Јордан: Јас треба од Тебе да се крстам, Ти кај мене ли доаѓаш? (Матеј, 3,14)
Пред Крштението, човекот е само создадена Божја творба, и како таква ја содржи само човечката природа, за него е затворена вратата на спасението. Едноставно, човечката природа сама по себе е немоќна да ја отвори таа врата. Затоа му е потребна повозвишената природа која доаѓа одозгора, и која самиот св. Јован Крстител ја најавил со зборовите: ‘Он ќе ве крсти со Дух Свети и со оган’ (Матеј, 3,11). И Претечата бил длабоко свесен за немоќта на човечката природа, велејќи: