логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

sv.filaret.moskovski.jpg

Свети Филарет Московски

ПРАВОСЛАВЕН КАТИХИЗИС
(електронска верзија)

Кумановско-осоговска епархија
Куманово, 2013

 

 

 232. Дали постојат знаци на Второто Христово пришествие?
    Во Божјото слово ни се откриени некои знаци за приближување на Христовото пришествие. Имено, тие се: намалување на верата и љубовта помеѓу луѓето, намножување на пороците и сиромаштијата, проповедање на Евангелието на сите народи, пришествие на антихристот (спореди Мт. 24 глава).

233.Кој е антихрист?
Антихрист е противникот на Христос, кој ќе се обиде да го истреби христијанството, но сам ќе погине на ужасен начин (2 Сол. 2, 8).
    

234.Што е Христовото Царство?
    Царството Христово е, најнапред, целиот свет; како второ тоа се сите верни на земјата; како трето, сите блажени (односно праведни, светии) на небесата. Првото го нарекуваме царство на природата, второто – царство на благодатта, а третото – Царство на славата.
    

235.На кое од царствата се однесуваат зборовите „нема да има крај“?
    Зборовите од Символот за тоа дека ХристовотоЦарствонема да има крај, се однесуваат на Царството на славата.



За седмиот член од Символот на верата
   

236.Во која смисла Светиот Дух е наречен Господ?
    СветиотДух се нарекува Господ во истата смисла во којашто Господ се нарекува и СинотБожји, односно Светиот Дух е, исто така, вистински Бог.
  

 237. За тоа ни сведочи Светото писмо со зборовите кои ги изрекол апостол Петар во изобличувањето на Ананиј: зошто сатаната го исполни твоето срце да Го измамиш Светиот Дух?

И понатаму: ти не ги измами луѓето, туку Бог! (Дела 5, 3-4).
    

238.Зошто Светиот Дух е наречен Животворец?
    Светиот Дух се нарекува Животворец, и тоа треба да се разбере така што Тој заедно со Бог Отецот и Синот на сѐ создадено му дава живот, а особено им  дава духовен живот на луѓето.Ако некој не се роди од вода и Дух, не може да влезе во Царството Божјо (Јн. 3, 5).
    

239.Што знаеме за произлегувањето на Светиот Дух?
    За тоа дека Светиот Дух произлегува од Отецот, знаеме од следниве зборови на Самиот Господ Исус Христос: А кога ќе дојде Утешителот, Кого што ќе ви Го испратам Јас од Отецот, Духот на вистината, Кој излегува од Отецот, Тој ќе сведочи за Мене (Јн. 15, 26).
    

240.Дали може да постои и поинакво учење за произлегувањето на Светиот Дух?
    Учењето за произлегувањето на Светиот Дух од Отецот не може да подлежи на никаква промена или дополнување. Како прво, затоа што Православната Црква во тоа учење ги повторува зборовите на Самиот Исус Христос; а Неговите зборови, без сомнение, се доволно и совршено изразување на вистината. Како второ, затоа што Вториот вселенски собор, чиј главен предмет било утврдувањето на вистинското учење за Светиот Дух, без сомнеж, задоволително го изложил тоа учење во Символот на верата; и Католичката црква тоа го признала толку решително што Третиот вселенски собор со своето седмо правило забранил да се составува нов Символ на верата, па затоа преподобниот Јован Дамаскин пишува: „Светиот Дух треба да се нарекува Оној Кој од Отецот произлегува, па затоа може да се нарекува и Дух на Отецот, но никако не треба да се вели дека произлегува и од Синот, иако го нарекуваме и Дух на Синот“ (Точно изложување на православната вера, кн.1 гл.11. С. 4).
    

241. Каков степен на почитување му прилега на Светиот Дух?
     На Светиот Дух му прилега подеднаквопоклонување и прославување заедно со Отецот и Синот. Тоа е јасно од таму што Исус Христос повелел да се крсти во името на Отецот и Синот и Светиот Дух (Мт. 28, 19).
  

 242.Зошто е речено дека „Светиот Дух говорел преку пророците“?
    Да, во Символот на верата е кажано дека Светиот Дух говорел преку пророците. Тоа е кажано за разобличување на одредени лажни учења, кои велеле дека книгите на Стариот завет не се напишани од Светиот Дух.
  

