„Тажен собир. Печална глетка. Пред нас – мртовец, и тоа необичен мртовец. Пред нас лежи Царот на небото и земјата, Творецот на сета вселена. За нас умре Тој. Ние згрешивме, а Тој страдаше.“
Денес, на Велик Петок, кога Православната Црква молитвено Му приоѓа на Бог спомнувајќи си за погребението Господово, во храмот Рождество на Пресвета Богородица, во Скопје, старешината на храмот, отец Трајче Петковски, во сослужение на свештенството на храмот, отслужи Царските чесови и Вечерната богослужба и символично го соврши симнувањето од Крст и положувањето во Гроб на Христовото Пречисто Тело.
Из
VIDEO- Изнесување на Светата Плаштеница
Preminportal (k.t.)