На 23 октомври 2018 година, се упокои во Господ игуменот на свештената обител Дохијар на Света Гора, Старец Григориј, на 76-годишна возраст.
Блаженоупокоениот Старец беше по потекло од Парос, каде што се замонаши и првомонахуваше, а потоа својот монашки подвиг го продолжи на Патмос, пред да се насели на Света Гора. Најпрвин му беше духовно чедо на блажениот Старец Филотеј Зервакос на Парос, а потоа и на светиот Амфилохиј Макрис на Патмос.
Пред неговото доаѓање на Света Гора беше игумен на свештената обител Миртија и на Манастирот Прусу на Карпениси. На Света Гора беше востоличен за игумен на свештената обител Дохијар, којашто ја обнови, ја утврди и пастирствуваше со неа цели четири децении.
Сите знаеја за едноставноста и чесноста на неговиот живот, како и на неговиот карактер.
Нека му е вечен споменот!
Извор: Бигорски.орг.мк