логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 Секогаш со длабоко изнијансирани чувства, пораки или сеќавања, преродбенички настроен,

креативен во насоки кои изненадуваат но и облагородуваат,

во оваа пригода нашиот Тихомир Јанчовски ни

подари исклучително  инспиративен

превод на :

 

Џелалудин Мохамед Руми (1207-1273). Персиски  филозоф, поет, правник, учител и суфист. Еден од најголемите поети и мислители на сите времиња. Ремек-делото на Руми, Месневија, содржи 25 000 стихови. Тој не ја пишувал книгава туку последните 15 години од животот само беседел и рецитирал, а Хусамедин Челеби ги запишувал неговите зборови. Оваа поетска збирка според многумина спаѓа во редот на најголемите авторски и духовни дела во историјата на човештвото.

 

Вовед



Идејата да преведам избор од песните на Руми на македонски во мене се загнезди одамна, пред цели 11 години. Летото 2007, во август, кога се поздравував за збогум со индоамериканската поетеса Уша Акела пред Феријалниот дом во Скопје, таа ми даде една книга и рече: „Прочитај го ова и дај му го на друг. Да не остане книгава кај тебе!“ Реков, важи. Не реков баш „важи“, зборувавме на англиски, ама се согласив да го направам тоа што таа сакаше. Потоа Уша си замина за Тексас. Kнигата што ми ја остави беше црвеникава, со тврди корици, а на предната пишуваше „Тhe Essential, RUMI (Тranslations by Coleman Barks with John Moyne)“. Знаев за Руми и пред тоа, не дека не, но ова беше убаво и богато издание, на 300 страници... книга за мерак. Оттогаш, често ја листав и прелистував, и како што правам со сите книги напишани на друг јазик што донекаде го разбирам, при читањето си ја преведував содржината во себе. На македонски. На единствениот јазик што добро го знам и во кој се чувствувам дома. Така правам уште од студентските денови, нешто ме тера однатре, верувам дека истото им се случува и на други, иако можеби ги нема многу... таквите си знаат и тие ќе ме разберат.

Ова не е првиот превод на Руми на македонски. Првиот беше едно мало жолтеникаво книже преведено од Илхами Емин, пред триесетина години. Знам и за уште два превода, од Михајло Свидерски и Ана Пејчинова. Тие излегоа неодамна. Последниот, на Ана, „Скапоцен камен во водата“ (2014), е далеку пообемен, има сериозен предговор, и според мене, тој е далеку најдобар од наведените. Не велам препев туку превод, оти ни јас, ни другите наши преведувачи не го познаваме персискиот јазик, фарси, изворниот јазик на кој мислел и пишувал Руми. За чудо, мислам дека и покрај тоа неговата поезија при преводот не губи ништо премногу битно, ами напротив, токму со современите преводи во слободен стих таа уште повеќе се доближува до сензибилитетот на современиот читател.

При изборот и преведувањето на песните за „Два света“, освен основната книга на Баркс, користев и други книги со преводи на песните на Руми напишани на јазици што ги познавам: Divani Šemsi Tabrizi (Aхмед Ананда, БиХ), Jedino sve (Ѓусиќ и Љубиша,Србија), The book of love (исто од Баркс)… како и еден куп електронски извори до кои секој може лесно да дојде. Доволно е да внесете Руми, Маснави, Персија... и само ќе ви се каже.

Песните ги преведував по чувство, без напор, онака како што мислев дека треба, на јазик разбирлив за секого; и за ѕидар, и за шофер, и за студент и за академик. Еден од главните чинители при изборот на песните за „Два света“ ми беше тие да звучат добро, лесно и неусилено на нашиот јазик, сакав зборовите да течат и тоа ме ограничуваше, но се надевам дека барем делумно сум успеал во намерата. Песните си ги преведував во умот при секое читање долги години, а интензивно се зафатив со работа есента 2017.  Некако ми појде тогаш, тркалото се сврте како што треба и запчаниците фатија.
Да кажеме нешто и за авторот. За човекот од Рум, Анадолија. Џелалудин Руми е роден на 30 септември 1207 година во  Балк (Авганистан), а животот го завршил на 17 декември 1273 во Коња (Турција). Балк тогаш бил во состав на Персија, а Коња во областа Румелија, некогашното Римско и тогашно Селџучко Царство. Оттаму и името по кое Џелалудин е познат, РУМИ.  Во цртичката помеѓу годините на неговото доаѓање и неговото заминување од овој свет (1207-1273) се содржи една цела поетска вселена. И тоа нека биде доволно. Нема да го обременуваме читателот со податоци и подробности од неговиот живот, неговите познанства, пријателства (со Шемс Табризи и Хусамедин Челеби), патувања,  љубови, верувања, неговиот суфизам... Тоа се познати работи што секој заинтерсиран за Руми може лесно да ги најде и прочита. Неговите песни откриваат за него многу повеќе од биографските записи, и имаат многу што да кажат и денес, речиси 800 години откако се запишани. Зборовите на Руми денес се читани повеќе од кога и да е, а читатели му се луѓе од сите вери и нации. И надвор од нив.
Ѝ ветив на Уша дека ќе ја дадам книгата некому штом ќе ја прочитам, но уште не сум ја отуѓил. Еве ми ја тука, до мене, 11 години подоцна, сѐ уште си ја чувам. Можам да кажам, без да излажам, дека уште не сум ја прочитал. Не како што треба. Не докрај. Од друга страна, со издавањето на „Два света“ на македонски јазик, се надевам дека делумно си го исполнувам ветеното. Сега ја давам книгата на друг, и верувам дека ќе има многумина што ќе ја земат. И ќе ја читаат. Искрено се надевам дека песните на овој „Шекспир на Истокот“ еден ден ќе се најдат не само на полиците на домашните библиотеки ширум Македонија, туку ќе влезат и во програмите на училиштата и факултетите. Не зашто јас сум ги преведувал, туку зашто сакам луѓето од мојот народ да добијат можност од млада возраст да се запознаат со вистинска, непосредна и чиста уметност на зборот,  да ја засакаат поезијата како таква, и никогаш да не помислат дека таа е нешто претенциозно, сложено или неразбирливо.  
Руми бездруго е поетски гениј и еден од најголемите поети на сите времиња и сите простори. Тајната му е едноставна, искрен е и човечен до бескрај.


Тихомир Јанчовски

10-ти јуни 2018 лето Господово

 

Друго:

Дојди

Дојди, дојди кој и да си
било да бегаш, бараш или скиташ,
тоа веќе не е важно

Дојди, овде не ти се бројат гревовите,
дури и ако си клапнал илјада пати,
ела, дојди, дојди што поскоро

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Наука и Култура

Септември 25, 2024
Zivko.Grozdanoski3

Интервју со Живко Грозданоски: ДПМ може да дејствува гласно, сложно и независно

Ми се чини дека надворешните предизвици, како на пример отсуството на соработка со некои членови (на Управниот одбор) на ДПМ, некои обиди за саботажа итн. (сè се тоа нешта што веројатно секогаш ќе ги има); па сега слабиот рејтинг на ДПМ меѓу членството и во…
Август 29, 2024
TviTER231

„РАДОСТА НЕ ДОАЃА САМА, ТАА МОЖЕ ДА ЈА ЗАСЕНИ ТАГАТА“ Академик Ќулавкова добитничка на наградата „Браќа Миладиновци“ на СВП

Пред 35 години, август 1989-та, ми беше доделена првата награда за најдобра поетска книга на годината, напишана на македонски јазик, ‘Браќа Миладиновци’. Тоа беше мојата книга ‘Жедби’, со поднаслов ‘Престапни песни’. Во неа, во шест циклуси, опеав неколку…

По премиерата на новиот филм „The Walk“ во Њујорк на двојната кандидатка за Оскар - Тамара Котевска

Ное 14, 2023 Филм, Театар 2019
Tamara.Kotevska
Работејќи од нејзините разговори со Асил и другите деца бегалци, режисерката направи…

„ПОЕЗИЈА ОД МАКЕДОНИЈА“ и „Версвил“

Авг 19, 2023 Литература 2535
TVIT762
Реномираното меѓународно списание за поезија „Версвил“, својот најнов број во целост го…

Беседи

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Како што постојат места на земјата на кои успева само еден вид растение и нема такви други места на кои истото растение би растело, така и во Црквата Христова постои...

 Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Незамисливо е да се биде христијанин без подвиг и крст. Оној што води лесен живот не може да се нарече христијанин. Некои луѓе отсекогаш верувале дека христијанин е оној кој...

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Тоа бил празникот на христијанското царство, кое се родило под закрилата на Крстот, во денот кога царот Константин го видел Крстот над кој пишувало:: „Со ова ќе победиш…” Тоа е...

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Во Ветената земја - Палестина, дадена на израилскиот народ од Бога, во планините на Галилеја се наоѓа градот Назарет. Во тоа време тој бил толку непознат и малку важен, што...

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Самиот тој, со својот начин на живот, е олицетворение на покајанието. И нормално, не би ни можел да биде повикан од Бог да проповеда покајание ако целата негова сила не...

БОГОРОДИЦА

БОГОРОДИЦА

„Испитувајќи што му е најпотребно на молитвеникот за да беседи со Бог, по кој пат доаѓа молитвата, Богородица го пронаоѓа свештеното тихување..., оддалеченост од светот, заборав на сè земно и...

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

И колку славно било Нејзиното успение! Со каква светлина сјаело Нејзиното пречисто лице. Колку прекрасно, неописливо, неспоресливо благоухание извирало од нејзиното пречисто, приснодевствено тело, како што пишува св. Дионисиј Ареопагит,...

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Многу е важно правилно да разбереме и да ги запомниме зборовите на тропарот на великиот празник на Успението на Пресвета Богородица: „... По Успението не си го оставила светот, Богородице...’’.Нејзината...

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

А и зошто Господ, пред почетокот на Преображението ги избира најглавните од апостолскиот лик и ги возведува со Себе на гората? Секако, за да им покаже нешто големо и таинствено....

« »

Најново од култура

Православен календар (2)

 

22/12/2024 - недела

Божикен пост (на риба)

Зачнувањето на Света Ана; Св. Ана, мајката на Пророкот Самуил; Преп. Стефан Новосјаен; Св. Софрониј, архиепископ Кипарски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Исповедниче на вистината, сведоку на благодатта, проповедниче на слободата, Парамоне свети мачениче, трубо Божја за сведоштво,оправдание на твоите триста и седумдесет

Тропар на светите петнаесет Тивериополски свештеномаченици 28 ноември / 11 декември 2024

Тропар на светите петнаесет Тивериополски свештеномаченици 28 ноември / 11 декември 2024

Голема пофалба и крепост има градот Тивериски,ерарсите, свештениците и левитите: зашто откако идолската прелест ја разобличија, победници над нечестивите се...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная