Колку лајкови добивте за Да Винчи?
Уметноста и начинот на кој ја доживуваме се манифестираат на најразлични начини: моќна емоција, провокација за размислување, хумор, а честопати и чувство на здодевност. Некои луѓе сакаат да ја доживеат во тишина, други, пак, имаат потреба динамично и гласно да ја коментираат. Многумина ќе посакаат да направат фотографии и да ги објават на социјалните медиуми. Она што е важно за уметноста е само дека ја доживувате, а не е важно како го правите тоа.