Скопје, 10- ти април 2015 год.- храм на св. пророк Илија
На 10-ти април 2015 година, во храмот на св.пророк Илија, во скопската населба Аеродром, старешината на храмот, свештеник Бранислав Стојанчов во сослужение на протоереј Зоран Стаменковиќ и ѓаконот Гоце Постолски, отслужи великосаботна Утрена богослужба со чинот на Оплакување и слегување на Господ Исус Христос во адот.
[youtube height="315" width="560" align="none"]https://www.youtube.com/watch?v=hx55GeQ3nP4[/youtube]
Оплакување Христово
Страдањата и Крстот Христови не се принесуваат само за човекоцентрични сентиментални мисли, туку за движење на преродување, обновување, прославување и обожување. Потребен е личен егзистенцијален пристап кон овие големи Господови настани. Светиот Максим Исповедник ќе каже дека имаме две можности: едната е повторно да Го распнеме Христа, вршејќи гревови со нашите членови кои со Светото Крштение се членови на Христовото Тело, или да се сораспнеме со Него. Всушност се работи за двете можности кои ги имаа двајцата разбојници што беа распнати со Христа на Голгота. Едниот се покажа голем теолог, а другиот се покажа хулник. Не е доволно човек да е близу до Распнатиот Христос, туку треба да се сораспне со Него, да го отфрли “стариот човек со неговите дела” и да се облече “во новиот кој е обновен во познанието на образот на Оној Кој го создал” (Кол. 3, 9 - 10).
[youtube height="315" width="560" align="none"]https://www.youtube.com/watch?v=qVOPARQWh0w[/youtube]
Преминпортал (к.т.)