логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 sv.filaret.moskovski.jpg

Свети Филарет Московски

ПРАВОСЛАВЕН КАТИХИЗИС
(електронска верзија)

Кумановско-осоговска епархија
Куманово, 2013

ПРВ ДЕЛ
ЗА ВЕРАТА


За Символот на верата воопштено и за неговото потекло

    66.Што е Символот на верата?

    Символот на верата е учење за тоа во што треба да веруваат христијаните. Тој е изложен во кратки, но точни зборови.

    67. Како гласи Символот на верата?

    1. Верувам во Единиот Бог Отец, Седржител, Творец на небото и на земјата, и на сѐ видливо и невидливо;
    2. И во Единиот Господ Исус Христос, Син Божји, Единороден, Кој е роден од Отецот пред сите векови; Светлина од Светлина, вистински Бог од вистинскиот Бог, роден, нестворен, едносуштен на Отецот, преку кого сѐстанало;
    3. Кој заради нас луѓето и заради нашето спасение слезе од небесата и се воплоти од Светиот Дух и Марија Дева и стана човек;
    4. И Кој беше распнат заради нас во времето на Понтиј Пилат, и страдаше и беше погребен;
    5. И Кој воскресна во третиот ден, според Писмото;
    6. И Кој се вознесе на небесата и седи оддесно на Отецот;
    7. И Кој пак ќе дојде со слава, за да им суди на живите и на мртвите, и Неговото Царство не ќе има крај;
    8. И во Светиот Дух, Господ што дава живот, Кој исходи од Отецот, Кој со Отецот и Синот е почитуван и славен, и Кој говорел преку пророците;
    9. Во една, света, соборна и апостолска Црква;
    10. Исповедам едно крштение за прошка на гревовите;
    11. Го чекам воскресението на мртвите;
    12. И животот во идниот век. Амин.


    68.Кога и од кого е создаден Символот на верата?

    Учењето за верата кое ни е изложено во Символот на верата, нам ни е дадено на тој начин од светите отци на Првиот и Вториот вселенски собор.


    69.Што е тоа Вселенски собор?

    Вселенскиот собор е собор на пастири и учители на христијанската соборна Црква, кои, по можност, на Вселенски собор доаѓаат од целата Земја. Тој собор се свикува за утврдување на вистинитото учење и благочестивост помеѓу христијаните.


    70.Колку вкупно Вселенски собори се одржани?

    Вкупно се одржани седум Вселенски собори: IНикејски (325 год.); II Константинополски (381 год.);IIIЕфески (431 год.); IV Халкидонски (451 год.); V Константинополски (553 год.); VI Константинополски (680 год.); VII Никејски (787 год.).


    71.Од каде потекнува правилото на одржување на Вселенски собори?

    Правилото да се свикуваат Собори е основано врз примерот на апостолите кои свикале Собор во Ерусалим (Дела 15.). Освен тоа, како основа за свикување на Собори ни е и кажаното од Самиот Господ Исус Христос, Кој на дефинициите за Црквата им дал таква важност што оној кој ги нарушува се покажува како лишен од благодатта, како кривоверен. Кажи ѝ на Црквата, па, ако и Црквата не ја послуша, тогаш нека ти биде тој како незнабожец и митник (Мт. 18, 17). Начинот на кој Вселенската Црква ги искажува своите суштествени определеби е токму Вселенскиот собор.


    72.Зошто се свикани Првиот и Вториот вселенски собор?

    Првиот и Вториот вселенски собор на кои е составен Символот на верата, биле свикани заради следниве причини: првиот – за утврдување на вистинитото учење за Синот Божји, против лажното учење на Ариј; а вториот – за утврдување на учењето за Светиот Дух, против лажното учење на Македониј.


    73.Колку правила (канони) се создадени на тие Собори?

    Првиот вселенски собор составил 20 правила (канони), а Вториот, пак, составил 7 правила (канони).

За членовите на Символот на верата
        
    74.Од колку членови се состои Символот на верата?

    За подобро да се разбере вселенската смисла на верата, треба да се обрне внимание на неговото делење на дванаесет членови, или делови, и секој член да се разгледува одделно.

    75.За што се говори во секој од тие членови?

Во првиот член од Символот на верата се говори за Бога, особено за првата Ипостас на Света Троица – за Бог како Отец и за Бог како Творец на светот. Во вториот член – за втората Ипостас на Светата Троица, за Господ Исус Христос, Синот Божји. Во третиот член – за Воплотувањето на Божјиот Син. Во четвртиот член – за страдањето и смртта на Исус Христос. Во петтиот член – за Воскресението на Исус Христос. Во шестиот член – за Вознесението на Исус Христос на небото. Во седмиот член – за Второто пришествие (повторното доаѓање) на Исус Христос на земјата. Во осмиот член – за третата Ипостас на Света Троица - Светиот Дух. Во деветтиот член – за Крштението, при што тука се подразбираат и останатите Свети тајни. Во единаесеттиот член – за идното (сеопшто) Воскресение на мртвите. Во дванаесеттиот член за вечниот живот.

За првиот член од Символот на верата
    
    76.Што значи да се верува во Бога?
    Да се верува во Бога значи да се има жива увереност во Неговото битие, во Неговите својства и дејства и со целото срце да се прима словото на Неговото откровение за спасението на човековиот род.
    77.Од Светото писмо може да се дознае, од што треба да се состои верата во Бога.
    Апостолот Павле пишува декабез вера не е можно да Му се угоди на Бога; бидејќи оние кои приоѓаат при Него треба да веруваат дека Он постои и дека ги наградува оние, што Го бараат (Евр. 11, 6). Апостолот, дејството на верата во христијаните ја изобразува преку следната молитва за нив кон Бога: да ви даде, по богатството на Својата слава, сила да се утврдите преку Неговиот Дух во внатрешниот човек, и преку верата Христос да се всели во срцата ваши (Ефес. 3, 16-17).
    78.Кое дејство се остварува како резултат на верата во Бога?
    Најблиско и неопходно дејство на срдечната вера во Бога треба да биде исповедањето на самата вера.
    79.Што значи да се исповеда верата во Бога?
    Да се исповеда верата значи отворено да се признае дека се држиме до православната вера, и притоа, тоа го правиме со таква искреност и цврстина, што ниту прелести, ниту закани, ниту мачеништва, ниту самата смрт не би можеле да нѐ натераат да се одречеме од верата во вистинскиот Бог, и во Господ наш Исус Христос.
    80. Дали е неопходно верата да се исповеда јавно?
    Апостолот Павле сведочи дека исповедањето на верата е неопходно за спасение: бидејќи со срцето се верува за оправдание, а со устата се исповеда за спасение (Рим. 10, 10).
    81.За спасение не е неопходно само да се верува,
    туку и да се исповеда православната вера, зашто доколку некој, за да го зачува својот времен живот или своите земни богатства се одрече од исповедањето на православната вера, тој со тоа би покажал дека нема вистинска вера во Бога Спасителот и во идниот блажен живот.
    82.Зошто во Символот на верата се говори за вера „во Единиот Бог“?
    Во Символот на верата не е кажано: верувам во Бога, туку постои додавката во Единиот Бог – за да се отфрли лажното учење на јазичниците, кои, почитувајќи ја тварта како бог, сметале дека постојат многу богови.
    83. Што говори Светото писмо за Божјото единство?
    Самите зборови на учењето на Светото писмо за Божјото единство се внесени во Символот на верата од следниве зборови на апостол Павле: друг Бог нема, освен Единиот. Зашто иако само по име има богови, било на небото, било на земјата, како што има многу богови и многу господа, сепак ние имаме само еден Бог Отец, од Кого е сѐ, и ние сме во Него, и еден Господ Исус Христос, преку Кого е сѐ и ние сме преку Него(1 Кор. 8, 4-6).
