Православието и историјата
Иднината на светoт се дополнува во Црквата и неговото преобразување е во Црквата. Заради тоа „севкупната историја се одвива внатре, во Црквата”. Нашата духовност не може да постои поинаку, освен како живот на Црквата во историјата и за историјата. Заради таа причина, „нашата вистинска љубов кон светот треба да се покаже во враќањето кон Црквата, која е »украс« – поредок и убавина на светот.