ВЕЛИКДЕН И ВО ДИЗЕЛДОРФ
По неколку изминати години, по Божјо допуштање и со благослов на Неговото Високопреосвештество, митрополитот Европски г. Пимен, и по барање и организација на МПЦО „Св. Петка“ – Дизелдорф, во период од 10. 04. 2015г. до 12. 05. 2015г., македонците христијани се собраа во Христа и му отдадоа достојна почит на сето она кое што Христос го направи заради нас луѓето и нашето спасение, Неговото страдање, распнување, погребение и славното ВОСКРЕСЕНИЕ!
Сплотени заедно преку молитвата го оплакувавме Неговото страдање и се потрудивме достојно да го погребаме т.е. да го актуелизираме преку богослужението она кое што некогаш благообразниот Јосиф го направи за Христа заедно со другите негови следбеници, а во наредните денови да го видиме и претходно прегребениот Христос како воскреснат и радосно да извикуваме „Христос воскресна од мртвите, со смртта смртта ја победи, и на тие што беа во гробовите живот им подари!!!“
„Колку е убаво и колку е мило кога браќата живеат заедно“ (Пс. 132, 1). Колку ли голема беше радоста на нашите македонци, кои можеа на својот сопствен јазик, како што имаат можност сите останати Православни христијани во Дизелдорф да го прослават и воспеат Христовото воскресение. Целата таа воскресенска радост блескаше на нивните лица и во нивните очи. Луѓето македонци од сите краеви на Дизелдорф се сплотија во едно, се сплотија во Христа. По тоа се гледаше дека тие се навистина Христови ученици, бидејќи имаа љубов помеѓу себе, а нивната жед за Христа и Неговото слово личеше по тоа што како сува земја ги апсорбираа сите зборови кои ги напојуваа нивните души. Сите тие беа горди, што не само тие, а и нивните деца нема да го изгубат она кое нивните претци не го изгубиле во долгите години поминати во ропство и го запазувало не само нивниот духовен, но и национален идентитет. Да го молиме Христа воскреснатиот да им дава сили да го продолжат она кое што го започнаа и од година на година нивното стадо да биде што помногубројно и помногубројно!
ХРИСТОС ВОСКРЕСНА – НАВИСТИНА ВОСКРЕСНА!!!
По Литургијата
Г-ѓа Билјана Владичева, претставник на македонскиот конзулат во Бон, и голем поддржувач на МПЦ-ОА на просторите во Германија. Бидејќи многу години во Дизелдорф немало богослужби, дојде да присуствува на Божествената Литургија.
Со почит и смирение, о. Дарко Милев
15-ти април 2015 год.