    84.Можно ли е познание на Божјото битие?
    Ние не можеме да ја спознаеме самата Божја суштина. Таа е повисока од секое познание, не само на човекот,туку и на ангелите.
    85.За тоа во Светото писмо преку апостол Павле е речено
     дека Бог живее во непристапна Светлина,... никој од луѓето не Го видел, ниту може да Го види(1. Тим. 6, 16).
    86.Кои се Божјите својства?
    Следното поимање за суштината и суштествените Божји својства можеме да ги позајмиме од Божјото откровение: Бог е вечен Дух, себлаг, сезнателен, сеправеден, семоќен, секадеприсутен, непроменлив, седоволен, себлажен.
    87.Сето тоа може да се види од Светото писмо.
    Самиот Господ Исус Христос рекол: Бог е Дух (Јн. 4, 24). За Божјата вечност говори пророкот Давид: Дури уште пред да се појават горите, и пред создавањето на земјата и на вселената, отсекогаш и за секогаш Ти постоиш (Пс. 89, 2). Во Откровението се чита следново славословие кон Бога: свет, свет, свет е Господ Бог Седржителот, Кој беше, Кој е и Кој ќе дојде! (Откровение 4, 8). Апостолот Павле вели дека Евангелието е возвестено со заповед од вечниот Бог(Рим. 14, 25).
    За Божјата благост Самиот Исус Христос кажал: Никој не е благ освен Единиот Бог (Мт. 19, 17). Апостол Јован вели: Бог е љубов (1 Јн. 4, 16). Пророкот Давид воспева: Дарежлив и милостив е Господ, долготрпелив и многумилостив. Добар е Господ спрема сите, и Неговите штедрости се во сите Негови дела(Пс. 144, 8-9).
    За Божјото сезнаење апостолот Јован пишува:Бог е поголем од нашето срце и знае сѐ (1 Јн. 3, 20). Апостолот Павле воскликнува: каква длабочина на богатството, премудроста и знаењето на Бога! Колку се неиспитани Неговите судови и неиспитливи Неговите патишта!(Рим. 11, 33).
    За Божјата праведност пророкот Давид пее: Господ е праведен, ја сака правдата: лицето Негово ќе го гледаат праведниците(Пс. 10, 7). Апостолот Павле вели дека Бог секому ќе му даде според неговите делаи декаБог не гледа на лице(Рим. 2, 6; 2, 11).
    За Божјата семоќност псалмопејачот вели: Он рече и тие настанаа; Он заповеда и се создадоа(Пс. 32, 9). Архангел Гаврил во Евангелието вели: нема да остане во Бога ниеден збор без сила (Лк. 1, 37).
    Божјата сеприсутност пророкот Давид ја објаснува на следниов начин: каде да одам од Твојот дух, и од лицето Твое каде да побегнам? Ако излезам на небото - Ти си таму; ќе слезам ли во пеколот, Ти си и тука. Ако ги земам крилјата рано в зори и се преселам на крајот од морето, - и таму ќе ме води Твојата рака, Твојата десница ќе ме држи. Па си реков: можеби темнина ќе ме покрие, но и ноќта е како светлина околу мене; но и темнината нема да биде темнина за Тебе; и ноќта за Тебе е светла како ден и темнината како светлина(Пс. 138, 7-12).
    Апостолот Јаков пишува дека Бог е таткото на светлините, кај Кого нема промена, ниту трага од промена(Јак. 1, 17).
    Апостолот Павле вели дека Бог ниту од човечки раце како да има потреба од нешто; зашто Тој, Самиот, им дава на сите живот, здив и сѐ(Дела 17, 25). Тој Го именува Бога: блажениот и единствен Владетел, Цар над царевите и Господар над господарите (1 Тим. 6, 15).
    88.Зошто Светото писмо Му препишува на Бога телесни органи?
    Бог е Дух, макар што Светото писмо Му препишува телесни делови, на пример срце, очи, уши, раце. Светото писмо со тоа се приспособува кон обичниот човечки јазик, но вистинското значење на тие зборови треба да се сфати во духовна и повисока смисла, на пример, Божјото срце значи благост или љубов, Божјите очи и уши го означуваат Божјото сегледање, рацете – семоќноста.
    89. Каде пребива (живее) Бог?
