Распоред на богослуженија во црквата свети Стефан (населба Аеродром, Скопје)
19. април (недела, Томина, + упокоение на св. Методиј Солунски), 09:00 часот: Света литургија;
26. април (недела, на Мироносиците), 09:00 часот: Света литургија;
19. април (недела, Томина, + упокоение на св. Методиј Солунски), 09:00 часот: Света литургија;
26. април (недела, на Мироносиците), 09:00 часот: Света литургија;
На 17.04. 2015 година, Светла Седмица – Источен Петок Балаклија,, Неговото високопреосвештенство, Митрополит тетовско-гостиварски г. Јосиф, отслужи Златоустова Литургија во сослужение со свештеници од Тетовското архиерејско намесништво во храмот „Источен Петок Балаклија“ во Тетово.
Уштe пoвeќe вo духoвнoтo вoјувањe, кадe сe знаe вистината и кадe штo самoистакнувањeтo нe самo штo нe пoмoгнува ништo, туку oдмoгнува. Кoј нeма никакви бoрби заради Христа, ни сo свeтoт, ни сo ѓавoлoт, ни сo самиoт сeбe, какo мoжe да сe смeта вo Христoвитe вoјници? А камo ли вo Христoвитe сoпoбeдници?
„Ќе се кренат мртвите и оние во гробовите ќе се зарадуваат“. Како ли грмат овие зборови! Колку торжествено и радосно, како ветување, како предвремено набљудување на иднината, тие паѓаат во доцната ноќ на Велики петок, кога веќе низ мракот и жалоста на гробот, крстот, плаштаницата почнува нежно да се разгорува светлината на Пасхата која
Во храмот на св. пророк Илија, во скопската населба Аеродром, прославувањето на Светлото Христово Воскресение - ВЕЛИГДЕН , старешината на храмот,свештеник Бранислав Стојанчов во сослужение на протоереј Зоран Стаменковиќ и ѓаконот Гоце Постолски, ја започна вечерта на 11 април со Полуноќница и Крсниот пат, а заврши со Пасхална Утрена и Божествена Литургија.
Милоста Божја секој ден се излева на сите луѓе и љубовта исто, и тие работи не се чуваат во специјални садови и не се пренесуваат со специјален лет туку во срцето, а кога ќе проработи срцето вулканот, таа лава од благодат ќе се излие врз сите. п.с. специјална благодат нема, тоа е схоластичка измислица, а и иконите плачат оти ние не плачеме, а не дека сме нешто.
Улогата на христијаните во светот е да ја прочистуваат атмосферата на земјата и да ја шират атмосферата на Царството Божјо. Од човекот кој го носи Божјото Царство во себе зрачат светли мисли, полни со љубов кон човекот, сочувствителност, Божји мисли.
И оваа година нај свечено како што доликува за празникот над празниците го прославивме воскресението Христово. Црквата беше претесна да ги собере сите верници и за миг си помислив дека се наоѓаме во нашата Македонија. Драг гостин ни беше г. Васко Наумовски, амбасадор на Р. Македонија во САД.
Колку ли голема беше радоста на нашите македонци, кои можеа на својот сопствен јазик, како што имаат можност сите останати Православни христијани во Дизелдорф да го прослават и воспеат Христовото воскресение. Целата таа воскресенска радост блескаше на нивните лица и во нивните очи.
На крајот и една затемнета идеја на лукавиот се вкоренила, дека ако некој ја кажува молитвата, постои опасност да се опрелести. Всушност токму ова тврдење е прелест. Кој сака, нека се обиде, а кога ќе се задржи енергијата на молитвата внатре во него ќе се создаде рај, така што ќе се ослободи од страстите и ќе стане друг човек...
На 14.04.2015 година, Неговото високопреосвештенство, Митрополитот тетовско-гостиварски г. Јосиф, на покана на градоначалничката на Општина Тетово г. Теута Арифи, оствари традиционална Велигденска средба.
,,Ние немаме толку голема Црква на Велигден да го собереме целиот народ, но имаме срце и душа полна со љубов и на секого му подаваме рака и секој е добредојден во нашиот храм.Моите очи блескаат од радост бидејки видов луге со сила и мок ,луге со вера во своите срца,кои патувале и по 300 км.само за да бидат со своите Македонци на овој светол празник.
Во предвечерието на најголемиот Христијански празник – Воскресение Христово, во Тетовско-гостиварска епархија пристигна благодатниот оган кој по божјата милост секоја година на чудотворен начин слегува во црквата изградена врз Христовиот гроб во Ерусалим. Благодарение на Неговото Високо Преподобие, архимандрит Партениј, игуменот на Бигорскиот манастир, веќе неколку години наназад благодатниот оган се носи во Македонија,...
За време на своето дваесетгодишно искуство, Конеска има насликано околу 700 икони и 300 фрески. Повеќето од иконите се во приватна сопственост во нашата земја, но и во странство
Тоа е нашата вера. Натаму треба да чекориме. Христос е рајот, деца мои. Што е рајот? Христос е рајот. Рајот започнува тука. Тие, кои уште тука на земјата, живеат во Христос, тие живеат исто како во рајот. Така е, како што ви велам. Вистина е тоа, верувајте ми! Наша работа е да се стремиме да најдеме некаков начин да влеземе во Христовата светлина, а не формално да запазуваме некакви правила.
Во Великата сабота го совршуваме Погребението на Божественото Тело и слегувањето во адот на Господа и Спасителот наш, Исус Христос, со кој го обнови родот човечки од распадливост и го преведе во живот вечен. Затоа, со Своето неискажливо снисходење, Христе Боже наш, смилувај се над нас. Амин.
"И секој христијанин, живеејќи во Црквата и учествувајќи во светите тајни и во подвигот на љубовта, ја надминува смртта и уште отсега, уште овде почнува да го живее Воскресението"
Страдањата и Крстот Христови не се принесуваат само за човекоцентрични сентиментални мисли, туку за движење на преродување, обновување, прославување и обожување. Потребен е личен егзистенцијален пристап кон овие големи Господови настани. Светиот Максим Исповедник ќе каже дека имаме две можности: едната е повторно да Го распнеме Христа, вршејќи гревови со нашите членови кои со Светото Крштение...
Ќе дојдат времиња во кои само оние што активно го искусуваат дејството на благодатта ќе бидат способни да го разликуваат доброто од злото. Луѓето нема да бидат способни да изберат меѓу доброто и злото служејќи се само со својот човечки разум. Ќе има вешти прелести и измами, и само благодатта Божја ќе може да нѐ спаси од сето тоа. Затоа, моли се – моли се за да не паднеш во искушението на прелеста!