г. Јосиф, митрополит Тетовско-гостиварски - „Вие што жеднеете, дојдете при водите…“
Kако што Фотина, жената Самарјанка, која разговарала со нашиот Господ и Го молела да ѝ даде „вода жива“: „Господи дај ми таква вода за да не ожеднувам“ и ние сега Го молиме Бога, преку зборовите во чинот на Осветувањето: „Освети ме мене и водите, Спасителу, Ти, Кој го земаш гревот на светот“.