    Бог е насекаде, но Неговото присуство еособено видливо на небесата, каде им е објавено во вечна слава на блажените; исто така, Неговото присуствое особено и во храмоткаде тоа еблагодатно и таинствено, благоговејно познатливо, чувствувано од верните, а понекогаш и објавено преку особени знаци.    
    Исус Христос вели: зашто, каде се двајца или тројца собрани во Мое име, таму сум и Јас посреде нив (Мт. 18, 20).
    90.Како да ги разбереме зборовите: „Верувам во Единиот Бог Отец“?
    Зборовите од Символот на верата: Верувам воЕдиниотБог Отец е неопходно да ги примиме во смисла на однесување кон тајната за Света Троица, затоа што Бог е еден по суштина, но троичен во Лица: Отец, Син и Свет Дух – Троица едносушна и неразделна.
    91.Дали ишто ни говори Светото писмо за Света Троица?
Да, за Света Троица се зборува во Светото писмо. Главни мисли за тоа во Новиот завет се следниве: одете и научете ги сите народи, крштевајќи ги во името на Отецот и Синот и Светиот Дух (Мт. 28, 19); Троица се Кои сведочат на небесата, Отецот, Синот и Светиот Дух; и тие Ти се едно (Јн. 5, 7).  
    92.За Света Троица се говори и во Стариот завет,
    но не така јасно. На пример, Господовото Слово ги создаде небесата, и здивот на Неговата уста: целото нивно воинство (Пс. 33, 6). Свет! Свет! Свет е Господ над Воинствата! Сета земја е полна со Неговата слава!(Ис. 6, 3).
    93. Можно ли е да се постигне Божјото Триединство?
     Бог е еден во Три Лица. Ние не можеме да ја постигнеме таа внатрешна тајна на Божеството, но веруваме во неа според сведоштвото на Божјите зборови: Божјото не го знае никој, освен Божјиот Дух (1. Кор. 2, 11).
    94. Какви се разликите меѓу Лицата во Света Троица?
    Меѓу лицата во Света Троица разликата е во тоа што Бог Отецот не се раѓа и не исходи од друго Лице; Синот Божји предвечно се раѓа од Отецот; Светиот Дух предвечно исходи од Отецот.
    95.Какво достоинство имаат Лицата во Света Троица?
    Трите Ипостаси или Лица на Пресвета Троицасе со совршено еднакво Божествено достоинство. Како што Отецот е вистински Бог, така и Синот е вистински Бог, и Светиот Дух е вистински Бог, но притоа, во Трите Ипостаси постои само Триипостасниот Бог.
    96.Зошто Бог се нарекува Седржител?
Бог се нарекува Седржител затоа што сето она што постои се содржи во Неговата сила и во Неговата волја.
    97.Зошто Бога Го нарекуваме Творец?
    Зборовите од Символот на верата: Творец на небото и на земјата, на сѐ видливо и невидливо – говорат за тоа дека сѐ е создадено од Бога и ништо не може да постои без Него.
    98.Тие зборови се земени од Светото писмо.
    Книгата Битие почнува со зборовите: во почетокот Бог ги создаде небото и земјата. Апостол Павле за Исус Христос, Синот Божји вели: зашто во Него е создадено сè што е на небесата и на земјата; видливо и невидливо, било престоли, или господства, или началства, или власти; сè е создадено преку Него и за Него. (Кол. 1, 16).
    99.Што подразбираме под изразот невидливо?
            Во Символот на верата под името невидливо треба да се разбере невидливиот, или духовен свет, на кого му припаѓаат ангелите.
    100. Што се ангелите?
    Ангелите се бесплотни духови, обдарени со ум, волја и моќ.
    101.Што значи зборот ангел?
    Зборот ангел значи весник, возгласител.
    102.Тие се наречени така, затоа што Бог ги испраќа да ја возвестуваат Неговата волја.
    Така, на пример, архангел Гаврил бил пратен на Пресвета Дева Марија даѝ го возвести зачнувањето на Спасителот.
    103.Кој е создаден порано: луѓето или ангелите?
    Невидливото е создадено пред видливото, и aнгелите – пред луѓето (Православнавероисповед, дел. 1, прашање 18).
    104.Сведоштво за тоа може да се најде во Светото писмо.
      Во книгата Јов Самиот Бог го вели следново за создавањето на земјата: Врз што се зацврстени нејзинитеоснови? Кој ѝ го положи аголниот камен, кога ликуваа утринските ѕвезди, и кога сите Божји синови извикуваа од радост? (Јов 38, 6-7).   
    105.Што се тоа ангели чувари?
    Името ангел-чувар е земено од следниве зборови во Светото писмо: ќе им заповеда на ангелите Свои за Тебе, да Те чуваат на сите патишта Твои (Пс. 90, 11).
    106. За секој од нас постои ангел-чувар. Во тоа нѐ уверуваат следниве зборови на Господ Исус Христос: Гледајте да не презрете едно од овие мали, зашто, ви велам, нивните ангели на небесата секогаш го гледаат лицето на Мојот Отец небесен (Мт. 18, 10).
    107.Што се тоа демони?
    Не се сите ангели добри и благодатни. Постојат и зли ангели кои поинаку се нарекуваат ѓаволи (или бесови).
    108. Тие се создадени добри, но станале лоши затоа што го нарушиле долгот за совршено потчинување на Бога, па така отпаднале од Него и паднале во самољубие, гордост и злоба. Според кажаното од апостол Јуда, тоа се ангелите, кои не го зачуваа своето место, туку го оставија своето определено место (Јуда 1, 6).
    109.Што значи зборот ѓавол?
    Зборот ѓавол значи клеветник, или измамник, заводник.
    110.Зошто злите ангели се нарекуваат ѓаволи?
    Злите ангели се нарекуваат ѓаволи, односно клеветници, или заводници, затоа што се обидуваат да измамуваат (да ја покажуваат својата лукавост) во своите односи со луѓето, па, заведувајќи ги, им внушуваат лажни мисли и зли желби.
    За тоа Исус Христос на неверните (во Него како Син Божји) јудеи им вели: Вашиот татко е ѓаволот; и вие сакате да ги исполнувате желбите на својот татко; тој е човекоубиец од почетокот и не стои во вистината, зашто во него нема вистина. Кога зборува лага, говори од себе, зашто е лажго и татко на лагата (Јн. 8, 44).
    111.Што ни говори Светото писмо за создавањето на човекот?
    Светото писмо во однос на создавањето на светот ни го откри тоа дека во почетокот Бог ги создал небото и земјата. Земјата била неоформена (или без облик, односно го немала изгледот кој нам ни е вообичаен) и пуста. Затоа, Бог постепено го создал (сето она што е на небото и на земјата). Во првиот ден – постоењето на светот. Во вториот ден – тврдината, или видливото небо. Во третиот: водата на земјата, почвата и растенијата. Во четвртиот: сонцето, месечината и ѕвездите. Во петтиот: рибите и птиците. Во шестиот четвороножните животни кои живеат на земјата, и, на крајот го создал човекот. Со човекот и се завршило создавањето, па, во седмиот ден Бог се одморил од Своите дела. Затоа седмиот ден е наречен сабота, што во превод од еврејски јазик значи мир, спокој, одмор (1 Мојс. 2, 2).
    112.Дали видливите созданија се создадени такви какви што изгледаат денес?
    Не. Видливите твари не се создадени такви какви што ги гледаме сега. При создавањето сѐ било многу добро, односно чисто, прекрасно и невино, бесштетно.
    113. Кои се особенитостите при создавањето на човекот?
    Бог Света Троица рекол: Да создадеме човек според Нашиот образ и подобие (1 Мојс. 1, 26). И го создаде Бог телото на првиот човек – Адам од земја; му вдахнал во лицето дух на живот; го вовел Адам во рајот; му дал храна, помеѓу останатите рајски плодови, плодови од дрвото на животот; а, на крајот, за време на Адамовиот сон му зел едно ребро и од него ја создал првата жена – Ева (1 Мојс. 2, 21-22).
    114. Во што се состои Божјиот образ?
