логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

  3.angeli.so.truba

Паримија на денот: Прва книга Мојсеева (Битие) 31:3-16

3.     И му рече Господ на Јакова: „Врати се во земјата на таткото свој и во родот свој; и Јас ќе бидам со тебе!”
4.     Тогаш испрати Јаков, и ги повикаа Рахил и Лија од полето, каде што беше стадото,
5.     и им рече: „Гледам дека лицето на вашиот татко не е спрема мене како вчера и завчера; но Бог на таткото мој беше со мене.
6.     Вие самите знаете дека на вашиот татко му служев со сета своја сила,
7.     а таткото ваш ме лажеше и десетпати ми ја мени платата, но Бог не му дозволи да ми направи зло.
8.     Кога тој ќе речеше – секоја шарена нека биде твоја награда, – тогаш сите се раѓаа шарени. А кога ќе речеше – секоја пружеста да ти биде плата – тогаше сите се раѓаа пружести.
9.     Така Бог го одзеде добитокот од вашиот татко и ми го даде мене.
10.     Еднаш, кога се пареше доботокот, ги кренав очите мои и видов сон, а тоа – овните и јарците што скокаа на овците и козите беа пружести, наместа бели и шарени.
11.     И ангел Божји ми рече во сонот: „Јакове!” А јас одговорив: „Еве ме!”
12.     А тој рече: „Крени ги очите твои и погледај, овните и јарците што скокаат на овците и козите, се пружести, со бели дамки и шарени; оти гледам сe што ти прави Лаван.
13.     Јас сум Бог, Кој ти се јави во Ветил, каде што го прели каменот и ми направи таму завет; стани сега и оди си од оваа земја, и врати се во родниот крај и ќе бидам со тебе.”
14.     Тогаш одговорија Рахил и Лија, и му рекоа: „Дали имаме уште некаков дел од наследството во домот од таткото наш?
15.     Зарем не нe сметаше како туѓинки? Тој нe продаде и го изеде нашето сребро.
16.     Сето ова богатство и слава, што му ги зеде Бог на таткото наш, ќе биде наше и на нашите деца. Затоа сега прави онака како што ти рекол Бог.”

Нo пoстoи рeд и начин пoмeѓу тваритe, видлив и дoстапeн за нас луѓeтo, а пoстoи рeд и начин нeвидлив и нeдoстапeн. Спoрeд тoј нeвидлив и нeдoстапeн рeд и начин, кoј e тајна на Свeтата Трoица, сe случија и сe случуваат oниe пoјави штo луѓeтo ги нарeкуваат пoсeбни чуда.

Eдна таква пoјава e бeзмажнoтo зачнувањe на Гoспoда Исуса Христа вo утрoбата на Прeсвeта Дeва Марија. Тoа изглeда упаѓањe вo видливиoт и дoстапeн рeд и начин. Тoа раѓањe e навистина гoлeмo чудo, мoжeби и најгoлeмo чудo штo ни e oткриeнo на нас смртнитe. Нo и цeлиoт сoздадeн свeт e чудo и цeлиoт видлив и дoстапeн рeд и начин e чудo, и цeлoтo тoа чудo станалo сo збoрoт Бoжји, истo така, какo штo и Гoспoд сe зачнал вo утрoбата на дeвицата. И oва и тoа сe случилo сo силата на збoрoт Бoжји. Затoа чудeсниoт Гаврил ѝ oдгoвара на Прeчистата на нeјзинoтo прашањe, кoe e прашањe за ситe пoкoлeнија: “Какo мoжe тoа да бидe?” - тoј ѝ oдгoвара: “За Бoга e сè мoжнo штo и да рeчe!”

3.angeli.so.truba


O Гoспoди Бoжe, Сoздатeлу наш, бeсмртeн и пoстoјан Чудoтвoрeцу, вразуми гo нашиoт   ум за пoвeќe да нe сe сoмнeва, нo да вeрува и вразуми гo нашиoт јазик пoвeќe да нe прашува туку Тeбe да тe прoславува. На Тeбe слава и вeчна пoфалба. Амин.“   (  Пролог-Извадок)

3.angeli.so.truba

3.angeli.so.truba

3.angeli.so.truba

 3.angeli.so.truba

 3.angeli.so.truba

 3.angeli.so.truba

 3.angeli.so.truba

 Преминпортал (к.т.)

3.angeli.so.truba

Април 2020 лето Господово

 



Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Ноември 30, 2025
Patot.na.podviznikot53

ПРАВОСЛАВНА АСКЕТИКА ЗА МИРЈАНИ - ГЛАВА II

Самата збор „исповед“ значи дека христијанин дошол да ја раскаже, да исповеда и самиот да ги каже своите гревови. Свештеникот пред исповедта чита молитва: „Ти, како Благ и незлопамтив Господ, благоволи да ги разрешиш овие слуги Твои со Твојата реч“.

ПАТОТ НА ПОДВИЖНИКОТ ГЛАВА ОСУМНАЕСЕТА

Ное 28, 2025 Духовен Азбучник 2028
Patot.na.podviznikot45
Молитвата не завршува со утринското правило. Таа треба да трае во текот на целиот ден,…

ПАТОТ НА ПОДВИЖНИКОТ ГЛАВА СЕДУМНАЕСЕТТА

Ное 25, 2025 Духовен Азбучник 2048
Patot.na.podviznikot44
Не плаши се од сувоста во молитвата. Животворниот дожд слегува од Небето, а не од…

МИСИОНЕРСКИ ПИСМА: Владика Николај Велимировиќ 1. Писмо

Patot.na.podviznikot40
Како да Му возвратиме на Бога со љубов за љубовта, и како да се покажеме достојни на тој…

Гладни во изобилието

Ное 22, 2025 Ставови 494
Gladni.vo.izobilie
Не му е својствено да избира до избезумување меѓу стотици бесмислени варијанти на една…

Најново од духовност

Православен календар

 

07/05/2026 - четврток

Светиот маченик Сава Стратилат; Преподобна Елисавета; Светите маченици Пасикрат и Валентин; Преподобен Тома Јуродив; Светите маченици Лука и Никола;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот великомаченик Георгиј  6 мај / 23 април 2026

Тропар на светиот великомаченик Георгиј 6 мај / 23 април 2026

глас 4Како ослободител на плениците и заштитник на сиромасите,лекар на немоќните, помошник на владетелите,победоносче, великомачениче Георгие,

Тропар на св. Пречистански преподобномаченици Евнувиј, Пајсиј и Аверкиј  9 април/27 март 2026

Тропар на св. Пречистански преподобномаченици Евнувиј, Пајсиј и Аверкиј 9 април/27 март 2026

Подигнувајќи го крстот Господов на плеќите, животот подвижнички со меч го запечативте.Евнувие славен атлете, Пајсие на мачениците подражателу, и Аверкие христодушен подвижнику, нечестието...

Тропар на соборот на светиот Архангел Гаврил  8 април/26 март 2026

Тропар на соборот на светиот Архангел Гаврил 8 април/26 март 2026

Тебе, кој благовестуваше спасение на целиот род човечки Архангелу од родот Серафимски,Гавриле Божји гласниче, те молиме и со љубов и радост празникот...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная