П О С Л А Н И Е
Од утрово рано на Четвртокот Велики, кога нашиот Спасител тргна голготски до крај да се смири, но и да посведочи дека иако ќе биде оставен од сите, Он нас ни простува и до крај нѐ милува, затоа што спасение ќе излезе од гробот кадешто слезе Вистината.
Од утрово кога целиот свет го фаќа паника, а особено кога нозете на многумина се укотвени како во зандана, карантини, забрана за движење и.т.н. ги повикуваме не само оние кои претходно мир од Бога барале за раните кои до нив стигнале заради телесна немоќ и болести,