    Божјиот образ се состои, според објаснувањето на апостол Павле, во правда и светост во вистината (Ефес. 4, 24).
    115. Што е „здив на живот“?
    Здив на живот е душата. Таа е духовна и бесмртна.
    116. Што е рај?
    Зборот рај значи градина. Така е наречено прекрасното и преблажено живеалиште на првиот човек, кое е опишано во книгата Битие како подобно на градина.
    117. Како го разбираме рајот во кој пребивале првите луѓе?
    Рајот, во кој пребивале (живееле) првите луѓе бил сетилен за телото, како видливо блажено живеалиште, а за душата духовен, како состојба на благодатно општење со Бога и духовно созерцание на тварите (свети Григориј Богослов, Слово 38, 42; преп. Јован Дамаскин. Богословие, Кн. 2, глава 12, с. 3).
    118. Што е дрво на животот?
    Дрвото на животот е дрвото од кое, доколку човекот се хранел со неговите плодови, би бил секогаш здрав и бесмртен по тело.
    119. Зошто Ева е создадена од реброто на Адам?
    Ева е создадена од реброто на Адам за целиот човечки род, по своето произлегување, да биде едно тело и за луѓето да бидат природно склони да се љубат и да се заштитуваат едни со други.
    120. Што е предназначението на човекот?
    Бог го создал човекот со назначение да Го познава, да Го љуби и да Го прославува Бога, па вечно да блаженствува.
    121. Што значат зборовите Божјо предопределение?
Под Божјо предопределување во православното учење го подразбирамеБожјото изволение, односно добрата Божја волја за предназначението на човекот.
    122. Божјото предопределување за блаженството на човекот останува неизменливо дури и кога гледаме дека сега човекот не блаженствува. Тоа е затоа што Бог, според Своето предзнаење и бесконечно милосрдие,предопределил и за човекот кој се отклонил од патот на блаженството да открие нов пат до блаженството преку еднородниот Свој Син Исус Христос. Нѐ избра преку Него, уште пред светот да се создаде– вели апостол Павле (Ефес. 1, 4).
    123. Какво е Божјото предопределение во однос кон луѓето воопшто и кон секој човек одделно?
    Бог благоволил на сите луѓе да им даде, и навистина им подарил благодат и правилни средства за достигнување на блаженството; и оној што доброволно ја прима даруваната од Него благодат, кој ги употребува спасителните средства кои му се подарени од Него, врви по патот на спасението што Тој му го покажал.
    124. Словото Божјо за тоа го вели следново: оние, кои ги позна порано, нив и ги определи(предопредели) (Рим, 8, 29).
    125. Во Изложувањето на верата на источните православни патријарси за тоа се вели: „Со оглед на тоа што Тој предвидел дека едни правилно ќе се ползуваат со својата слободна волја, а други лошо, затоа едните ги определил за слава, а другите ги осудил“ (втор член).
    126.Што е тоа што го нарекуваме Божја промисла?
    Веднаш по создавањето на светот и човекот непосредно следи Божјото дејство во однос кон светот, а особено кон човекот. Тоа дејство се нарекува Божја промисла.
    127. Божјата Промисла е непрестајно дејство на семоќноста, премудроста и благоста Божја, со кои Бог ги сочувува постоењето и силата на созданијата, ги води кон добри цели, го помага секое добро, а возникнувањето на злото кое возникнува преку отргнување од доброто го пресекува или го поправува и го обраќа кон добри последици.
    128.Што се говори во Светото писмо за Божјата промисла?
    Самиот Господ Исус Христос за Божјата промисла во Светото писмо вели: Погледајте ги птиците небески; тие не сејат, ниту пак жнејат, ниту во амбар собираат; туку вашиот Отец ги храни. Зар не сте поскапи од нив (Мт. 6, 26).

За вториот член од Символот на верата
    
    129.Како треба да ги сфатиме имињата Исус, Христос и Син Божји?
    Имињата Исус, Христос и Син Божји треба да ги сфатиме на следниов начин. Син Божји се нарекува Второто Лице на Света Троица по Своето Божество. Божји Син е наречен Исус, кога се родил на земја како човек. Христос го нарекле Неговите пророци, кога сѐ уште се очекувало Неговото пришествие (доаѓање) на земјата.
    130.Што значи името Исус?
    Името Исус значи Спасител, и е дадено од архангелот Гаврил.
    131. Тоа име му е дадено на Синот Божји при Неговото раѓање на земјата, затоа што Тој се родил за да ги спаси луѓето.
    132.Што значи името Христос?
    Името Христос значи Помазаник, и тоа потекнува од помазанието со свето миро, преку кое ни се даваат дарови на благодатта на Светиот Дух.
    133.Уште кои други луѓе биле нарекувани помазаници?
    Не се нарекува само Исус, Синот Божји Помазаник. Помазаници од дамнина ги нарекувале царевите, првосвештениците и пророците.
    134.Зошто Исус, Божјиот Син е наречен Помазаник?
    Исус, Синот Божји е наречен Помазаник затоа што преку неговата човечка природа безмерно се соопштени сите дарови на Светиот Дух. На тој начин, Нему,во највисок степен, му прилега однесувањето на пророк, светоста на првосвештеник и моќта на цар.
    135. Што значи името Господ?
     Исус Христос се нарекува Господ во таа смисла што Тој е вистински Бог, затоа што името Господ е едно од Божјите имиња.
    136.Што говори Светото писмо за Божественоста на Исус Христос?
    Светото писмо за Божественоста на Исус Христос, Синот Божји, ни го вели следново: во почетокот беше Словото, и Словото беше во Бога, и Бог беше Словото (Јн. 1, 1).
    137.Зошто Исус Христос се нарекува Син Божји еднороден?
    Да, Исус Христос се нарекува Син Божји еднороден. Тоа значи дека единствено Тој е Син Божји, роден од Бог Отецот, и затоа Тој е една суштина со Бог Отецот и, следствено, без каква било споредба ги надминува сите свети ангели и свети луѓе, кои се нарекуваат Божји синови по благодат (Јн. 1, 12).
    138. Дали Светото писмо Го нарекува Исус Христос еднороден?
     Да, Светото писмо Го нарекува Исус Христос еднороден. На пример, во следните мисли на евангелистот Јован: Словото стана тело и се всели во нас, полно со благодат и вистина; и ние ја видовме Неговата слава, слава како на еднороден од Отецот (Јн. 1, 14); Бог никогаш никој не Го видел; еднородниот Син, Кој е во крилото на Отецот - Он го објави (Јн. 1, 18).
    139.Која е разликата помеѓу Исус Христос и другите две Лица во Света Троица?
    Во Символот на верата за Синот Божји е кажано и дека е роден од Отецот. Со тоа се укажува на тоа лично својство со кое Тој се разликува од другите Лица на Света Троица.
    140.Кога е роден Синот Божји?
    Кажано е дека Тој е роден пред сите векови за никој да не помисли дека имало време во кое Тој не постоел. Кажано на поинаков начин, со тоа се укажува дека Исус Христос е, исто така, вечен Син Божји како што е вечен Бог Отецот.
    141.Што значи фразатаСветлина од Светлината?
    Во Символот на верата со зборовите Светлина од Светлината ни се дава пример преку кој во одреден степен се објаснува недостапното раѓање на Синот Божји од Отецот. Гледајќи кон сонцето, гледаме светлина; од таа светлина се раѓа светлина која е видлива во целото потсончевие (односно на нашата планета), но сета таа светлина е една светлина, неразделна светлина со една природа. Подобно на тоа, Бог Отецот е вечна Светлина (1 Јн. 1, 5); од Него се раѓа БожјиотСин, Кој, исто така, е вечна Светлина; но Бог Отецот и Божјиот Син се единствена, вечна, неразделна Светлина, на едната Божествена природа.
    142.Што значи фразата Бог вистински од Бога вистински?
    Зборовите од Символот на верата Бог вистински од Бога вистински го имаат значењето дека Синот Божји се нарекува Бог во иста смисла како што Бог се нарекува и Бог Отецот.
    143. Тоа се зборови од Светото писмо и тие се земени од следнава мисла на апостол Јован Богослов: знаеме дека Божјиот Син дојде и ни даде разбирање, за да Го познаеме Вистинскиот, а ние сме во Вистинскиот, во Неговиот Син Исус Христос. Тој е вистинскиот Бог и вечен живот (1 Јн. 5, 20).
    144. Дали Синот е создаден?
    За Синот Божји во Символот на верата е кажано и дека Тој е роден, а не создаден. Тоа е сторено за разобличување на Ариј, кој нечестиво учел дека Синот Божји е создаден.
    145. Што значат зборовите едносуштен на Отецот?
    Зборовите едносуштен на Отецот значат дека Синот Божји е од една и иста суштина со Бог Отецот.

(Продолжува)

Pravosl.Katihizis.korica.jpg
Со благослов на митрополитот
Кумановско-осоговски
Г. д-р Јосиф
Наслов на оригиналот:
Пространнми Православнми Катихизис Православнои Кафолическои Восточнои Церкви
Лектура:
Петар Георгиевски
Графички дизајн:
Милан Јаковчевски
Печати:
Нипонграфик, Охрид

ИЗДАНИЕ НА ЕПАРХИСКИОТ ЦРКОВНО-ПРОСВЕТЕН СОВЕТ
НА КУМАНОВСКО-ОСОГОВСКАТА ЕПАРХИЈА

 

 

 

 

6-ти ноември, лето Господово 2018

Преминпортал

 

Друго:

 

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3212
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7697
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Беседи

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Како што постојат места на земјата на кои успева само еден вид растение и нема такви други места на кои истото растение би растело, така и во Црквата Христова постои...

 Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Незамисливо е да се биде христијанин без подвиг и крст. Оној што води лесен живот не може да се нарече христијанин. Некои луѓе отсекогаш верувале дека христијанин е оној кој...

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Тоа бил празникот на христијанското царство, кое се родило под закрилата на Крстот, во денот кога царот Константин го видел Крстот над кој пишувало:: „Со ова ќе победиш…” Тоа е...

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Во Ветената земја - Палестина, дадена на израилскиот народ од Бога, во планините на Галилеја се наоѓа градот Назарет. Во тоа време тој бил толку непознат и малку важен, што...

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Самиот тој, со својот начин на живот, е олицетворение на покајанието. И нормално, не би ни можел да биде повикан од Бог да проповеда покајание ако целата негова сила не...

БОГОРОДИЦА

БОГОРОДИЦА

„Испитувајќи што му е најпотребно на молитвеникот за да беседи со Бог, по кој пат доаѓа молитвата, Богородица го пронаоѓа свештеното тихување..., оддалеченост од светот, заборав на сè земно и...

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

И колку славно било Нејзиното успение! Со каква светлина сјаело Нејзиното пречисто лице. Колку прекрасно, неописливо, неспоресливо благоухание извирало од нејзиното пречисто, приснодевствено тело, како што пишува св. Дионисиј Ареопагит,...

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Многу е важно правилно да разбереме и да ги запомниме зборовите на тропарот на великиот празник на Успението на Пресвета Богородица: „... По Успението не си го оставила светот, Богородице...’’.Нејзината...

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

А и зошто Господ, пред почетокот на Преображението ги избира најглавните од апостолскиот лик и ги возведува со Себе на гората? Секако, за да им покаже нешто големо и таинствено....

« »

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

22/12/2024 - недела

Божикен пост (на риба)

Зачнувањето на Света Ана; Св. Ана, мајката на Пророкот Самуил; Преп. Стефан Новосјаен; Св. Софрониј, архиепископ Кипарски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Исповедниче на вистината, сведоку на благодатта, проповедниче на слободата, Парамоне свети мачениче, трубо Божја за сведоштво,оправдание на твоите триста и седумдесет

Тропар на светите петнаесет Тивериополски свештеномаченици 28 ноември / 11 декември 2024

Тропар на светите петнаесет Тивериополски свештеномаченици 28 ноември / 11 декември 2024

Голема пофалба и крепост има градот Тивериски,ерарсите, свештениците и левитите: зашто откако идолската прелест ја разобличија, победници над нечестивите се...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная