Свети Јован Шангајски и Сан-Франциски - РАДОСТ НА СИТЕ НАЖАЛЕНИ
„Отец Јован нѐ сакаше сите нас, а и ние него. Во нашите очи тој беше овоплотување на сите христијански добродетели: кроток, спокоен, смирен. Не наоѓавме никаква мана кај него, а многу бргу се привикнавме и на неговиот начин на зборување. Ни стана толку близок што кон него се однесувавме како кон постар брат, кој сите го сакаат и почитуваат“, сведочат неговите ученици.