„Непријателот не е надвор, тој е во нас“
Стравот е лош советник, но и причина да се појават многу од работите што претендираме да не ги видиме. Проблемот не е да нудиме мислење за тежината на болеста, туку да се прашуваме за етичките и политичките консеквенци од епидемијата. Прво што покажува бранот паника кој ја парализираше земјава е дека нашето општество веќе не верува во ништо освен во голиот живот. Очигледно е дека Италијаните се спремни