ВИКАРЕН ЕПИСКОП СТОБИСКИ Г.ЈАКОВ: Не можеме да постоиме без Бог, нашето постоење зависи од Бог!
„Зависноста во човековата личност лежи во него и ги гледаме овие аномалии како последица на неговата паднатост, но и во првосоздадената природа онака како што Бог го создал човекот. Го создал како зависен, зависен од неговата Љубов. Бог нѐ приведува од небитие во битие.