Ми пишуваш за љубовта… Да. Така некако се случува тоа: Бог „врне“ со Неговата љубов врз мене. Ако ја задржам само за себе, ќе умрам бидејќи неможам да ја издржам Нејзината Сила.
Ако пак, со целиот тој Оган, го возљубам другиот, знаејќи дека Негова е љубовта, тогаш се случуваат неверојатни нешта кај тој другиот – којшто во суштина „беше привлечен“ од Бога да дојде за да го возљубам.
Веднаш ќе забележиш дека му се случува преобразба. Започнува да испишува една нова насока и, ако разбере дека оваа љубов не е од мене но од Бога, тогаш врз него доаѓа Благословот. Спротивно, ако не го сфати тоа и почне да ми се заблагодарува за оваа љубов, тогаш упропастува се.
Ако пак, разбере, тогаш и тој, по неговиот редослед, ќе даде на друг и на друг од оваа Љубов, без да чека да му биде вратено или благодарење… И тогаш, сите се радуваме, бидејќи се чувствуваме обединети со ваквата Љубов која е Бог.
И уште и се случува нешто друго. Веднаш ги познаваме сите оние кои се во Оваа Љубов. Колку прекрасно…
Исечок од писмо на Старица Гавриила (Папајани)