 243. Светото писмо ни сведочи за тоа дека преку пророците говорел токму Светиот Дух. Апостол Петар пишува: зашто никогаш ниту едно пророштво не потекнува од човечка волја, туку луѓе поттикнати од Светиот Дух зборувале од Бога (2 Птр. 1, 21).
  

 244. Дали Светиот Дух говорел и преку апостолите?
     Светиот Дух говорел и преку апостолите, според зборовите на апостол Петар: Ним им беше откриено дека не си служеа себеси, туку вам, со овие нешта што сега ви ги објавија преку оние кои ви го проповедаа Евангелието преку Светиот Дух Кој беше испратен од небото (1 Птр. 1, 12).
    

245.Зошто апостолите не се споменати во Символот на верата?
    Затоа што во времето на неговото составување никој не се сомневал во боговдахновеноста на апостолите.
    

246. Како Светиот Дух им се открил на луѓето?
     Светиот Дух им се открил на луѓето на особен начин. Тој слегол врз апостолите во вид на огнени јазици во педесеттиот ден по Христовото Воскресение.
    

247.Дали Тој се открива и денес?
    Светиот Дух и сега им се објавува на сите вистински христијани. Не знаете ли вие дека сте храм Божји, и Духот Божји живее во вас?(1 Кор. 3, 16).
  

 248.Како можеме да станеме причесници на Светиот Дух?
    Ние можеме да бидемепричесници на Светиот Дух преку усрдна молитва и преку учество во Светите тајни. Ако вие, бидејќи лукави, умеете да давате добри дарови на чедата свои, колку повеќе небесниот Отец ќе им даде Дух Светна оние, што Му бараат?(Лк. 11, 13). Кога се јави добротата и човекољубието на нашиот Спасител, Бог, Тој нѐ спаси, но не според извршените од нас праведни дела, туку по Својата милост, и преку Бањата на препородување - и обновата од Светиот Дух, Кого изобилно го излеа на нас преку Исус Христос, нашиот Спасител (Тит, 3, 4-6).
    

249.Кои се главните дарови на Светиот Дух?
    Светиот пророк Исаија укажува на седумте дарови на Светиот Дух: дух на стравот од Бога, дух на познание, дух на сила, дух на совет, дух на разум, дух на мудрост, дух Господен, или дар на благочестие и вдахновение од највисок степен (Ис. 11, 1-3).

 

 

За деветиот член од Символот на верата
    
    250. Што е Црквата?
    Црквата е од Бога востановена заедница на луѓе кои се соединети во православната вера, Законот Божји, свештеноначалството и Светите тајни.
    

251. Што значи да се верува во Црквата?
    Да се верува во Црквата значи со вера и љубов (благоговејно) да се почитува вистинската Христова Црква, и да му се потчинуваме на нејзиното учење и на нејзините заповеди со увереност дека во неа пребива, спасително дејствува, учи, и управува благодатта, која се излива од нејзината единствана вечна глава – Господ Исус Христос.
    

252. Како може Црквата да биде предмет на верата?
     Црквата која е видлива е предмет на верата, оти верата, според апостолот Павле е увереност во невидливото. Како прво, макар што Црквата е видлива, невидлива е од неа усвоената и освештената од луѓето Божја благодат, која е, всушност, премет на верата во Црквата. Како второ, иако Црквата е видлива, бидејќи постои на земјата и кон неа припаѓаат сите православни христијани, кои живеат на земјата, сепак, таа е истовремено и невидлива, затоа што е и на небесата и кон неа припаѓаат сите кои се починати во вистинска вера и во светост.
  

 253. Од каде знаеме дека Црквата истовремено пребива (постои) и на небото и на земјата?
     Поимот за тоа дека Црквата истовремено и пребива на земјата и е небесна, се утврдува преку следните зборови на апостол Павле, упатени кон христијаните: Вие, пак, пристапивте кон планината Сион и кон градот на живиот Бог, небесниот Ерусалим, и кон десетина илјади ангели, кон соборот и црквата на првородените, кои се напишани на небесата, и конБог, Судијата на сите, и кон духовите направедниците, што достигнаа совршенство, и кон Исус, Посредникот на Новиот завет (Евр. 12, 22-24).
    

254. Како се уверуваме за постоењето на благодатта во вистинската Црква?
     Ние сме уверени во пребивањето на Божјата благодат во вистинската Црква, најнапред, преку тоа што нејзината Глава, Богочовекот Исус Христос, е исполнет со благодат и вистина, и затоа што Тој СвоетоТело, односно Црквата, ја наполнил со благодат и вистина (Јн. 1, 14-17); како второ, преку тоа што Исус Христос им Го ветил на апостолите Својот Свет Дух, за да биде вечно со нив, и за, согласно на тоа ветување, Светиот Дух да ги поставува пастирите на Црквата (Јн. 14-16). Апостол Павле за ИсусХристос вели дека Бог ОтецотГо постави како глава на сите во Црквата, која е Неговото тело (Ефес. 1, 22-23). Истиот апостол на пастирите на Црквата им вели: Внимавајте на себе и на целото стадо, во кое Светиот Дух ве постави за надгледувачи, за да бидете пастири на Божјата Црква, која Тој ја откупи со Својата крв (Дела 20, 28).
    

255. Што ни е сведоштво за тоа дека благодатта вечно ќе пребива во Црквата?
     Дека Божјата благодат пребива и ќе пребива во Црквата до скончанието на вековите, нѐ уверува следната мисла на Самиот Господ Исус Христос и Неговите апостоли: ќе ја изградам црквата Своја, и вратите на пеколот нема да ја надвладеат (Мт. 16, 18);Нему нека е слава во Црквата преку Исус Христос во сите родови и за сите векови. Амин! (Ефес. 3, 21).
  

 256. Зошто Црквата се нарекува една?
    Црквата е една затоа што е едно духовно тело, има една Глава – Христос и е одуховена од Единиот Дух Божји.Едно тело сте и еден Дух, како што сте и повикани кон една надеж на вашиот повик. Еден е Господ, една е верата, едно е крштавањето, еден е Бог и Отецот на сите (Ефес. 4, 4-6).
    

257. Кој е Исус Христос во однос кон Црквата?
    Исус Христос е единствена Глава на едната Црква. Апостол Павле пишува за Црквата како за Божја зграда... никој не може да постави друга основа, освен положената, кој е Исус Христос(1 Кор. 3, 9-11). Затоа за Црквата како Тело Христово не може да има друга Глава, освен Господ Исус Христос. Црквата, која треба да постои меѓу сите народи до крајот на вековите има потреба и од Главата на секогаш-пребивачкиот во неа, а таков е само Господ Исус Христос. Затоа и апостолите не се нарекуваат поинаку тукуслужители на Црквата (1 Кол 1, 24-25).
    

258. Каква должност ни наложува единственоста на Црквата?
    Единството на Црквата ни наложува должност да го сочувуваме единството на Духот преку врските на мирот (Ефес. 4, 3).
    

259. Како се однесува единственоста на Црквата кон постоењето на многубројни помесни Православни Цркви?
     Црквата е една, макар што постојат многу Цркви кои се одделни и самостојни, на пример: Ерусалимската, Антиохиската, Александриската, Константинополската, Руската. Тоа се помесни Цркви кои се дел од Едната Вселенска (Соборна) Црква. Самостојноста на нивното видливо устројство не ги попречува да бидат духовно велики членови на едното тело на Вселенската Црква, да имаат единствена Глава – Христос и еден дух на вера и благодат. Тоа единство се изразува видливо, со подеднакво исповедање на верата и со општење во молитвите и во Светите тајни.
    

260. Дали е иста Црквата која пребива на небесата со Црквата која постои на земјата?
     Без сомнение постои единство помеѓу Црквата која пребива на земјата и небесната Црква. Тоа единство е видливо како во нивните односи кон единствената Глава, нашиот Господ Исус Христос, така и во заемното општење помеѓу едната и втората.

 

 

 

 

 

(Продолжува)

Pravosl.Katihizis.korica.jpg

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Книгата можете да ја нарачате

на телефон 070 260 816

 

 26-ти јануари, лето Господово 2019

Преминпортал

 

 

Друго:



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3210
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7694
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

21/12/2024 - сабота

Божикен пост (на риба)

Преп. Патапиј; Св. апостоли Состен, Аполос, Тихик, Епафродит, Онисифор, Кифа и Кесар; Св. маченици во Африка;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Исповедниче на вистината, сведоку на благодатта, проповедниче на слободата, Парамоне свети мачениче, трубо Божја за сведоштво,оправдание на твоите триста и седумдесет

Тропар на светите петнаесет Тивериополски свештеномаченици 28 ноември / 11 декември 2024

Тропар на светите петнаесет Тивериополски свештеномаченици 28 ноември / 11 декември 2024

Голема пофалба и крепост има градот Тивериски,ерарсите, свештениците и левитите: зашто откако идолската прелест ја разобличија, победници над нечестивите се...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная