Само стариот Елаим молчел. Кога го запрашал кралот зошто молчи, зарем не сака и тој да добие прстен, старецот одговорил: „Може да се купи ласкањето, но не и вистината. Вистината не се продава“. – „Тоа ти е добро, ама кажи ми отворено што мислиш ти за мене? – Запрашал кралот.
– Еве што мислам. Ти си мој господар и мој крал, но и покрај тоа ти си смртен човек, кого што Бог го создал за да ги усреќи своите поданици.