство, та земајќи учество во неделните богослужби на реален начин да бидеме дел тое единство, првенствено со Христа преку причестувањето со Неговите Тело и Крв, а потоа и со останатите членови од Телото, односно нашите браќа и сестри христијани. Црковниот живот драги мои, има многу поголемо значење од едноставна традиционална припадност или религиозна обврска. Тоа е живот во Христа, искусување на слободата од ропството на гревот, суштинска промена преку благодатта на обожението, и предвкус на идното Божјо Царство.

Возљубени во Христа Богомладенецот,

Да се радуваме заради љубовта со која Христос засака. Да се пееме за неизмерната милост која ни е понудена. Да воскликнеме за Христовата извојувана победа над смртта и гревот. Да ја зграбиме понудената можност за божанска трансформација. Да не дозволиме да се задоволиме единствено со материјалните дарови, туку да го примиме Дарот Христов кој единствено ќе нè направи вистински задоволни. Да ја прославуваме радоста на рождеството и да ги сакаме ближните со љубовта со која Новороденецот прв нè засака.

Христос се раѓа, славете!

Христос од Небото, пречекајте Го!

Христос на земјата, воспејте Го!

Пеј Му на Господ цела земјо во радост!

Пејте Му народи, зашто се прослави!

НЕКА НИ СЕ ЗА МНОГУ ГОДИНИ БОЖИЌНИТЕ И БОГОЈАВЛЕНСКИТЕ ПРАЗНУВАЊА!

ХРИСТОС СЕ РОДИ! НАВИСТИНА СЕ РОДИ!

Митрополит Американско-Канадски

Методиј

 

 Извор: Мистагогија.мк



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3213
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7698
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

22/12/2024 - недела

Божикен пост (на риба)

Зачнувањето на Света Ана; Св. Ана, мајката на Пророкот Самуил; Преп. Стефан Новосјаен; Св. Софрониј, архиепископ Кипарски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Велики сте вие Мино и Ермогене,кои лично Христово присуство вовашите страдања измоливте.Благодатта преку вас не само Евграфа туку и целото...

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Се зарадува душата твоја во Господа,а таа радост по твоите молитви Христос ја пренесе на верните свои,о Ано смирена слугинко...

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная